You are currently viewing Вила Предраг- Будва 2026

Вила Предраг- Будва

Будва е нај атрактивното место на Јадранскиот брег. Будва изобилува со долги песочни плажи со вкупна должина од 25 км. Најпознати се Словенска плажа, Милочер, Пржно, Каменово, Могрен 1 и 2 и многу други плажи. А најголема атракција претставува Стариот Град. Во непосредна близина се наоѓа и островот Св.Никола кој е најголем во овој дел од Јадранот.

ОПИС:

Вила Предраг во Будва се наоѓа на 350м од словенска плажа. Вилата располага со убави конфорни двокреветни , трокреветни и четворокреветни студија .Секоја соба има сопствено купатило, клима, ( вклучена во цена ) фрижидер како и бокал за кафе/чај. Четворокреветните студија имаат кујна.

ЦЕНОВНИК:

Цена по лице со превоз:

СМЕНА ПЕРИОД 1/2 стд 1/3 стд 1/4 стд
1 21.06-28.06 190 180 160
2 28.06-05.07 200 190 170
3 05.07-12.07 210 200 180
4 12.07-19.07 220 210 190
5 19.07-26.07 230 220 200
6 26.07-02.08 240 230 210
7 02.08-09.08 240 230 210
8 09.08-16.08 240 230 210
9 16.08-23.08 230 220 200
10 23.08-30.08 220 210 190
11 30.08-06.09 210 200 180
12 06.09-13.09 200 190 170
13 13.09-20.09 190 180 160

Цени во € се плаќа во денари 1€ = 62 денари

ВО ЦЕНАТА Е ВКЛУЧЕНО:

  • Цените се за 7 ноќевања со превоз по лице.
  • Попуст за 3 -то лице во 1 / 3 студио / 4-то лице во 1 / 4 студио / – 20 %
  • Попуст за деца до 12години 50%
  • намалување за патување со сопствен превоз-10евра по лице
  • во цената не е вклучена туристичка такса

Поаѓање за Црна Гора:

  • Скопје ,,Борис Трајковски,, – 05.00 часот
  • Превозот е со автобус или минибус и е до соодветното место за запирање согласно локалните сообраќајни услови.
  • Секој патник има право на превоз на 1 парче багаж и 1 парче рачен багаж.
  • Организаторот не гарантира превоз до самиот објект на сместување.
  • Патниците самостојно го пренесуваат својот багаж од местото на запирање со објектот на сместување.
  • Ги замолуваме патниците да бидат на местата за поаѓање 15 минути пред поаѓањето.
  • Поради густиот сообраќај во текот на летната сезона можни се определени доцнења за кои однапред се извинуваме.
  • Доколку патникот сака да бира седиште за истото се доплаќа 10 евра во правец ( освен седишта 1 и 2)

НАПОМЕНА

  • За уплата на аранжман преку синдикатите со кои имаме склучено договор за плаќање на рати попустот за време на попустите за рана уплата е фиксен 10%.
  • Доколку се прави промена на аранжман уплатен со попуст, новиот договор се калкулира согласно редовниот ценовник и во периодот кога се во тек попустите за рана уплата.
  • Сместувањето на првиот ден е по 14 часот и одјавувањето на последниот ден е во 9 часот
  • Агенцијата не сноси никаква одговорност за квалитетот на интернер конекцијата во објектите.
  • Фотографиите од сместувачкиот капацитет се од повеќе соби , апартмани а не се селектирани .
  • Организаторот на патувањето го задржува правото по пат на ultra first и last minute или друг тип на промоција да ги објави и продаде слободните капацитети по цени кои се разликуваат од оние кои се веќе објавени во ценовникот.
  • Лицата кои го уплатиле аранжманот по редовен ценовник, немаат право на надомест на средства за разлика во цена.
  • За резервација на понуда по редовна цена, 30 % од вредноста на аранжманот се уплатува во моментот на резервација, а остатокот 21ден пред поаѓање.
  • Патникот во секој момент може да се откаже од аранжамот. Тоа се прави во писмена форма и согласно скалата која е објавена во општите услови за патување.
  • Во случај на отказ на аранжан кој е со попуст за рана уплата 50 % од сумата е неповратна, а вториот дел од 50 % се задржуваат согласно скалата која е објавена во општите услови за патување.

СЛИКИ:

ПРИГОВОРИ И ПОПЛАКИ:

  • Во случај на неадекватно сместување или било кој друг проблем, се молат патниците за тоа веднаш да го известат одговорното лице на објектот или представникот. Доколку проблемот не биде решен, веднаш треба за истиот да се извести ОРГАНИЗАТОРОТ НА ПАТУВАЊЕТО и уплатното место каде сте склучиле Договор за патување, за време на првиот ден од сместувањето и почетокот на ова програма. Напоменуваме дека рекламации за кои агенцијата ќе дознае на последниот ден од престојот или по враќањето на патниците, истите нема да бидат земени во предвид или разгледани.
  • Ве молиме во случај на било каков инцидент (кражба, тепачка, сообраќајна незгода….), да се обратите на надлежните инситуции во земјата на престојот. Организаторот на патувањето единствено е задолжен да Ви помогне при посредување меѓу вас и надлежните институции
  • Составен дел од оваа програма се Општите услови на патување на организаторот на патувањето. За сите информации дадени усмено, агенцијата не сноси одговорност. Ве молиме внимателно да ги прочитате условите на патување кои се составен дел од овој програм. 

Важат Општите услови на СКТМ и Т.А. С-ТРАВЕЛ