You are currently viewing Нова Година 2023 – Краков

Нова Година 2023 – Краков

Краков е еден од најстарите градови во Полска, со над илјадагодишна историја, со големо културно и архитектонско значење. Втор град по големина и трет град по население. За Македонија овој град е од големо значење од причина што првата катедра по македонски јазик надвор од тогашна Југославија била отворена токму тука во Јагелонскиот универзитет во Краков. 

ПРОГРАМА:

1 ДЕН: среда (28.12.2022) СКОПЈЕ – КРАКОВ

    Состанок на групата на Дрводекор во 11.30. Тргнување за Краков во 12.00 ч. Патување преку Србија, Унгарија и Словачка со попатни паузи за одмор и царински формалности.

2 ДЕН: четврток (29.12.2022)  КРАКОВ

    Пристигнување во Краков во претпладневните часови Панорамски разглед на градот. Разглед на стариот дел на градот, Срцето на Краков (без влезници во цркви и музеи), Посета на Готскиот Дворецот Wawel, изграден по наредба на Казимир III Велики, кој владеел 1333-1370, кој се состои од голем број на објекти распоредени околу централниот двор, Катедралата Св. Станислав и Вацлави и кралевскиот дворец од XIV век. Разглед на Главниот плоштад, еден од најголемите средновековни плоштади во Европа и еден од најубавиот урбанистички дел воопшто, каде се наоѓаат споменикот на Адам Мицкјевиќ познат полски поет, готската црква Св. Марија, Флоријанска улица… Сместување во хотел. Ноќевање.

3 ДЕН: петок (30.12.2022) КРАКОВ – АУШВИЦ И БИРКЕНАУ

    Појадок. По појадокот предвидена е факултативна посета на Auschwitz и Birkenau, еден од најзначајните симболи на светската историја, кој претставува и најголем најозогласен логор на нацистичка Германија (денешен спомен-музеј под заштита на UNESCO). Враќање во Краков. Слободно време за индивидуални активности. Ноќевање.

4 ДЕН: сабота (31.12.2022) КРАКОВ – ВЕЛИЧКА

    Појадок. Факултативна посета на рудникот за сол Величка (Wieliczka – најстар рудник во Европа) импресионивен подземен свет на славните солени езера, простории и ходници каде се наоѓа и кралската капела од сок како и концертната сала која е направена од рацете на генерации рудари. Рудникот е стар 700 години со 9 нивоа, за туристите е програмата на 3-то ниво или 13 метри под нивото на земјата. Враќање во хотел. Вечерта, дочек на Новата 2023 година на главниот градски плоштад. Ноќевање.

5 ДЕН: недела (01.01.2023)   КРАКОВ – СКОПЈЕ

    Појадок. Факултативна посета на еврејскиот кварт Казимерц, кој се наоѓа во стариот дел на градот и е центар на ноќниот живот на градот. Заминување за Македонија во пладневните часови. Ноќно возење преку Словачка, Унгарија и Србија со попатни паузи за одмор и царински формалности.

6 ДЕН: понеделник (02.01.2023) СКОПЈЕ

    Пристигнување во Македонија во претпладневните часови.

ЦЕНОВНИК:

ПРОМО ЦЕНА: 179 ЕВРА / 11 098 ДЕН. ДО 01.12.2022
ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ: 199 ЕВРА / 12 338 ДЕН.

Во цената е вклучено:

– Превоз со високотуристички автобус на наведената релација
– 3 ноќевања со појадок во хотел со 4* во Краков, линк до хотелот: https://metropolo-krakow.goldentulip.com/en-us/
– Oрганизиран разглед на Краков
– Организација на аранжманот и придружник на патувањето

Во цената не е вклучено:

– Факултативна посета на Auschwitz-Birkenau – 40 евра
– Факултативна посета на рудникот за сол Wieliczka – 30 евра
– Факултативна посета на Еврејскиот кварт – 15 евра
– Доплата за трансфер (10 евра по лице) од Битола, Прилеп, Црна Река (Сирково), Велес и Штип
– Задолжителна туристичка такса 2 € по лице по ноќевање
– Патничко осигурување – 5 евра

НАПОМЕНА:

– За реализација на аранжманот, потребен е миниум од 40 патници.
– За резервација задолжителна е уплата од 30% од вкупната сума
– Доколку патникот сака да резервира одредено седиште, при уплатата во агенцијата може да доплати 10 евра по лице и да бира седиште (освен првиот ред, кој е резервиран за персоналот)

Со оваа програма важат Општите услови на СКТМ и Т.А. С ТРАВЕЛ