Првомајски Викенд во Лептокарија
Олимписка Ривиера
Сместена под падините на Олимп, Лептокарија е идеално место за краток одмор покрај море, со прекрасни плажи, чисто Егејско море и опуштена атмосфера.
Сместувањето е во Hotel Akrotalassia 3★, со одлична локација во близина на плажа и центар, што овозможува пријатен и безгрижен престој.
Програма
01.05.2026 (Петок) Собир на групата пред Дрводекор во Скопје во 04:00 часот наутро, по што следува поаѓање кон Грција. Патувањето се одвива со попатно приклучување на патници од Велес, Штип, Прилеп и Битола, со паузи за одмор и освежување. Се продолжува преку граничниот премин Меџитлија и пристигнување во Лептокарија во претпладневните часови. Сместување во хотел и слободно попладне за плажа, прошетка или уживање покрај море. Во вечерните часови следува вечера (за полупансион) и ноќевање.
02.05.2026 (Сабота) Појадок и слободен ден за индивидуални активности, одмор и уживање на плажа. Факултативна посета на Литохоро (10 € по лице): живописно гратче сместено во подножјето на Олимп, познато по традиционалната архитектура, тесните улички и локалната кујна. Одлична можност за прошетка, кафе или ручек во автентични таверни. По посетата, враќање во Лептокарија. Вечера (за полупансион) и ноќевање.
03.05.2026 (Недела) Појадок и одјавување од хотелот, по што следува поаѓање кон Македонија. Попатно е предвидена посета на Едеса – Водопади (Воден), каде што патниците ќе имаат слободно време за прошетка, кафе и фотографии во прекрасен природен амбиент. Во попладневните часови продолжување кон Македонија и враќање во Скопје со попатни застанувања во Битола, Прилеп, Велес и Штип.
Цена по лице – пакет аранжман со вклучен превоз
Полупансион (појадок + вечера) – 129 €
Ноќевање со појадок – 115 €
Сопствен превоз / -10 € попуст
Во цената е вклучено:
- Превоз со туристички автобус
- сместување во Hotel Akrotalassia 3★
- Ноќевање со појадок или Ноќевање со појадок и вечера
- Пратител за време на целото патување
Во цената не е вклучено:
- Патничко осигурување
- туристичка такса доплата на лице место при Check In
- Факултативна посета на Литохоро 10 еуро по лице ( за деца до 11,99 год Бесплатно)- минимум пријавени 25 платежни патници за реализација на оваа факултатива
НАПОМЕНИ:
- За single соба се доплаќа дополнителни 90 евра
- Патување со Сопствен превоз -10 Евра по лице
- Дете до 5,99 со двајца возрасни плаќа само превоз 40 Евра по лице
- Деца од 6 до 11,99 со двајца возрасни имаат 30 % попуст
- Деца од 0 до 1,99 години Бесплатно во автобус и Хотел
- За реализација на аранжманот потребен е миниум од 40 патници во спротивно организаторот може да ја откаже турата до пет дена пред тргнувањето
- За резервација задолжителна е уплата од 30% од вкупната сума и доплата најдоцна 10 дена пред поаѓање
- За ова патување потребен е валиден биометриски пасош со важност мин. 3 месеци од денот на патувањето
- Доколку патникот сака да резервира одредено седиште, при уплатата во агенцијата може да доплати 10 евра по лице и да бира седиште (освен првиот ред, кој е резервиран за персоналот)
- Патниците се должни за цело време траење на патувањето да внимаваат на својата безбедност и на безбедноста на цела група и да ги почитуваат правилата и препораките дадени од страна на водичот.
- Во случај на недоволен број на патници/промена на работни саати на локалот којшто е предвиден да се посетува организаторот смее да направи промена или отказ на факултативите на лице место