Викенд покрај Олимп 23.05-25.05.2026
Лептокарија
ОПИС НА АРАНЖМАНОТ
Лептокарија е шармантно летувалиште сместено во подножјето на величествениот Олимп, кое нуди идеален спој на планина и море. Долгите песочни плажи, кристално чистото море и опуштената атмосфера ја прават совршена дестинација за краток одмор и релаксација.
ПРОГРАМА НА ПАТУВАЊЕ
Ден 1 – Сабота (23.05)
Поаѓање во 07:00 часот наутро пред Спортска сала Битола. Патување преку граничниот премин Меџитлија со попатни паузи и завршување на граничните формалности.
Планирано пристигнување во Лептокарија околу 12:00 часот (локално време). Сместување во избраните сместувачки капацитети.Следува слободно време за прв контакт со морето – релаксирана прошетка покрај плажа, уживање во кафе или ручек во некое од локалните ресторанчиња, со прекрасен поглед кон Олимп.
Вечерта е идеална за опуштена атмосфера, лесна прошетка и запознавање со местото.
Ден 2 – Недела (24.05)
Слободен ден резервиран за целосно уживање во Лептокарија.
Денот можете да го поминете на долгата песочна плажа, со капење во чистото море и релаксација под сонце. Уживајте волежерната атмосфера на бројните beach barови и кафулиња покрај море – совршено место за кафе, освежителен коктел или лесен оброк.
За оние кои сакаат повеќе динамика, можност за прошетки низ центарот, шопинг или истражување на околината со уникатен поглед кон Олимп. Во вечерните часови, препорачуваме уживање во традиционална грчка таверна со локални специјалитети и пријатна медитеранска атмосфера.
Ден 3 – Понеделник (25.05)
Лежерно утро и слободно време за искористување на последните моменти покрај море – кафе со поглед, кратка прошетка или уште едно капење.
Одјавување од собите во 15:30 часот (локално време).
Поаѓање кон Македонија во 16:00 часот (локално време), со пристигнување во вечерните часови.
Цена на аранжманот:
69 еур во дво/трокреветна соба по лице за вила Valentino
79 еур во дво/трокреветна соба по лице за вили: Stankovikj, Katerina, Tasoula
Во цената е вклучено:
- Превоз на наведената релација
- 2 ноќевања во избраниот објект
- Организација и водство на патувањето.
Во цената не е вклучено:
- Патничко осигурување
- Лични трошоци
- Трансфер од Прилеп 10 евра, Охрид 15 евра по лице
Напомена:
- За патувањето во ЕУ патникот треба да поседува важечки пасош со важност од минимум 6 месеци од датата на завршувањето на аранжманот.
- Патникот е лично одговорен за исправноста и важноста на својот пасош, организаторот на патувањето не е овластен и не ја цени исправноста на патните и други исправи.
- Организаторот на патувањето го задржува правото да во случај на измена на цената на превозот, измена на девизниот курс, недоволен број на пријавени патници и слично, ја промени цената на патувањето или да го откаже во целост аранжманот 5 дена пред поаѓање.
- Во рамките на разгледувањето на градовите или локалитетите наведени во програмата не се предвидени посети ниту обиколка на ентериери, јавни градби, институции и споменици на културата, освен кога тоа е посебно означено.
- За реализација на овој аранжман, потребен е минимум од 35 патници.
- Аражманот се плаќа исклучиво во денари во агенција по курс 1€ = 62,00мкд.
ОТКАЗ НА РЕЗЕРВАЦИИ:
За отказ на резервација важат опшите услови , односно:
- за отказ до 30 дена пред патувањето се задржува 30% од сумата.
- за отказ 29 до 15 дена пред патувањето се задржува 50% од сумата.
- за отказ 14 до 5 дена пред патувањето се задржува 80% од сумата.
- за отказ 5-0 дена пред патувањето се задржува 100% од сумата.
- Доколку патникот се откажува од аранжманот пред почетокот на патувањето, поради причини кои не можел да ги предвиди, избегне или отстрани (болест, повреда или смрт во потесното семејство, елементарна непогода или слично), а врз основа на важечка потврда од надлежните органи, во тој случај не ги плаќа отказните трошоци по наведената скала, туку само реалните трошоци произлезени од откажувањето на аранжманот, за кои организаторот е обврзан да ги плати на крајниот давател на услугата, без право на рефундација
- Доколку патникот се откажува од аранжманот по почетокот на патувањето (за време на патување или за време на престој во местото на патување), поради настани кои се резулатат на влијание на “виша сила” (воени настани, терористички акти, елементарни непогоди, сообраќајни незгоди или слично), кои ниту патникот ниту организаторот не можел да ги предвиди, избегне или отстрани, организаторот не носи одговорност ниту има обврска за поврат на средства за нереализирани услуги, освен доколку крајниот давател на услугите прифати и изврши рефундација на истите.
ПРИГОВОРИ И ПОПЛАКИ:
- Во случај на неадекватно сместување или било кој друг проблем, се молат патниците за тоа веднаш да го известат одговорното лице на објектот или представникот. Доколку проблемот не биде решен, веднаш треба за истиот да се извести ОРГАНИЗАТОРОТ НА ПАТУВАЊЕТО и уплатното место каде сте склучиле Договор за патување, за време на првиот ден од сместувањето и почетокот на ова програма. Напоменуваме дека рекламации за кои агенцијата ќе дознае на последниот ден од престојот или по враќањето на патниците, истите нема да бидат земени во предвид или разгледани.
- Ве молиме во случај на било каков инцидент (кражба, тепачка, сообраќајна незгода….), да се обратите на надлежните инситуции во земјата на престојот. Организаторот на патувањето единствено е задолжен да Ви помогне при посредување меѓу вас и надлежните институции
- Составен дел од оваа програма се Општите услови на патување на организаторот на патувањето. За сите информации дадени усмено, агенцијата не сноси одговорност. Ве молиме внимателно да ги прочитате условите на патување кои се составен дел од овој програм.