Будва е нај атрактивното место на Јадранскиот брег. Будва изобилува со долги песочни плажи со вкупна должина од 25 км. Најпознати се Словенска плажа, Милочер, Пржно, Каменово, Могрен 1 и 2 и многу други плажи. А најголема атракција претставува Стариот Град. Во непосредна близина се наоѓа и островот Св.Никола кој е најголем во овој дел од Јадранот.
ОПИС:
Удобен амбиент, пријателска услуга, поволни цени и одлична локација – ова се само дел од карактеристиките што го прават нашиот хотел посебен. Во „Aqua Doria“ се стремиме да го направиме вашиот престој незаборавен и да се чувствувате како дома.Се наоѓаме на одлична локација, на само 300 метри од прекрасната плажа во Будва. Нашиот хотел е опкружен со бројни атракции, ресторани, барови и продавници. Без разлика дали сакате да ги истражите блиските знаменитости или да се опуштите на плажа, сето тоа е на дофат. Во „Аква Дориа“ нудиме ноќевање со појадок на база шведска маса. Појадокот е најважниот оброк во денот, затоа се трудиме да ви обезбедиме разновидни и вкусни јадења за да го започнете денот на вистински начин. Постои можност за доплата за вечера.Ви стојат на располагање 19 комфорни соби и 6 пространи апартмани. Сите наши единици се модерно опремени, со удобни кревети, клима уред, ТВ и бесплатен Wi-Fi. Ако ви треба фен, можете да побарате на рецепција.„АкваДорија“ е и идеален хотел за групи. Со капацитет од 100 легла, можеме да бидеме домаќини на поголеми групи и да им обезбедиме удобно сместување. Без разлика дали организирате патување, екскурзија или групно патување, нашиот тим ќе се погрижи вашиот престој да биде незаборавен.Доколку сакате да ги поминете деновите на одмор во метрополата на црногорскиот туризам, тогаш Хотел „Аква Дориа“ Будва е вистинското место за вас!
ВАЖНA НАПОМЕНА: За хигиената на студиата се грижат самите гостии. Секоја штета напрвена од страна на гостинот се плака на лице место. Студијата не поседуваат крпи, тоалетна хартија, средства за хигиенаи, паркинг. За брзината на интернетот не гарантира агенцијата.
Локација: 42.28923644290134, 18.84822889627995
Адреса: Babilonija 112, Budva, Crna Gora
ЦЕНОВНИК:
Цена на ноќевање со појадок по лице:
„Aqua Doria“ | Цена | Забелешка |
АПРИЛ И МАЈ | 25€ | |
ЈУНИ | 30€ | |
ЈУЛИ | 36€ | до 15.07.2025 |
ЈУЛИ | 36€ | од 16.07.2025 |
АВГУСТ | 39€ | |
СЕПТЕМВРИ | 32€ | |
ОКТОМВРИ | 30€ | |
НОЕМВРИ-ДЕКЕМВРИ | 24€ |
Цени во € се плаќа во денари 1€ = 62 денари
ВО ЦЕНАТА Е ВКЛУЧЕНО:
- ноќевање со појадок по лице
- бесплатен безжичен интернет низ целиот хотел
Доплата за вечера е 9 € по лице.
Во склоп на хотелот:
* Затворен ресторан
* Тераса
* Прием
* Бесплатен безжичен интернет низ целиот хотел
Содржина на собата:
* Бања
* Балкон
* Кабловска телевизија
* Фрижидер
* Клима уред
СЛИКИ:
ПРИГОВОРИ И ПОПЛАКИ:
- Во случај на неадекватно сместување или било кој друг проблем, се молат патниците за тоа веднаш да го известат одговорното лице на објектот или представникот. Доколку проблемот не биде решен, веднаш треба за истиот да се извести ОРГАНИЗАТОРОТ НА ПАТУВАЊЕТО и уплатното место каде сте склучиле Договор за патување, за време на првиот ден од сместувањето и почетокот на ова програма. Напоменуваме дека рекламации за кои агенцијата ќе дознае на последниот ден од престојот или по враќањето на патниците, истите нема да бидат земени во предвид или разгледани.
- Ве молиме во случај на било каков инцидент (кражба, тепачка, сообраќајна незгода….), да се обратите на надлежните инситуции во земјата на престојот. Организаторот на патувањето единствено е задолжен да Ви помогне при посредување меѓу вас и надлежните институции
- Составен дел од оваа програма се Општите услови на патување на организаторот на патувањето. За сите информации дадени усмено, агенцијата не сноси одговорност. Ве молиме внимателно да ги прочитате условите на патување кои се составен дел од овој програм.