Интерхотел 4* Сандански – 8ми Март
ОПИС:
Сандански е град на југозападот на Бугарија, во подножјето на Пирин планина на само 40 км од Македонската граница. Овај регион има најтопла клима во Бугарија и најмногу сончеви денови во годината. Тука се наоѓаат над 80 минерални извори со температура од 33°С до 83°С со ниска минерализација и успешно се користат за третмани на најразлични болести. Интерхотел Сандански е најголемиот медицински центар за балнеологија и рехабилитација на Балканот и е сместен во самиот центар на градот на главната пешачка улица.
ПРОГРАМА:
БИТОЛА-САНДАНСКИ
07 Март 2025. Поаѓање во 06.00 часот од Битола за Сандански преку Струмица и Петрич (попатни одмори, царински формалности). Пристигнување во Сандански. По пристигнувањето сместување во хотелот. Слободно време, можност за користење на СПА центарот. Ноќевање.
САНДАНСКИ
08 Март 2025. Појадок. Слободно време за индивидуални активности, можност за користење на СПА центарот или индивидуална прошетка во градот. Можност за организирана факултативна вечера. Ноќевање.
САНДАНСКИ-БИТОЛА
09 Март 2025. Појадок. Напуштање на хотелот до 12.00 ч. (локално време). Во 12.30 часот (локално време), поѓање кон месноста Рупите (храмот – света Петка и гробот на најпознатата пророчица –
Баба Ванѓа каде е и погребана). По посетата поаѓање за Македонија (попатни одмори, царински формалности) пристигнување во Битола во вечерните часови.
Тип на соба | 2 ноќевања со појадок |
1 DBL – лукс | 150 € |
2 DBL – супериор (студио) | 200 € |
ЦЕНАТА ВКЛУЧУВА
- Цените се за 1 лице за 2 ноќевања со појадок, со превоз
- Превоз на дадената релација со високотуристички автобус
- Користење на сауна, парна бања, фитнес центар
- Користење затворен базен со минерална вода од 33⁰С (полуолимписки размери)
- Користење на отворен базен со минерална вода од 33⁰С,
- Користење на отворен термален базен со минерална вода 38⁰С
- Безжичен интернет во целиот хотел
- Паркинг
- Детско катче со аниматор
- Туристичка такса
- Попатна посета на гробот на Баба Ванѓа
- Придружник и организација на патувањето
ВО ЦЕНАТА НЕ Е ВКЛУЧЕНО
- Доплата за организирана вечера 18€
- Патничко здравствено осигурување
Напомена!
Хотелот не прима домашни миленици
Сместување и напуштање на собите:
- Сместување во собите по 14:00 ч. (локално време)
- Напуштање на собите до 12:00 ч. (локално време)
Приговори и поплаки :
- Во случај на неадекватно сместување или било кој друг проблем, се молат патниците за тоа веднаш да го известат одговорното лице на рецепцијата . Доколку проблемот не биде решен, веднаш треба за истиот да се извести ОРГАНИЗАТОРОТ НА ПАТУВАЊЕТО и уплатното место каде сте склучиле Договор за патување, за време на првиот ден од сместувањето и почетокот на ова програма. Напоменуваме дека рекламации за кои агенцијата ќе дознае на последниот ден од престојот или по враќањето на патниците, истите нема да бидат земени во предвид или разгледани.
- Ве молиме во случај на било каков инцидент (кражба, тепачка, сообраќајна незгода….), да се обратите на надлежните инситуции во земјата на престојот. Организаторот на патувањето единствено е задолжен да Ви помогне при посредување меѓу вас и надлежните институции.
- Составен дел од оваа програма се Општите услови на патувањена организаторот на патувањето. За сите информации дадени усмено, агенцијата не сноси одговорност. Ве молиме внимателно да ги прочитате условите на патување кои се составен дел од овој програм.
УСЛОВИ ЗА АГЕНТОТ И ГОСТИНОТ:
- За валидна резервација ќе се смета, резервација направена со 30% депозит уплатен при самото резервирање од страна на агентот или гостинот, а со целосна уплата до пред поаѓање.
- Агентот или гостинот има право да ја откаже или промени резервацијата до 7 дена пред пристигнувањето без пенали.
- Агентот или гостинот има право да промени име на резервацијата 3 дена пред датата на престигнување без пенали. Промена на име и термин помалце од 3 дена пред датата на пристигнување, агентот или гостинот ја плаќа првата ноќ од резервацијата.
- Откажување или промена на резервацијата помалку од 7 дена пред датата на пристигнување, агентот или гостинот ја плаќа првата ноќ од резервацијата.
- Откажување или промена на резервацијата на денот на пристигнување на гостинот или порано напуштање на хотелот, платената сума не подлежи на враќање на агентот или гостинот.
- Промена или откажување на резервација за време на празници до 30 дена пред пристигнување е без пенали.
- Промена или откажување на резервација за време на празници помалку од 30 дена пред пристигнување, агентот или гостинот плаќа 100% од целата резервација.
- Хотелот прифака рекламации во рок од 48 ч. За валидни рекламации ќе се сметаат оние кои се со документ потпишан од страна на гостинот и од овластените во хотелот.