You are currently viewing Хотел RANAX 3* – Кумбургаз 2026

Хотел RANAX 3* – Кумбургаз

ОПИС:

На само еден час возење од Истанбул, во Општината Бујугчекмеџе се наоѓа Кумбургаз, едно од најпознатите летувалишта во Истанбул. Кумбургаз се наоѓа на европската страна на Истанбул, на брегот на мраморното море, и се протега на површина од 1892 хектари, и има крајбрежје долго 8 километри.

Кумбургаз е место каде што можете да најдете буквално се што е потребно за добар одмор и релаксација. Може да сретнете хотели со 3, 4 и 5*, ресторани и кафетерии на самото крајбрежје и да уживате во прекрасниот поглед на морето.
Местото Кумбургаз се наоѓа на обалата на Мраморното море и на само 60км од еден од најубавите градови на светот, Истанбул. Местото е идеално за одмор, релаксација благодарение на одличните хотели со врвна услуга, но пред се и песочните плажи долги 8км, бесплатните лежалки и се разбира морето!

ЦЕНОВНИК:

21-05-2026 ( 280евра) – 17 360ден
28-05-2026 (280евра) – 17 360ден
04-06-2026 (330евра) – 20 460ден
11-06-2026 (330евра) – 20 460ден
18-06-2026 (330евра) – 20 460ден
25-06-2026 (330евра) – 20 460ден
02-07-2026 (330евра) – 20 460ден
09-07-2026 (330евра) – 20 460ден
16-07-2026 (330евра) – 20 460ден
23-07-2026 (330евра) – 20 460ден
30-07-2026 (330евра) – 20 460ден
06-08-2026 (330евра) – 20 460ден
13-08-2026 (330евра) – 20 460ден
20-08-2026 (330евра) – 20 460ден
27-08-2026 (330евра) – 20 460ден
03-09-2026 (280евра) – 17 360ден
10-09-2026 (280евра) – 17 360ден

ЗА ДЕЦА ОД 0-4.99 ГОДИНИ САМО ТРАНСФЕР 70евра (4340ден)
ЗА ДЕЦА ОД 5 – 11.99 ГОДИНИ 50% ПОПУСТ НА САМИОТ АРАНЖМАН.
Oрганизиран трансфер од: Скопје (15евра) Велес (15евра) Св.Николе (10евра) Струмица (10евра) Радовиш (10евра)
Редовен автобуски превоз: Штип,Кочани,Виница,Каменица,Делчево.

СИТЕ ЦЕНИ СЕ ДАДЕНИ ПО ЛИЦЕ.

Програма

1-ви ден – четврток:
Поаѓање од Кочани околу 23:00 часот. Патуваме преку граничен премин Делчево.Ноќно патување со попатни паузи и царински формалности. Сместување во хотелот по 14:00 часот. Слободно време за одмор и плажа. Нокевање.
2-ри ден – петок:
Појадок. Факултатива: Полудневна тура низ мегаполисот Истанбул со посета на православната црква „Свети Стефан“, потоа слободно време за прошетка низ шармантните улички со разнобојни згради во квартот Балат, каде може да се проба неверојатното турско кафе приготвено на песок. Програмата продолжува кон азискиот дел на Истанбул со посета на најголемата џамија во Турција – Чамлиџа. Слободно време за фотографии и прошетка по ридот Чамлиџа. Враќање кон Европа и поаѓање кон трговскиот центар „Aqua Florya“, каде што се наоѓа еден од најголемите аквариуми со џунгла во Истанбул (влезница за аквариумот со доплата, факултативно). Слободно време за прошетка. Враќање во хотелот. Нокевање.
3-ти ден – сабота:
Појадок. Слободно време за плажа. Нокевање.
4-ти ден – недела:
Појадок. Факултатива – Попладневна прошетка до трговскиот центар „Via Port Venezia“ во Истанбул. Слободно време за прошетка и шопинг. Враќање назад кон Кумбургаз. Нокевање.
5-ти ден – понеделник:
Појадок. Слободно време за плажа. Нокевање.
6-ти ден – вторник:
Појадок. Слободно време за плажа. Факултатива – Прошетка во градот Силиври со посета на трговскиот центар „Vega“. Слободно време за шопинг околу 2 часа. Враќање во хотелот. Нокевање.
7-ми ден – среда:
Појадок. Слободно време за плажа. Нокевање.
8-ми ден – четврток:
Појадок. Поаѓање околу 11:00 часот кон градот Едрене. Краток престој кај маркет (околу 30 мин.) за одмор пред границата. Поаѓање кон Македонија. Пристигнување во Македонија во раните утрински часови.

ЦЕНАТА ВКЛУЧУВА:

  • Превоз со високо туристички автобус
  • 7 ноќевања со појадок во хотел Ranax 3*
  • Сопствена плажа  со чадори и лежалки
  • Посета на маркет пред граничен премин Капи Куле (30минути)
  •         Придружник од туристичка агенција за време на патувањето;

ЦЕНАТА НЕ ВКЛУЧУВА (дополнителни екскурзии):

  • Посета на трговски центар „Viaport Venezia“ – 10 €, за деца до 10 г. – 8 €;
  • Ноќна тура до град Силиври со посета на мол „Vega“ – 10 €, за деца до 10 г. – 8 €;
  • Влезница за аквариум: 30евра
  • Полудневна прошетка со посета на џамијата Чамлџа – 30 €, за деца до 10 г. – 25 €.
  • Во случај на отказ од страна на патникот, патникот е согласен средствата уплатени како резервација (депозит) од најмалку 30% да бидат задржани и истите не се рефундираат во име на трошоци на агенцијата а направени за име и за сметка на патникот. Истото важи и за целосната уплата.
    • Јачината на сигналот на Интернет, брзината и квалитетот на поврзување, како и мрежната стабилност зависи исклучиво од давателот, техничките можности во самиот регион и други фактори а Либеро Травел  како агенција нема било каква  одговорност за јачината или воопшто сигналот на интернетот во сместувачкиот капацитет.
    • За да резервирате со депозит потребна е уплата од 30%.
    • Депозитот е неповратен во случај на отказ од страна на патник пред дадениот рок.
    • Со потпишување на договорот за патување, патникот го прифаќа местото во автобус кое ќе му го додели агенцијата. Агенцијата го прави распоредот на седење, земајќи ги во предвид најпрво периодот на уплата, а исклучоци се прават за повозрасни патници и мали деца. Можност за доплата за првите четири седишта во автобус – 20 еур. 
    • Можност за плаќање на рати, при резервација 30% а останатите 70% да бидат исплатени 5 дена пред поаѓањето. Доколку уплатата не биде извршена 5 дена пред поаѓање , аранжманот нема да биде извршен од страна на агенцијата, ќе бидат вратени 30% од вкупно уплатените средства.
      Доколку лицето има уплатено само 30% вкупно, тие 30% не се враќаат назад, агенцијата ги задржува.

СЛИКИ:

Напомени:

Од причина што Кумбургаз е близу до Истанбул организираме целодневен излет во Истанбул. Еден од седумте денови се оди во Истанбул а програмата е следна:

По појадокот, групата заминува на Крстарење по Босфор

  • КРСТАРЕЊЕ ПО БОСФОР – Вториот ден започнува со крстарење по Босфор и разглед на Истанбул со локален водич. 90 минутно крстарење, незаборавно доживување, еден поинаков Истанбул, сите луксузни вили кои вредат милиони, знаменитостите одблизу и познатите вили од играните серии. На самото пристаниште, има мали дрвени масички и столчиња крај кои можете да седнете и уживате крај морето и да испиете прекрасно турско кафе.
  • БАЛАТ – Посета на шарената филмска населба “Балат”чии улички ги има на многу познати филмови,каде најубави фотографии се прават во оваа населба.Балат важи за една од Христијанските населби во Истанбул каде може да се сретнат многу цркви,меѓу кои и Железната црква која е донација и е изградена од Македонски мајстори.Во склоп на факултативата се посетува железната црква,каде може да се посети гробот на Партенија Зографски и Велешкиот митрополит Малетиј,се посетува Вселенската Патријаршија,а по посетата групата има слободно време околу 2 часа за прошетка по уникатните историски улички.
  • ГАЛАТА ПОРТ – Галата Порт претставува најново пристаниште со ексклузивен Европски изглед кое што секојдневно го посетуваат многубројните светски туристи и Крузери на дневно ниво.
  • Таксим Плоштадот – Турата завршува со посета на плоштадот “Tаксим”.Главниот центар на градот,на кој се одржуваат главните митинзи и прослави! Покрај Таксим поминува познатата Истикал улица на која се движи познатиот трамвај!На Истакал сенаоѓаат познатите дискотеки и кафулиња, а ова значи дека групата има идеална можност за излегување во некоја од локалните дискотеки.

Цената на овој факултативен излет е 65 евра

  • Деца до 2.99 години/ бесплатно
  • Деца од 3 полни до 11,99 годинни цената е 45 евра
  • Овие екскурзии се купуваат исклучиво како пакет по цена од 65 евра.

ШОПИНГ ТУРА
-Капали Чаршија
-Outlet 212
-KOSKA (продавница за слатки работи)
– GLORIA Трговски Центар

Цена: 20 евра
Оваа екскурзија се купува исклучиво како пакет

ПРИГОВОРИ И ПОПЛАКИ:

  • Во случај на неадекватно сместување или било кој друг проблем, се молат патниците за тоа веднаш да го известат одговорното лице на рецепцијата Доколку проблемот не биде решен, веднаш треба за истиот да се извести ОРГАНИЗАТОРОТ НА ПАТУВАЊЕТО и уплатното место каде сте склучиле Договор за патување, за време на првиот ден од сместувањето и почетокот на ова програма. Напоменуваме дека рекламации за кои агенцијата ќе дознае на последниот ден од престојот или по враќањето на патниците, истите нема да бидат земени во предвид или разгледани.
  • Ве молиме во случај на било каков инцидент (кражба, тепачка, сообраќајна незгода….), да се обратите на надлежните инситуции во земјата на престојот. Организаторот на патувањето единствено е задолжен да Ви помогне при посредување меѓу вас и надлежните институции
  • Составен дел од оваа програма се Општите услови на патување на организаторот на патувањето. За сите информации дадени усмено, агенцијата не сноси одговорност. Ве молиме внимателно да ги прочитате условите на патување кои се составен дел од овој програм. 

Важат Општите услови на СКТМ и ТА С-ТРАВЕЛ