Christmas Market – Виена

Christmas Market – ВИЕНА

ВИЕНА – Престолнина на една од најзначајните европски империи, царски град и место на вкрстување на разни култури и влијанија, една од најстарите метрополи во срцето на Европа, денес главен град на Австрија. Со своето културно и архитектонско наследство, со својот шарм и раскош привлекува милиони туристи од целиот свет. Град зачнат во првиот век како Римско утврдување… а денес град во кој се патува низ времето, град кој е жива слика на раскошниот империјален барок. .. доволно е да ги спомнеме дворците Хофбург и Шенбрун, палатата Белведере, катедралата Св. Стефан, Карловата црква, операта, театарот… Виена го носи и епитетот Музичка престолнина, во која живееле и твореле композиторите – Моцарт, Бетовен, Штраус..

1 ден  06.12.2019 Скопје – Виена

Состанок со групата на паркингот пред спортски центар „Борис Трајковски“ во 15.00 ч. и поаѓање за Виена во 15:30ч. Ноќно патување преку Србија и Унгарија со попатни паузи за одмор и други царински формалности.

2ден 07.12.2019 шопинг центар Parndorf – Виена

Во претпладневните часови се упатуваме кон еден од најголемите аутлет шопинг центри Designer Outlet Parndorf. Слободно време за шопинг… По пристигнување во Виена  почнуваме со панорамски разглед на градот со локален водич: плоштадот Рингштрасе, Операта, Парламентот, општината Ратхаус, Музејот на модерна уметност, градската палата, Универзитетот, палатата Белведере, Катедралата Св. Стефан, Зимскиот дворец Хофбург… Сместување во хотел. Слободно попладне за одмор. Вечерта, трансфер до центар и слободно време за индивидуални прошетки. Враќање во хотел во договорено време. Ноќевање.

3 ден  08.12.2019 Шенбрун

Појадок. После појадокот трансфер со автобус до дворецот „Шенбрун“ (факултативна посета) со локален водич – (дворецот Шенбрун е познатата летна Хабзбуршка резиденција, кој е изграден 1.700 г. Палатата и паркот кој го опкружуваат говорат за животот на многу познати личности меѓу кои: Марија Антоанета, Моцарт, Наполеон и кралот Франц Јосиф) или слободно време за индивидуална прошетка низ Виена. Вечерта можност за посета на традиционален австриски ресторан Грицлинг или посета на некоја од локалните пивници (индивидуално). Ноќевање.

4 ден  09.12.2019 Виена – Скопје

Појадок. После појадокот напуштање на хотелот иможност за факултативна посета на Дунавската Кула (со 252м. претставува највисоката градба во Австрија од каде се пружа прекрасен поглед од 360о на градот). Се враќаме во центарот на Виена… слободно време за индивидуални прошетки и активности. Во попладневните часови, поаѓање кон Скопје со попатни паузи за одмор и царински формалности.

5 ден  10.12.2019 Скопје

Пристигнување во Скопје во предпладневните часови.

ЦЕНА ЗА УПЛАТА:  139 € 8.620 ден

Во цената на аранжманот е вклучено:

  •   Превоз со високотуристички автобус
  •   Сместување во хотел со 3* во Виена (околина) на база на 2 НП (нокевање/појадок)
  •   Посета на шопинг центар Парндорф
  •   Професионален туристички придружник
  •   Организација и реализација на програмата

Во цената на аранжманот не е вклучено:

  •   Разглед на Виена со локален водич – 10€
  •   Влезница за дворецот Шенбрун (превоз + влезница + локален водич) – 35€
  •   Факултативна посета на  традиционален австриски ресторан Грицлинг – 30€ – мин. 30 лица за реализација
  •   Дунавска Кула (превоз + влезница) – 20€
  •   Патничко осигурување –175 ден
  •   Доплата за еднокреветна соба – 2.100 ден

НАПОМЕНА

  • За реализација на аранжманот потребен е минимален број 45 платежни патници.
  • При резервации се уплаќа аванс од 30% од вредноста на аранжманот, а остатокот по потврдувањето на резервацијата, и тоа најдоцна до 7 дена пред реализацијата на аранжманот.
  • Агенцијата го задржува правото во случај на недоволен број пријавени платежни патници да го откаже патувањето и за тоа да ги извести патниците 5 дена пред датата на патувањето.
  • Минималниот број на патници за реализација на факултативни екскурзии е 20-30 лица (во зависност од факултативата). За факултативните излети задолжитело е да се изјасните во агенцијата при уплата на аранжманот како би се направиле навремени резервации. Факултативите се плаќаат на лице место или во агенцијата пред заминување.
  • Ако некои наведени разгледи и посети во понудата, не се реализираат а се предизвикани од непредвидени околности: работа на патот, локалитетите, штрајкови, сообраќаен метеж, застој по граничните премини, природни катастрофи и сл. агенцијата не сноси одговорност.
  • Го задржуваме правото за промена на цените во случај на промена на цени во транспортот и др. непрдвидени трошоци или доколку не се оствари минималниот број на патници.
  • Седиштата во автобусот се определуваат автоматски во систем на денот на авансната уплата – договорот. (нема можност за измена)
  • Пасошот треба да важи минимум 6 месеци од завршувањето на патувањето.
  • Организаторот на патувањето го задржува правото за измена на редоследот на поедини содржини во програмата.
  • Организаторот на патувањето НЕ Е овластен да ја цени исправноста на патните и други исправи на патниците.
  • За ова патување важат и се применуваат Одредбите на Законот за туристичка дејност

ПРИГОВОРИ И ПОПЛАКИ

Во случај на неадекватно сместување или било кој друг проблем, се молат патниците за тоа веднаш да го известат одговорното лице на рецепцијата . Доколку проблемот не биде решен, веднаш треба за истиот да се извести ОРГАНИЗАТОРОТ НА ПАТУВАЊЕТО и уплатното место каде сте склучиле Договор за патување, за време на првиот ден од сместувањето и почетокот на ова програма.  Напоменуваме дека рекламации за кои агенцијата ќе дознае на последниот ден од престојот или по враќањето на патниците, истите нема да бидат земени во предвид или разгледани. Ве молиме во случај на било каков инцидент (кражба, тепачка, сообраќајна незгода….), да се обратите на надлежните инситуции во земјата на престојот. Организаторот на патувањето единствено е задолжен да Ви помогне при посредување меѓу вас и надлежните институции. Составен дел од оваа програма се Општите услови на патување на организаторот на патувањето. За сите информации дадени усмено, агенцијата не сноси одговорност. Цените може да се корегираат според Општите услови на патување, во случај на промена во курсот за размена на валути или промена на тарифата од давателот на услуга. Ве молиме внимателно да ги прочитате условите на патување кои се составен дел од овој програм.

Важат Општите услови за патување на СКТМ и С-ТРАВЕЛ