You are currently viewing 8ми ДЕКЕМВРИ ВО ТЕМИШВАР И СИБИУ ЗА CHRISTMAS MARKET

8ми ДЕКЕМВРИ ВО ТЕМИШВАР И СИБИУ ЗА CHRISTMAS MARKET

05.12.2025 (ПЕТОК) 

Состанок на групата во 20 часот, планирано поаѓање во 20:30 од пред спортска сала во Битола. Попатно собирање на патници од Прилеп, Велес, Росоман, Скопје и Куманово (доколку има пријавени патници).
Агенцијата е должна да ги извести патниците за сат и место на поаѓање до два дена пред поаѓање. Патувањето е преку граничниот премин Табановце со попатни паузи и царински формалности. Ноќно возење преку Србија.

06.12.2025 (САБОТА) ТЕМИШВАР
Присигнување во Темишвар во утринските часови. Следува разглед на градот со локален водич. Планиран разглед на градот со локален водич. Темишвар е извонреден град и тоа е видливо на секој чекор! Првиот впечаток што ќе го добиете е дека Темишвар е град идеален за прошетка, преку која се покажуваат убавата архитектура, уредените и чисти улици, парковите, природата. И со право го нарекуваат мала Виена. Романската православна соборна црква или катедрала доминира над градот со својата височина од 90 метри и е најпрепознатлив симбол, од каде претежно започнуваат туристичките разгледи на градот.Темишвар има три плоштади – Плоштадот на победата, Плоштадот на слободата и Плоштадот на обединувањето, кои одиграле значајна улога во историјата на градот, но и во современиот период. Градот е најголемиот културно историски центар на Србите во Романија, тука се наоѓа и седиштето на Епархијата на Темишварската Српска Православна Црква, што е сосема разбирливо бидејќи околу половина милион луѓе кои живеат тука се Срби.

Слободно време за индивидуални активности. Во договорено време со водичот се упатуваме до хотелот. Сместување слободно време за одмор.

Во вечерните часови очекувајте вистинска божиќна бајка со празнична музика, носталгично осветлување и врвна понуда на традиционални домашни специјалитети. Враќање во хотелот. Ноќевање.

07.12.2025 (НЕДЕЛА) ТЕМИШВАР-ЗАМОКОТ КОРВИН И ГРАДОТ СИБИУ
Појадок. Следува целодневна факултативна прошетка до Замокот Корвин и Сибиу.

Прво го посетуваме замокот КОРВИН – Ренесансно-готскиот замок Корвин е едно од седумте чуда на Романија. Овој замок од 15-тиот век се наоѓа во западниот дел на Романија и е една од најпознатите туристички атракции, како и популарна локација за снимање на филмови и документарци. Дефинитивно е една од најголемите и најимпресивни градби во Европа. Во овој замок се снимале и сцени за хорор филмот „The Nun“. Тоа е копија на замокот „Хуњад“ лоциран во Трансилванија, во кој, според народното предание, грофот Влад Цепеш, попознат како гроф Дракула, бил привремено затворен поради несогласување со унгарскиот владетел Јанош Хуњади.

По посетата на Корвин се упатуваме према градот СИБИУ. Божиќниот маркет во Сибиу е најдобриот во Романија сместен во срцето на Трансилванија. Божиќниот пазар во Сибиу, исто така наречен „Târgul de craciun din Sibiu“, е радосна прослава на празничната сезона која обично започнува кон крајот на ноември и трае до почетокот на јануари. Божиќниот пазар во Сибиу е познат по своите прекрасни декорации. Целиот плоштад е украсен со шарени светла, празнични венци и прекрасно украсена елка. Слободно време за уживање во божиќна магија каде божиќните песни и атмосфера нема да сакате да ги напуштите.

Враќање во хотел. Ноќевање

08.12.2025 (ПОНЕДЕЛНИК)  ТЕМИШВАР – БЕЛГРАД- МАКЕДОНИЈА

Појадок. По појадокот одјавување од хотелот и заминување кон Белград. Пристигнување во Белград во претпладневните часови. Слободно време околу 3 часа за шопинг во трговскиот центар ,,Rajiceva’’ на улицата Кнез Михаилова или индивидуална прошетка низ Калемегдан. Во попладневните часови заминување кон Македонија. Пристигнување во вечерните часови.

ПРОМО ЦЕНА : 139 ЕУ за резервации до 10.10.2025
РЕДОВНА ЦЕНА: 159 ЕУ

Во цената е вклучено:
-Aвтобуски превоз на дадената релација
-2 ноќевања во хотел со 3* со појадок во Teмишвар
-Разглед на Темишвар со локален водич
– Tуристички придружник за време на целото патување
-Белград

Во цената не е вклучено:

Вечерна посета на Christmas Market во Темишвар – 5€

Посета на замокот Корвин со вклучена влезница и градот Сибиу – 60еур

Туристичка такса- 5 еу за време на целиот престој

Патничко осигурување – информации во агенција

Доплата за еднокреветна соба + 50 еу

НАПОМЕНА!!!

* За реализација на овој аранжман, потребен е минимум од 40 патници, во спротивно, крајниот рок за известување околу евентуален отказ на аранжманот е најкасно 5 дена пред датумот на поаѓање. За реализација на факултативите потребен е минимум број од 20 пријавени.

* Организаторот на патувањето го задржува правото за измена на редоследот на поедини содржини во програмата доколку предвиди дека е потребно.

* Патувањето мора да биде со валиден пасош. За патување на територијата на ЕУ пасошот не смее да има помалку од 3 месеци пред истекување.

* Доколку дојде до непредвидена „виша сила“ за нереализирање на патувањето, поради ситуации кои агенцијата не можела да ги предвиди, уплатените средства ќе бидат вратени на клиентот.

* Доколку патувањето се реализира според планираното и нема никакви пречки за негова реализација, а дојде до откажување од страна на патникот, тогаш откажувањето ќе се реализира во согласност со општите услови за патување.

* Со потпишување на договорот за патување, патникот е должен да го прифати местото во автобус кое ќе му го додели агенцијата. Дополнителни промени не е можни. Агенцијата го прави распоредот на седење, земајќи ги во предвид постарите лица, семејствата со мали деца, трудници, како и периодот на уплатата. Ако патникот сака да резервира одредено седиште, при уплатата во агенцијата може да доплати 10 евра по лице и да бира седиште (освен првиот ред, кој е резервиран за персоналот).

* Агенцијата е должна до два дена пред тргнување да ги извести патниците за часот и местото на тргнување.

* Патниците самите сносат одговорност за личните и патните документи и нивната важност.

* Поради светската економска криза можно е да дојде до опаѓање на квалитетот на сервисот во апартманската услуга, на што агенцијата организатор нема влијание.

* Агенцијата не учествува во организацијата на слободното време на патниците и нема влијание за реализацијата на факултативните излети кои се во организација на тур операторот во државата.

* Малолетните деца кои патуваат без еден родител потребно е да имаат согласност од вториот родител за поминување на граница или ако патуваат без родителите, мора да има заверена согласнот од двата родитела и да се во придружба на пратител при преминувањето на границата.

* Организаторот на патувањето го задржува правото преку акција или last minute понуда да ги продаде слободните капацитети по друга цена од претходната. Странките кои го уплатиле аранжманот по претходната цена немаат право да побараат надокнада поради промената.

Важат Општите услови на СКТМ и Т.А С-ТРАВЕЛ