You are currently viewing Golden Beach 3* Метаморфози 2024

Golden Beach 3* Метаморфози 2024

Хотел ГОЛДЕН БИЧ е лоциран во центарот и на 20 метри од песочната плажата во Метаморфозис. Опколен е со боровата шума од едната, а море од другата страна со што е совршен склоп за релаксирање и одмор. Хотелот располага со 47 соби: 1/3 ”Economy” собите се наоѓаат на приземје и немаат поглед кон море (брачен + eдинечен кревет), 1/3 “Standard” собите се наоѓаат на кат и имаат страничен или директен поглед кон море (брачен + единечен кревет), 1/4 ”Family Standard” собите се наоѓаат на кат со поглед на море или базен (брачен + 2 единечни кревети во иста соба) и 1/4 ”Family Suite” собите се со страничен или директен поглед кон море (брачен + 2 единечни кревети во различна соба) и 1/5 Family Apartman со директен поглед кон море (брачен + 1 единечен и 2 единечни кревети во различна соба) . Секоја соба има балкон и е опремена со: фрижидер, клима уред (вклучен во цената), Wi-Fi, сат. ТВ и тоалет. Хотелот има главен ресторан, бар, базен со чадори и лежалки кои се бесплатни за користење од страна на гостите, детско катче и сопствена плажа со бич бар кој е со доплата. Хотелот е на услуга ПОЛУПАНСИОН !

  • Појадок 08:00-10:00ч. на база шведска масa;
  • Вечера 18:30-21:00ч. на база шведска маса;

ПОПУСТИ:

Попустот за рана уплата од 10% важи до 31.12.2023;
За резервација е потребен мин. 50% аванс, остатокот треба да биде доплатен најдоцна до 15.03.2024

ЦЕНОВНИК :

 

Цените се во евра, уплата се врши во денарска противвредност по курс 1€ = 62мкд

При резервации се уплаќа аванс од 30% од вредноста на аранжманот, а остатокот по потврдувањето на резервацијата, и тоа најдоцна до 15 дена пред реализацијата на аранжманот.

НАПОМЕНА:

– Цените во табелата се дадени по лице и се однесуваат за услуга ПОЛУПАНСИОН+ за 7 ноќевања;
– Прво дете во 1/3 ”Economy” или ”Standard” од 0 до 11,99 г. со двајца возрасни на редовно легло – БЕСПЛАТНО;
– Второ дете во 1/3 ”Standard” до 0 до 5,99 г. без легло – БЕСПЛАТНО
– Прво и второ дете во 1/4 ”Family” или ”Suite” од 0 до 11,99 г. со двајца возрасни на редовно легло – БЕСПЛАТНО
– Трето дете во 1/4 ”Family” или ”Suite” од 0 до 05,99 г. без легло – БЕСПЛАТНО
–  Прво, второ и трето дете во 1/5 Апартман’ од 0 до 11,99 г. со двајца возрасни на редовно легло – БЕСПЛАТНО
– Четврто дете во 1/5 Апартман од 0 до 5,99 г. без легло – БЕСПЛАТНО
– Трета, четврта и петта возрасна особа  над 12 години во 1/3 соба, 1/4 студио,1/4 и 1/5 апартман плаќаат по 60% од цената во табелата;
– Туристичка такса е 1.5 еур на ден по соба и се плаќа на лице место;
– Во цената на аранжманите вклучено е користењето на клима уредот;
– Бесплатно користење на Wi-Fi интернет во склоп на хотелот и во соба;
– Сместување во собите е по 15:00 по локално време а напуштање е до 10:00 по локално време;
– За уплатени два последователни термини (7+7 ноќевања) одобруваме вкупен попуст од 5% (попустите не се комбинираат со актуелните промоции);

Цената на превозот на релација Скопје – Халкидики – Скопје изнесува:

  • возрасни: 45 €
  • деца од 2 до 12 години: 35 €
  • деца до 2 години: БЕСПЛАТНО (не користи седиште во автобус);

Приговори и поплаки:

  • Во случај на неадекватно сместување или било кој друг проблем, се молат патниците за тоа веднаш да го известат одговорното лице на (представникот). Доколку проблемот не биде решен, веднаш треба за истиот да се извести ОРГАНИЗАТОРОТ НА ПАТУВАЊЕТО и уплатното место каде сте склучиле Договор за патување, за време на првиот ден од сместувањето и почетокот на ова програма. Напоменуваме дека рекламации за кои агенцијата ќе дознае на последниот ден од престојот или по враќањето на патниците, истите нема да бидат земени во предвид или разгледани.
  • Ве молиме во случај на било каков инцидент (кражба, тепачка, сообраќајна незгода….), да се обратите на надлежните инситуции во земјата на престојот. Организаторот на патувањето единствено е задолжен да Ви помогне при посредување меѓу вас и надлежните институции
  • Составен дел од оваа програма се Општите услови на патување на организаторот на патувањето. За сите информации дадени усмено, агенцијата не сноси одговорност. Ве молиме внимателно да ги прочитате условите на патување кои се составен дел од овој програм.

Важат Општите услови на СКТМ и Т.А. С-ТРАВЕЛ