Хотел Akti 4*-Уранополис,Грција
ОПИС:
УРАНОПОЛИС – небесниот град, божествен пејсаж, ги комбинира планинските и морските убавини, ветува незаборавни одмори, особено за патниците кои бараат релаксација, далеку од стресот на градот.Опкружен со прекрасна шума која нуди многу можности за прошетки и истражување со поглед кон планината Атос и единствената монашка држава Св.Гора.Во текот на денот се нудат многу можности за истражување на егзотични плажи до околните островчиња Амулиани,Дрениа….
ОПИС:
Хотелот Акти **** на 20 метри од песочна плажа.Има подземен премин до прекрасната плажа со ситен песок и постепено задлабочување на водата.Секоја соба има еден дупол кревет и два единечни кревети на спрат,wi-fi,тв,клима уред,мини фрижидер,телефон купатило со вц,фен, крпи големи за на плажа и мали за туширање.Има 2 ресторани за доручек со поглед на море и ресторан за вечера со поглед на море.Приватна плажа со лежалки и чадори за гостите од хотелот бесплатно.Бар покрај базен,бар на плажа,безжичен интернет на плажа.Базен отворен со посебен дел за деца.Простории за друштвени игри пинг,понг,гемерски игри,цртање ….лифт.Покриен паркинг за возила ,мини маркет,сеф,24 часа рецепција ,перална.
ЗА ДОПОЛНИТЕЛНИ ИНФОРМАЦИИ НА СЛОБОДНИ СОБИ И ТЕРМИНИ КОНТАКТИРАЈТЕ НЕ ВО АГЕНЦИЈА!
СЛИКИ:
Приговори и поплаки:
- Во случај на неадекватно сместување или било кој друг проблем, се молат патниците за тоа веднаш да го известат одговорното лице во хотелот. Доколку проблемот не биде решен, веднаш треба за истиот да се извести ОРГАНИЗАТОРОТ НА ПАТУВАЊЕТО и уплатното место каде сте склучиле Договор за патување, за време на првиот ден од сместувањето и почетокот на ова програма. Напоменуваме дека рекламации за кои агенцијата ќе дознае на последниот ден од престојот или по враќањето на патниците, истите нема да бидат земени во предвид или разгледани.
- Ве молиме во случај на било каков инцидент (кражба, тепачка, сообраќајна незгода….), да се обратите на надлежните инситуции во земјата на престојот. Организаторот на патувањето единствено е задолжен да Ви помогне при посредување меѓу вас и надлежните институции
- Составен дел од оваа програма се Општите услови на патување на организаторот на патувањето. За сите информации дадени усмено, агенцијата не сноси одговорност. Ве молиме внимателно да ги прочитате условите на патување кои се составен дел од овој програм.