БЕЛГРАД – НОВИ САД
( ПАЛИЌ – СУБОТИЦА )
1 ден 05.03.2026 ( ЧЕТВРТОК) Состанок на групата во 23:00 часот и поаѓање за Србија преку г.п. Табановце со попатни паузи и царински формалности.
2 ден 06.03.2026 (ПЕТОК) Пристигнување во Белград во раните утрински часови. Средба со локален водич и панорамски разглед на градот и пешачка тура: црква „Свети Сава“, тврдина Калемегдан, главната пешачка улица „Кнез Михаилова“. Можност за факултативно крстарење по Сава и Дунав. Сместување во хотел. Ноќевање.
3 ден 07.03.2026 (САБОТА) Појадок. Во утринските часови тргнување за Нови Сад. Средба со локален водич, разглед на градот: Петроварадинската тврдина, улицата на Јован Ј. Змај, „Дунавската улица“ – пешачка трговска зона, Градското собрание. Слободно време во центарот на Нови Сад. Сместување во хотел. Ноќевање.
4 ден 08.03.2026 (НЕДЕЛА) Појадок. По појадокот одјавување од хотелот. Факултативна посета на Суботица и разглед на градот со локален водич. Слободно време во центарот на Суботица. Оттаму посета на Палиќ и Паличкотото Езеро. Тргнување за Македонија во попладневните часови.
ПРОМО ЦЕНА 129 евра до 05.02.2026 / 139 евра до 12.02.2026
РЕДОВНА ЦЕНА: 159 евра
Во цената е вклучено:
– 1 ноќевање со доручек во Белград
– 1 ноќевање со доручек во Нови Сад
– Превоз на дадената релација – организација и водство на групата
– Разглед на Белград и Нови Сад со локален водич
Во цената не е вклучено:
– Туристичка такса 4 евра за целиот престој
– Факултативно крстарење по Сава и Дунав 15 евра
– Факултативна посета во Палич и Суботица 40 евра
– Здравствено патничко осигурување
НАПОМЕНИ:
Доплата за еднокреветна соба 50 евра
За реализација на овој аранжман, потребен е минимум од 35 патници, во спротивно,
крајниот рок за известување околу евентуален отказ на аранжманот е најкасно 5 дена пред
датумот на поаѓање.
За деца од 3 – 12 години ( со 2 возрасни ) се плаќа 70% од сумата.
За деца со полни 12 години се плаќа цела сума.
Организаторот на патувањето го задржува правото за измена на редоследот на поедини
содржини во програмата.
Патувањето може да биде со валидна лична карта или пасош.
Доколку патувањето се реализира според планираното и нема никакви пречки за негова
реализација, а дојде до откажување од страна на патникот, тогаш откажувањето ќе се
реализира во согласност со општите услови за патување.