You are currently viewing Вила Акис-Олимпик Бич 2025

Вила Акис Олимпик Бич 2025

ОПИС:

Вила Akis се наоѓа на самата пешачка зона во Олимпик Бич и на 20m од плажа. Вилата располага со 1/2 студија, 1/2+1 студија со две редовни и едно дополнително легло, како и дуплекс апартмани со две одделни спални и голема дневна соба во која има петосед на расклопување. Секое студио е комплетно опремено со: кујна (со комплетен прибор за онолку лица према број на легла + аспиратор, фрижидер…), тоалет,огледало, туш, фен за тело, балкон (масичка со столчиња) со страничен поглед кон море/плажа, клима, ТV-LCD , гардеробер, сушара. На располагање на гостите е бесплатен интернет. Студијата и апартманите се на први и втори кат и имаат просторни тераси со поглед кон плажа/море и пешачката зона.

ПОПУСТИ:

     15% попуст за резервации до 01.02.25  

    10% попуст за резервации до 01.03.25

ЦЕНОВНИК:

Цена за НАЕМ на студио/апартман за 8 дена 7 ноќевања и вонсезонски цени по лице со превоз

Период Ноќи 1/2студио 1/2+1 студио Дуплекс апп 3+2  
21.05-28.05.2025 7 95€ 100€ 75€ по лице со превоз
28.05-04.06.2025 7 105€ 115€ 85 по лице со превоз
04.06-11.06.2025 7 125€ 135€ 105 по лице со превоз
11.06-18.06.2025 7 145€ 155€ 115 по лице со превоз
18.06-25.06.2025 7 165€ 175€ 135 по лице со превоз
25.06-02.07.2025 7 185€ 195€ 155 по лице со превоз
02.07-09.07.2025 7 375€ 405€ 555 по студио/апп
09.07-16.07.2025 7 405€ 435€ 595 по студио/апп
16.07-23.07.2025 7 425€ 465€ 665 по студио/апп
23.07-30.07.2025 7 425€ 465€ 665 по студио/апп
30.07-06.08.2025 7 425€ 465€ 665 по студио/апп
06.08-13.08.2025 7 425€ 465€ 665 по студио/апп
13.08-20.08.2025 7 425€ 465€ 665 по студио/апп
20.08-27.08.2025 7 395€ 435€ 625 по студио/апп
27.08-03.09.2025 7 365€ 395€ 585 по студио/апп
03.09-10.09.2025 7 205€ 225€ 165 по лице со превоз
10.09-17.09.2025 7 165€ 185€ 135 по лице со превоз
17.09-24.09.2025 7 135€ 145€ 105€ по лице со превоз
24.09-31.09.2025 7 105€ 115€ 85€ по лице со превоз

Цени во € се плаќа во денари 1€ = 62 денари

GPS Coordinates: 40°14’17.9″N 22°35’11.8″E   |   40.238294, 22.586621

Во цената е вклучено:

  •  Цените означени со портокалово се по лице за 7 ноќи/8 дена со вклучен превоз | 3-то лице во студио, 5-то и 6-то лице во апартман – БЕСПЛАТНО сместување;
  • Останатите се цени за 7 ноќи/8 дена наем на цело студио/апартман без вклучен превоз;

Во цената не е вклучено: 

  • Превоз
  • патничко осигурување
  • паркинг
  • туристичка такса на 2  на ден во агенција
  • Доплата за клима – 7€ од ден;

СЛИКИ:

ПРЕВОЗ:

  • Превоз од: Штип / Скопје / Куманово / Велес / Неготино / Гевгелија;
  • Автобусот ги остава/зема патниците на околу 200m од вилата на автобуската постројка.
  • Доплата за превоз: 50€ за возрасни / 40€ за деца до 12 год. Деца до 2 год. – бесплатно (без седиште);

ОСТАНАТИ УСЛОВИ И ПОПУСТИ:

  • При резервација задолжителна уплата на аконтација од 30%, во случај на откажување, уплатената аконтација не се враќа;
  • За уплата на два последователни термини (еден по друг), одобруваме 5% попуст на вториот термин;
  • Во студио, плаќаат минимум 2 лица | 3-то лице се сместува БЕСПЛАТНО, плаќа само превоз;
  • Во дуплекс апартман со две одделни спални, плаќаат минимум 4 лица | 5-то и 6-то лице се сместуваат БЕСПЛАТНО, плаќаат само превоз;
  • Во студио/апартман, дозволено е сместување на лица согласно со предвидениот капацитет, т.е. број на легла. Преку дозволениот број може да се смести максимум едно дете до 6 години во кревет со двајца возрасни – БЕСПЛАТНО;
  • Поради генерално чистење на студијата/апартманите после секоја смена, истите се напуштаат во 10:00 часот, а се добиваат околу 14:00 часот;
  • Хигиената си ја одржуваат самите клиенти за време на престојот;
  • Еarly Booking попустите НЕ се комбинираат со други попусти и НE важат за првиот и последниот термин.

ОТКАЗ НА РЕЗЕРВАЦИИ:

За отказ на резервација важат опшите услови , односно:

  • за отказ до 30 дена пред патувањето се задржува 30% од сумата.
  • за отказ 29 до 15 дена пред патувањето се задржува 50% од сумата.
  • за отказ 14 до 5 дена пред патувањето се задржува 80% од сумата.
  • за отказ 5-0 дена пред патувањето се задржува 100% од сумата.
  • Доколку патникот се откажува од аранжманот пред почетокот на патувањето, поради причини кои не можел да ги предвиди, избегне или отстрани (болест, повреда или смрт во потесното семејство, елементарна непогода или слично), а врз основа на важечка потврда од надлежните органи, во тој случај не ги плаќа отказните трошоци по наведената скала, туку само реалните трошоци произлезени од откажувањето на аранжманот, за кои организаторот е обврзан да ги плати на крајниот давател на услугата, без право на рефундација
  • Доколку патникот се откажува од аранжманот по почетокот на патувањето (за време на патување или за време на престој во местото на патување), поради настани кои се резулатат на влијание на “виша сила” (воени настани, терористички акти, елементарни непогоди, сообраќајни незгоди или слично), кои ниту патникот ниту организаторот не можел да ги предвиди, избегне или отстрани, организаторот не носи одговорност ниту има обврска за поврат на средства за нереализирани услуги, освен доколку крајниот давател на услугите прифати и изврши рефундација на истите.

ПРИГОВОРИ И ПОПЛАКИ:

  • Во случај на неадекватно сместување или било кој друг проблем, се молат патниците за тоа веднаш да го известат одговорното лице на објектот или представникот. Доколку проблемот не биде решен, веднаш треба за истиот да се извести ОРГАНИЗАТОРОТ НА ПАТУВАЊЕТО и уплатното место каде сте склучиле Договор за патување, за време на првиот ден од сместувањето и почетокот на ова програма. Напоменуваме дека рекламации за кои агенцијата ќе дознае на последниот ден од престојот или по враќањето на патниците, истите нема да бидат земени во предвид или разгледани.
  • Ве молиме во случај на било каков инцидент (кражба, тепачка, сообраќајна незгода….), да се обратите на надлежните инситуции во земјата на престојот. Организаторот на патувањето единствено е задолжен да Ви помогне при посредување меѓу вас и надлежните институции
  • Составен дел од оваа програма се Општите услови на патување на организаторот на патувањето. За сите информации дадени усмено, агенцијата не сноси одговорност. Ве молиме внимателно да ги прочитате условите на патување кои се составен дел од овој програм. 

Важат Општите услови на СКТМ и Т.А. С-ТРАВЕЛ