You are currently viewing Вила Валентино – Лептокарија 2026 – САБОТА

Вила Валентио – Лептокарија 2026

ОПИС:

Лептокарија – туристичко место на брегот на Егејското море во Грција. Се наоѓа на 26км од градот Катерини, 80 км од Солун во подножјето на планината Олимп. Има долга и убава песочна плажа, многу продавници, таверни, кафулиња, ресторани,неколку дискотеки ……. Едно од најпопуларните места за летување на Македонските граѓани. Населението брои 4.225 жители.
Лептокарија (или село од лешник се смета за едно од најубавите одморалишта во Грција.             
Шеталиштето, топлото море и прекрасната песочна плажа се само дел од привлечностите на Лептокарија. Местото е идеално за семејства со деца, за оние кои сакаат вистински одмор, и за млади кои сакаат добра забава. Многу продавници, таверни, кафулиња, ресторани, бутици и летна врева се печат на Лептокарија. Местото има многу игралишта, забавни паркови, како и огромен парк со детски активности, ….

Секоја вечер кружат два воза низ Лептокарија, кои по релативно ниски цени ги носат туристите на обиколка. Главната улица е исто така главното шеталиштето каде има многу кафулиња, ресторани. За оние кои бараат и забава, има дискотеки и барови покрај плажата. Цените се многу пониски од другите одморалишта.
Кафулињата и рестораните ги нудат своите специјалитети по многу пониски цени. Сепак најевтин е пазарниот ден во вторник, каде освен свежо овошје и зеленчук….
Добра патна мрежа, ја поврзува Лептокарија со сите околни места што можете да ги посетите.  Местото има сè што му треба на еден град. Лептокарија е едно од ретките одморалишта каде можете да консумирате вода од чешма. Интересно е што ноќе нема горштини како во други места бидејќи има влијание планината Олимп.
Градската плажа е долга околу 5 км и има Сино знаме, што зборува за чистотата и квалитетот на водата.
Со нарачан пијалок во кое било од многуте кафулиња, туристите добиваат чадор и лежалка. 

Вила ВАЛЕНТИНО  е сместена во централниот дел на Лептокарија, во близина на градскиот парк и плоштадот, на околу 600 м од плажа (приближно 8 минути пешачење). Локацијата е идеална за гости кои сакаат брз пристап до сите содржини во центарот.

Check in:      14:00h.
Check out:    
09:00h.

Важна Напомена:  Гостите се сместуваат во исчистена соба, во текот на сместувањето сами се грижат за хигиената Секоја штета напрвена од страна на гостинот се плака на лице место. За брзината на интернетот не гарантира агенцијата.

ВО БЛИЗИНА:

GPS   https://maps.app.goo.gl/QgoSuGqDXHTXvU7K8
40.060392, 22.562250
Al. Papagou, Leptokarya 600 63, Greece

СЛИКИ:

ПОПУСТИ:

-20% ПОПУСТ ЗА РЕЗЕРВАЦИИ НАПРАВЕНИ ДО 14.04.2026, СО 100% УПЛАТА
-10%  ПОПУСТ ЗА РЕЗЕРВАЦИИ НАПРАВЕНИ ДО 04.05.2026, СО 100% УПЛАТА ДО 10.05.2026

ЦЕНОВНИК:

Цена за НАЕМ на студио/апартман за 8 дена 7 ноќевања

Термин 1/3 стд 1/4 стд Забелешка
23.05-30.05.2026 79 99 Промо
30.05-06.06.2026 109 129 Промо
06.06-13.06.2026 169 € 199 €  
13.06-20.06.2026 199 € 229 €  
20.06-27.06.2026 249 € 269 €  
27.06-04.07.2026 289 € 309 €  
04.07-11.07.2026 329 € 359 €  
11.07-18.07.2026 379 € 419 €  
18.07-25.07.2026 379 € 419€  
25.07-01.08.2026 379 € 419 €  
01.08-08.08.2026 379 € 419 €  
08.08-15.08.2026 379 € 419 €  
15.08-22.08.2026 379 € 419 €  
22.08-29.08.2026 329 € 359 €  
29.08-05.09.2026 279 € 309 €  
05.09-12.09.2026 219 € 239 €  
12.09-19.09.2026 159 179 Промо
19.09-26.09.2026 119 €  139 €  Промо

Цени во € се плаќа во денари 1€ = 62 денари

Во ценате е вклучено:

  • Кујна со прибор за готвење и јадење (соодветно на бројот на кревети)
  • Сопствен тоалет
  • ТВ
  • Интернет (за брзината и квалитетот не гарантира агенцијата)
  • Клима уред
  • Крпи (само за внатрешна употреба)
  • Бокал за топла вода

Во ценате НЕ е вклучено:

  • Превоз
  • Патничко осигурување
  • Паркинг
  • Туристичка такса 2,00 € на ден за соба (се плаќа во агенција)

Важно да знаете

  • Понудата важи за ограничен број студија во претпродажба; може да биде повлечена без најава.
  • Интернетот во објектот – без гаранција за брзина/квалитет.
  • Цените се за наем на студио за 7 ноќевања (без превоз).
  • Плаќање во денарска противвредност (1€ = 62 ден.).
  • Туристичка такса: 2€ по соба/ден – се плаќа во агенција.
  • За патници со автобуски превоз:
  • куфер до 23 кг + рачна торба до 6 кг
  • доплата за дополнителен багаж: 20€ во автобус доколку има расположливо место
  • секој куфер мора да има налепница од водичот

ПРЕВОЗ:

Повратен превоз до Лептокарија чини:

ЦЕНА ЗА ПРЕВОЗ од Скопје за Пиериа:

  • -Скопје (Дрводекор) – 50€ по лице
  • -Штип (паркинг пред пошта) – Трансфер до Велес – 60€ по лице
  • -Велес (бензинска пумпа Мотел Македонија) – 50€ по лице
  • -Неготино (бензинска пумпа, Неготино) – 50€ по лице
  • -Граничен премин(бензинска пумпа Шимов) – 50€ по лице

ЦЕНА ЗА ПРЕВОЗ од Битола за Пиериа: 

  • -Битола Автобуска станица Транскоп – на перон – 45€ по лице
  • -Прилеп (бензинска пумпа Салида) – Трансфер до Битола  – 45€
  • -Струга (Хотел Дрим)- Трансфер до Битола – 55€ по лице
  • -Охрид (бензинска пумпа Лук Оил излез за Битола) – Трансфер до Битола -55€ по лице
  • -Ресен (спроти автобуска станица) – Трансфер до Битола -55€ по лице

Релациите кои се наведени како (трансфер) се реализираат со патнички возила или комбe.

  • – Деца од 2 до 11,99 години: Попуст 10еур
  • – Деца до 1,99 години бесплатно

Го  задржува правото за промена на цената на автобускиот превоз во случај на промена на цената на горивото

Време на поаѓање превоз од Скопје за Паралиа ( секоја Сабота )

  • -03:40 h Штип (паркинг пред пошта) Трансфер до Велес
  • -04:00 h Скопје (Дрводекор)
  • -04:30 h Велес (бензинска пумпа Мотел Македонија)
  • -05:00 h Неготино (бензинска пумпа, Неготино)
  • -06:00 h Граничен премин(бензинска пумпа Шимов)

Време на поаѓање превоз од Битола за Паралија:

  • -04:00 h Битола (автобуска станица Транскоп на перон )
  • -03:15 h Прилеп (бензинска пумпа Салида) -Трансфер до Битола
  • -02.15 h Струга (Хотел Дрим)-Трансфер до Битола
  • -02:30 h Охрид (бензинска пумпа Лук Оил излез за Битола) – Трансфер до Битола
  • -03.15 h Ресен (спроти автобуска станица)-Трансфер до Битола

Поаѓање од Грција: 

14:00 h локално време, ( 13:00 h мак.време) Лептокарија

ОСТАНАТИ УСЛОВИ И ПОПУСТИ:  

  • За уплата на два или повеќе последователни термини одобруваме 10% попуст на вториот термин,
  • Попустите не може да се комбинираат,
  • Организаторот го задржува правото да ги продава своите капацитети преку понудата LAST MINUTE по цени кои се различни од оние во ценовникот. Страните кои платиле за аранжманот по цените објавени во овој ценовник немаат право да бараат надомест за разликата во цената.
  • На промо цените НЕ следува попуст за рана резервација и 2 последователни термина.
  • Патниците слегуваат на најблиската локација до сметувањето каде може да се паркира автобус,
  • При сместувањето влегувате во чисти соби, но за време на престојот сами се грижите за хигиената.По завршување на Вашето летување, должни сте апартманот да го оставите во пристојна(чиста) состојба.
  • Во случај на причинета штета за време на престојот,корисникот на апартманот ја надоместува штетата на сопственикот на вилата на лице место
  • Секој патник има право на превоз на 1 парче багаж до 23 кг и 1 парче рачен багаж.
  • Препорачуваме патничко осигурување (информации во агенцијата),
  • Минимум 1 ден пред секое поаѓање Ве замолуваме да се информирате во Агенција.
  • Ги замолуваме патниците да бидат на местата за поаѓање 15 минути пред поаѓањето.
  • Поради густиот сообраќај во текот на летната сеозна можни се определени доцнења за кои однапред се извинуваме.
  • Агенцијата, распоредот на седење во автобус го прави 2 дена пред датумот на поаѓање.Кога патникот уплаќа превоз, тоа значи дека има обезбедено седиште во превозното средство, а доколку сака да резервира одредено седиште, тоа може да го направи со доплата од 10 евра по лице. Првиот ред на седишта е резервиран за персоналот.

ОТКАЗ НА РЕЗЕРВАЦИИ:

За отказ на резервација важат опшите услови , односно:

  • за отказ до 30 дена пред патувањето се задржува 30% од сумата.
  • за отказ 29 до 15 дена пред патувањето се задржува 50% од сумата.
  • за отказ 14 до 5 дена пред патувањето се задржува 80% од сумата.
  • за отказ 5-0 дена пред патувањето се задржува 100% од сумата.
  • Доколку патникот се откажува од аранжманот пред почетокот на патувањето, поради причини кои не можел да ги предвиди, избегне или отстрани (болест, повреда или смрт во потесното семејство, елементарна непогода или слично), а врз основа на важечка потврда од надлежните органи, во тој случај не ги плаќа отказните трошоци по наведената скала, туку само реалните трошоци произлезени од откажувањето на аранжманот, за кои организаторот е обврзан да ги плати на крајниот давател на услугата, без право на рефундација
  • Доколку патникот се откажува од аранжманот по почетокот на патувањето (за време на патување или за време на престој во местото на патување), поради настани кои се резулатат на влијание на “виша сила” (воени настани, терористички акти, елементарни непогоди, сообраќајни незгоди или слично), кои ниту патникот ниту организаторот не можел да ги предвиди, избегне или отстрани, организаторот не носи одговорност ниту има обврска за поврат на средства за нереализирани услуги, освен доколку крајниот давател на услугите прифати и изврши рефундација на истите.

 ПРИГОВОРИ И ПОПЛАКИ:

  • Во случај на неадекватно сместување или било кој друг проблем, се молат патниците за тоа веднаш да го известат одговорното лице на објектот или представникот. Доколку проблемот не биде решен, веднаш треба за истиот да се извести ОРГАНИЗАТОРОТ НА ПАТУВАЊЕТО и уплатното место каде сте склучиле Договор за патување, за време на првиот ден од сместувањето и почетокот на ова програма. Напоменуваме дека рекламации за кои агенцијата ќе дознае на последниот ден од престојот или по враќањето на патниците, истите нема да бидат земени во предвид или разгледани.
  • Ве молиме во случај на било каков инцидент (кражба, тепачка, сообраќајна незгода….), да се обратите на надлежните инситуции во земјата на престојот. Организаторот на патувањето единствено е задолжен да Ви помогне при посредување меѓу вас и надлежните институции
  • Составен дел од оваа програма се Општите услови на патување на организаторот на патувањето. За сите информации дадени усмено, агенцијата не сноси одговорност. Ве молиме внимателно да ги прочитате условите на патување кои се составен дел од овој програм. 

Важат Општите услови на СКТМ и НАТАМ