You are currently viewing БУДВАНСКИ КАРНЕВАЛ ЗА ПРВИ МАЈ

БУДВАНСКИ КАРНЕВАЛ ЗА ПРВИ МАЈ

30.04.2026  Собир на групата во 22:00 часот на спортска сала Битола. Планирно поаѓање околу 22:30 часот.. Ноќно возење со попатни паузи и царински формалности. Точни сатници се одредуваат два дена пред поаѓање заради организација на пријавени патници од повеќе градови. Агенцијата е должна да ги извести патниците за место и време на поаѓање.

01.05.2026 – Пристигнување во Будва во утринските часови. Сместување во апартмани или хотел. За Први мај е најубавата пролетна манифестација во Будва под слоганот БУДВА ВО СРЦЕТО која претставува програма која ја спојува традицијата, забавата и музиката за првомајските празници со преку стотина маскирани учесници со шарени маски, костими и дефиле низ Стариот град Будва е една од најбараните дестинации.. Слободно индивидуално време за уживање и прошетки.. Ноќевање.

02.05.2026 – Факултативен излет до Дубровник со вклучен траект на заливот Бока Которска. Пристигнување во Дубровник разглед на градот со локален водич, прошетки низ Стариот град Дубровник, Страдун, Тврдината итн… Дубровник е една од најпопуларните хрватски дестинации за туристите. Туристите од целиот свет доаѓаат да ја почувствуваат историјата на стариот град Дубровник и неговите ѕидини. Ѕидините се градени неколку векови, паралелно со развивањето на градот како трговска велесила. Тогашната Република Дубровник била принудена да изгради огромни ѕидини околу градот за полесно да се одбрани од напади…Слободно време за индивидуални прошетки. Во договорено време со водичот враќање за Будва, во вечерните часови присуство на музичката манифестација во срцето на Будва. Ноќевање.

03.05.2026

Факултативна посета на градовите КОТОР и ТИВАТ. Се упатуваме према Котор, разглед на еден од најубавите градови на Црногорското приморје, прошетки во стариот дел од градот. Околу 2 сати ќе бидеме во Котор па во договореното време групата се упатува кон пристанишниот град кој многумина го споредуват со Монако, градот Тиват место каде што ужива и одмара светскио џет-сет.

Во договорено време состанок со групата и поаѓање кон Македонија. Денско и ноќно возење со попатни одмори и царински формалности. Пристигнување во вечерните  часови.

НАПОМЕНА!! Патниците кои нема да доаѓаат на факултативната посета во КОТОР, остануваат во БУДВА и ќе бидат информирани од водичите за време и место на поаѓање од БУДВА.

Во договорено време поаѓање према Македонија. Пристигнување во вечерните часови.

Промо цена од 119 ЕУ – 2 ноќевања со појадок во хотелРедовна цена 139 ЕУ

Промо цена од 95 ЕУ – 2 ноќевања во апартмани без оброциРедовна цена 125 ЕУ


цена за деца до 10 г. со присуство на двајца возрасни во соба – 15 еу од цената на аранжманот

Во цената е вклучено:

  • Превоз на наведената релација
  • 2 ноќевања – апартманско или хотелско (3*) сместување
  • Организација и водство на патувањето
  • Лиценциран пратител на групата за време на целото патување

Во цената не се вклучени факултативните излети – ПАТНИЦИТЕ бираат минимум една факултатива на промо цената:

ДУБРОВНИК (со локален водич и слушалки) и  вклучен траект на заливот Бока Которска – 45 еу,

КОТОР И ТИВАТ – 25 еу (вклучен превоз со автобус)

Патничко осигурување – информации во агенција

  • Задолжителна туристичка такса 2 еу по ден по лице – се плаќа во автобус

НАПОМЕНИ ЗА РАСПОРЕД НА СЕДЕЊЕ ВО АВТОБУС:

Со потпишување на договорот за патување, патникот е должен да го прифати местото во автобус кое ќе му го додели агенцијата. Дополнителни промени не е можни. Агенцијата го прави распоредот на седење, земајќи ги во предвид постарите лица, семејствата со мали деца, трудници, како и периодот на уплатата. Ако патникот сака да резервира одредено седиште, при уплатата во агенцијата може да доплати 10 евра по лице и да бира седиште (освен првиот ред, кој е резервиран за персоналот)

Важно

  • За реализација на овој аранжман, потребен е минимум од 40 патнициво спротивно, крајниот рок за известување околу евентуален отказ на аранжманот е најкасно 5 дена пред датумот на поаѓање. Организаторот на патувањето го задржува правото за измена на редоследот на поедини содржини во програмата
  • Патувањето може да биде со валидна лична карта (За влез во Црна Гора) или пасош со важност најмалце три месеци пред истек ( за патници кои доаѓаат на факултатива во Хрватска)
  • Доколку дојде до непредвидена „виша сила“ за нереализирање на патувањето, поради новонастанати ситуации кои агенцијата не можела да ги предвиди, уплатените средства ќе бидат вратени на клиентот.
  • Доколку патувањето се реализира според планираното и нема никакви пречки за негова реализација, а дојде до откажување од страна на патникот, тогаш откажувањето ќе се реализира во согласност со општите услови за патување.
  • Агенцијата е должна до два дена пред тргнување да ги извести патниците за часот и местото на тргнување.
  • Должината на слободното време за индивидуални активности за време на програмата зависи од објективните околности.
  • Агенцијата не учествува во организацијата на слободното време на патниците на местото.
  • Доколку дојде до одредена штета или непредвидени трошоци поради непочитување на упаствата и напомените, организаторот на патувањето не сносува одговорност, туку целокупниот износ на штетата ги сносува патникот.
  • ВАЖНО: Малолетните деца кои патуваат без еден родител потребно е да имаат согласност од вториот родител за поминување на граница или ако патуваат без родителите, мора да има заверена согласнот од двата родитела и да се во придружба на пратител при преминувањето на границата.
  • Организаторот на патувањето го задржува правото преку акција или last minute понуда да ги продаде слободните капацитети по друга цена од претходната.

Важат Општите услови на НАТА и Т.А. С-ТРАВЕЛ