СООПШТЕНИЕ
Имајќи ја предвид моменталната состојба на прогласена пандемија на светско ниво, а поради прогресивното ширење на коронавирусот (COVID – 19), туристичката агенција С-ТРАВЕЛ , со големо жалење донесе одлука за ЦЕЛОСНО ОТКАЖУВАЊЕ ЗА РЕАЛИЗАЦИЈА на сите туристички аранжмани за престојните пролетни патувања, како и сите летни аранжмани за целата сезона – лето 2020 година, за сите дестинации надвор од РСМ, заклучно до 30 септември 2020 година.
Владата на Р.С.Македонија на ден 24.03.2020 година донесе Уредба со законска сила за примена на законот за туристичката дејност за време на траење на вонредната состојба (Службен весник на РСМ, бр. 80 од 27.03.2020 година). Уредбата упатува на издавање на ваучери од страна на туристичките агенции за патниците, во случај на откажување на аранжманите од страна на туристичките агенции.
Линк до уредбата http://www.slvesnik.com.mk/Issues/e63f76aa38894d6d8a9a22a69eda88c9.pdf
За таа цел, врз основа на примена на одредбите од Уредбата и врз основа на мислењето дадено од страна на Министерството за економија – сектор за туризам и угостителство, во продолжение Ви ги презентираме условите и начинот за подигнување и користење на ваучерите.
Сите туристички агенции кои ги имаат откажано своите аранжмани за време
на траење на вонредната состојба се должни да издадат нов ваучер на корисникот на ваучерот (патникот) за туристичкиот аранжман.
Ваучерите ќе се издаваат во три примероци, со рок на важење најдоцна до 12.2021 година. (еден примерок од Ваучерот ќе се достави и до Министерството за економија заради евиденција)
Начинот на издавање на Ваучерите ќе се реализира во согласност со двете страни, односно туристичката агенција и корисникот на ваучерот (патникот) ќе се договорат за: дестинацијата, терминот на поаѓање, времетраење на аранжманот.
Издадениот ваучер, патникот ќе има можност да го искористи за аранжмани достапни во понудата на туристичката агенција (носител на аранжманот).
Вредноста на ваучерот ќе биде во висина на уплатениот износ.
Ваучерите кои ќе бидат издадени од страна на туристичките агенции, патниците ќе можат да ги подигнат лично во туристичките агенции каде имале извршено уплата/резервација на аранжманот или по барање на патникот истиот ваучер може да им биде испратен по електронски пат, односно по е-маил.
Ваучерите кои ќе бидат издадени и гласат на име на патникот кој извршил уплата/резервација, можат да бидат преносливи односно Ваучерот може да се искористи и од страна на друг патник (по договор меѓу патникот и туристичката агенција).
НАПОМЕНА:
Во случај на отварање на сезоната, агенцијата ќе ги продолжи аранжманите за ЛЕТО 2020 и сите кои сакаат да ги задржат резервациите ќе можат да патуваат, а за оние кои сакаат да откажат, како што е погоре објаснето ќе добијат ВАУЧЕР со рок на важење најдоцна до 31.12.2021 година.
Т.А С-ТРАВЕЛ БИТОЛА