You are currently viewing КСАМИЛ И САРАНДА ЗА ПРВИ МАЈ

КСАМИЛ И САРАНДА ЗА ПРВИ МАЈ

ПРВ ДЕН – 01.05.2026 – ПЕТОК

Поаѓање во 01 часот од Битола. Организиран трансфер од други градови (точна сатница на поаѓање се утврдува два дена пред поаѓањето).

Патувањето е преку граничен премин Меџитлија со царински формалности и попатни паузи.

Пристигнување во КСАМИЛ во раните утрински часови. Сместување. Слободно време за уживање на плажа и прошетки покрај море. Ноќевање.

ВТОР ДЕН – 02.05.2026 – САБОТА ( факултатива Сино Око и Саранда)

Во утринските часови предвидена е прошетка до едно од најпознатите туристички локации во округот на Ксамил и Саранда, познато под името “СИНО ОКО” кое претставува извор длабок 50 метри низ кој постојано тече и извира кристално чиста вода која е толку чиста што дури може и да се пие. Прекрасно место кое го запира здивот на секој посетител со својата прекрасна тиркизна убавина. По разгледот продолжуваме кон прошетка во САРАНДА. Прекрасен град на јонски брег кој привлекува голем број на туристи со својот шарм и убавина. Ќе имате можност да вкусите традициона храна во некои од многубројните таверни и ресторани, или да се напиете кафенце покрај море. Во договорено време враќање во Ксамил. Ноќевање. Ноќевање.

ТРЕТ ДЕН – 03.05.2026 – САБОТА

Одјавување од собите. Слободно време до 14 часот. Поаѓање према Македонија преку Грција со царински формалности и попатни паузи. Пристигнување во вечерните часови.

ЦЕНА: 99 ЕУ ЗА 2 НОЌЕВАЊА СО ПОЈАДОК ВО АПАРТМАНСКО СМЕСТУВАЊЕ – ВИЛА ДАЈМОНД

ЦЕНА: 119 ЕУ ЗА 2 НОЌЕВАЊА СО ПОЈАДОК ВО ХОТЕЛ (https://nobbuhotel.com/)

 

Во цената е вклучено: 
2 ноќевања со појадок во хотел или апартман во Ксамил
вклучен превоз од Битола
туристичка такса за време на целиот престој
туристички пратител на групата

Во цената не е вклучено:
патничко осигурување ( информации во агенција)
факултатива – Саранда  и Сино Око – 30 Еу
доплата за Трансфер од други градови 15 еу

 

НАПОМЕНА!!!

· За реализација на овој аранжман, потребен е минимум од 40 патници, во спротивно, крајниот рок за известување околу евентуален отказ на аранжманот е најкасно 5 дена пред датумот на поаѓање.

· Организаторот на патувањето го задржува правото за измена на редоследот на поедини содржини во програмата

· За патувањето потребно е да поседуваде валиден пасош не постар од 6 месеци од денот на истекување

· Доколку дојде до непредвидена „виша сила“ за нереализирање на патувањето, поради ситуации кои агенцијата не можела да ги предвиди, уплатените средства ќе бидат вратени на клиентот.

· Доколку патувањето се реализира според планираното и нема никакви пречки за негова реализација, а дојде до откажување од страна на патникот, тогаш откажувањето ќе се реализира во согласност со општите услови за патување.

Важат Општите услови на НАТА и Т.А. С-ТРАВЕЛ