Алкмене Студиос – Скијатос
Опис
Дефинитивно Скијатос е еден од најубавите острови во Егејското Море. Бродските тури околу Скијатос, како и оние што одат до соседниот остров Скопелос, ќе Ви овозможат да го истражите и доживеете овој осторв во целост. Плажата Лаларија нека биде прва на листата од места кои мора да ги посетите. Најголем дел од брегот во должина од 44 километри е прекриен со раскошни плажи.
Британскиот весник Тајмс неодамна ја објави својата листа на „15 најдобри грчки острови за посета во 2024 година“, на која Скијатос го обезбеди првото место со своите плажи што мора да се посетат.
Alkmene Studios се наоѓаат на само неколку метри од главната улица Пападијаманти на Скијатос. До пристаништето на Скијатос се одалечени на 5 минути пешачење, а најблиската плажа е на 200 метри. Автобуската станица до другите плажи на островот е на 100 метри. Собите се ново реновирани и целосно опремени. Имаат сопствена бања, кујна, фрижидер, клима уред.
Локација од сместувањето: 39°09’53.9″N 23°29’07.9″E
Ценовник 2026
| ТЕРМИН | ЦЕНА ПО ЛИЦЕ |
| 21.05.2026-28.05.2026 | 132 |
| 28.05.2026-04.06.2026 | 150 |
| 04.06.2026-11.06.2026 | 174 |
| 11.06.2026-18.06.2026 | 198 |
| 18.06.2026-25.06.2026 | 222 |
| 25.06.2026-02.07.2026 | 239 |
| 02.07.2026-09.07.2026 | 263 |
| 09.07.2026-16.07.2026 | 299 |
| 16.07.2026-23.07.2026 | 299 |
| 23.07.2026-30.07.2026 | 299 |
| 30.07.2026-06.08.2026 | 299 |
| 06.08.2026-13.08.2026 | 299 |
| 13.08.2026-20.08.2026 | 299 |
| 20.08.2026-27.08.2026 | 299 |
| 27.08.2026-03.09.2026 | 239 |
| 03.09.2026-10.09.2026 | 215 |
| 10.09.2026-17.09.2026 | 179 |
| 17.09.2026-24.09.2026 | 155 |
| 24.09.2026-01.10.2026 | 131 |
Што е вклучено во цената
- 7 ноќевања – 8 дена во вила Alkmene Studios (цени по лице)
- Автобуски превоз на релација Скопје,Велес,Неготино и Гевгелија
- Туристички пратител за време на патувањето
- Претставник од агенција за време на престојот
Што не е вклучено во цената
- Дополнителeлни 46€ се доплаќаат задолжително за билет за траект на релација Волос-Скијатос -Волос во самиот автобус
- Патничко осигурување
- Факултативни излети
- Користење на клима (не е задолжително) 7 евра од ден, се плаќа на лице место при пристигнувањето
- Доплата за туристичка такса, 14 евра од студио или апартман за 7 ноќи ( задолжително ) плаќате кај газдите на вилите
СЛИКИ
План и програма
- Термините за лето 2026 на Скијатос се од четврток до четврток, поаѓање секоја среда навечер
- Првиот термин започнува од 21 Мај, а последниот термин завршува на 01 Октомври.
- Поаѓањето е секоја среда навечер. Ноќно возење со попатни паузи и царински формалности.
- Нашиот туристички придружник се грижи патниците да се сместат на траект кој сообраќа на релација Волос-Скијатос-Волос.
- Пристигнување на Скијатос во утринските часови.
- Сместување после 14:00 часот по локално грчко време.
- Поаѓање за Македонија секој четврток.
Факултативни излети
Kрстарење до Lalaria beach и Островот Skopelos
Цена за пакет: Ценaта на излетот ќе биде објавена пред почетокот на летото
Во групата на најубави плажи на Скијатос, за некои и најубава. Оваа плажа е како рај на земјата, ремек-дело на природата. Недопрена природа, бели камчиња, тиркизно море, мирно и неурбанизирано место, место кое чека да го посетите и малку ќе ви биде времето таму за да се насладите на целата таа убавина. Оваа плажа е достапна само со бротче, кое ќе ве однесе и до средновековниот замок. Исто така се посетува и островот Skopelos како и црквата Agios Ioannis позната по иконата св. Јован. Исто така на ова место како и островот Skopleos се снимени доста сцени од мјузиклот Mama Mia. Крстарење кое претставува целодневно уживање.