You are currently viewing Измир-Велигден 2025

ИЗМИР-ВЕЛИГДЕН 2025
(со посета на Алачати, Чешме, Ефес)
авионска програма
Термин: 18.04-21.04.2025

ОПИС:

Измир – драгоцен камен на Егејското Море. Прекрасниот град е трет по големина град во Турција по Истанбул и Анкара и нуди динамичен спој на модерното и традиционалното. Град со 4 милиони жители, сместен во централниот дел на егејскиот брег во државата. Историски познат како Смирна со едно од најголемите пристаништа и најстарите населби во регионот на Средоземното Море. Измир може да се пофали со многу фасцинантни локалитети на културно и археолошко наследство со повеќе од 3000 години урбана историја, прекрасна клима, многубројни продавници, модерни хотели и традиционални ресторани.

Прв ден: 18.04.2025 (петок)
Состанок на групата на аеродромот во Скопје во 09:30 часот. Полетување за Измир со директен лет во 11:40 часот и слетување во 14:00 часот локално време. Трансфер од аеродромот до хотелот и сместување. Во 16:00 часот започнува организирана пешачка тура со разглед на Измир – градот каде Европа се пресретнува со турската традиција и култура и кој изобилува со бои, мириси и вкусови, посета на Кordonboyu заливот, пристаниште на Измир и посета на Отоманската саат кула и Кемералти Базар, најраздвижениот и шаренолик дел на градот. Слободно време за прошетка по приморската улица – Алеа кордон, позната по ноќен живот. Ноќевање.

Втор ден: 19.04.2025 (сабота)
Појадок. Во 09:00 часот состанок на групата и факултативно заминување кон волшебното, недопрено градче Алачати или таканаречен “скриениот скапоцен камен на Турција”. Алачати е еден од најубавите традиционални градови во Турција. Градот изобилува со камени куќи обоени во пастелни бои, живописни тесни улички од калдрма украсени со многу цвеќе и орнаменти и ресторани со поставени маси низ тесните улици. Градот е познат и по ветерниците, прекрасните песочни плажи, бутик хотелите и луксузните ресорти. Кратка градска тура и време за индивидуални активности. Заминување кон Чешме, атрактивното и светски познатото летувалиште кое е најзападниот приморски град во Турција и се наоѓа веднаш спроти грчкиот остров Иос. Посета на клубот на јахтите на Чешме. Планирано враќање во хотелот во 18:00 часот. Слободно време со можност за посета на една од многуте православни цркви во градот во пресрет на Христовото Воскресение. Ноќевање.

Трет ден: 20.04.2025 (недела)
Појадок. По појадокот можност за факултативна екскурзија на ЕФЕС И КУЌАТА НА БОГОРОДИЦА. Ефес, трет по големина град во времето на Римската Империја, кој порано бил најзначаен трговски центар во медитеранскиот регион. Антички Ефес – легенда за Грците и Римјаните, најголемото поле со урнатини во светот, сместено под врвот Пион и Булбулдаа, во близина на третото светско чудо – Храмот на Артемида -најголемиот музеј под отворено небо во модерна Западна Турција, едно од седумте чуда на Стариот век. Продолжуваме со посета на  Куќата на Богородица – едно од најважните места за посета од целиот христијански свет каде мајката божја ги проживеала последните 7 години од својот земен живот. Се верува дека живеела тука по прогоните од Ерусалим, а тука престојувал и апостолот Павле. Да се поклониш и да запалиш свеќа пред иконите – една за живите и една за покојникот, духовно да се очистиш, да се напиеш вода од лековитиот извор за здравје, љубов и среќа, да се полееш за најблиските и да врзете белешка со желба за Ѕидот на желбите… Одличен спој на античка приказна и архитектура. Ручек во традиоционален ресторан. Попатна посета на православното село Ширинџе, каде ќе имате можност да го вкусите светски познатото вино. Ова старо православно село кое преживеало од 19 век е познато по камените улици, вината и рестораните кои служат локални деликатеси. Во селото ќе видите остатоци од неколку римски аквадукти бидејќи селото било важен извор на вода за древниот Ефес. Тој е добро заштитен и редок и атрактивен пример на отоманската христијанска архитектура. Планирано враќање во хотелот во 18:00 часот. Слободно време. Ноќевање.

Четврти ден: 21.04.2025 (понеделник)
Појадок. Одјавување од хотел. Заминување и трансфер кон аеродром во 08:00 часот локално време. Полетување за Скопје во 11:05 часот. Пристигнување во Скопје во 11:25 часот локално време.

Промо цена за резервации до 10.03.2025:  369€ / 22.880 мкд

 Редовна цена на аранжманот –  399 / 24.740 мкд

Во цената е вклучено:

  • Директен авионски лет со Pegasus Airlines согласно следниот итенерар и согласно политика на авиокомпанијата :

18/04/2025 Fri PC1572 Skopje – Izmir 11:40 14:00 PPAGT/QC
21/04/2025 Mon PC1571 Izmir – Skopje 11:05 11:25 PPAGT/QC

  • Вклучен чекиран багаж од 20 кг по лице и рачен кабински багаж од 8кг по лице согласно политика на авиокомпанија
  • Три ноќевања со појадок во хотел Piano 3* (https://pianohotel.com.tr/) во Измир
  • Туристичка такса
  • Организиран трансфер аеродром-хотел-аеродром
  • Сите трансфери по програма
  • Пешачка тура низ Измир со локален водич на англиски јазик
  • Организација на аранжманот и лиценциран придружник за време на целото патување.

Во цената не е вклучено:

  • Целодневна факултативна посета на Aлачати и Чешме со водич – 45€ по лице (за минимум 20 лица)
  • Целодневна факултативна посета на Ефес со влезница за куќата на Богородица (вклучен ручек, локален водич и посета на православното село Ширинџе) – 150€ по лице (за минимум 9 лица)
  • Задолжително патничко-здравствено осигурување (информации во агенција)
  • Бакшиш за возач и водич
  • Индивидуални трошоци
  • Доплата за еднокреветна соба 75€
  • Трето лице во трокреветна соба – 10% попуст

Напомени и услови:

  • Цените се дадени по лице за сместување во двокреветни соби
  • За реализација на ова патување потребен е минимум од 20 патници
  • Цените се изразени во евра, уплатата е исклучиво во денараска противвредност (1 евро=62 мкд)
  • За резервација задолжителна уплата на аванс од 30% од вкупниот износ на аранжманот. Целосна доплата на аранжманот е 10 дена пред термин на поаѓање
  • Агенцијата го задржува правото на промена на редоследот на програмата во случај на непредвидени објективни причини, како на пример застој во сообраќајот, доцнење на летот, затвореност на некој од локалитети предвидени за посета …
  • Факултативните излети ги организира локална туристичка агенција, пријавување и плаќање на излетите се прави на лице место
  • Организиторот го задржува правото во случај на недоволен број на пријавени лица факултативата да ја откаже или да ја зголеми цената
  • Агенцијата го задржува правото за отказ на аранжманот најмалку 5 дена пред поаѓање поради недоволен број на патници или виша сила
  • Пасошот мора да биде со важност мин. 6 месеци од денот на враќањето.
  • За патувањето важат општите услови на СКТМ

СЛИКИ:

ОТКАЗ НА РЕЗЕРВАЦИИ:

За отказ на резервација важат опшите услови , односно:

  • за отказ до 30 дена пред патувањето се задржува 30% од сумата.
  • за отказ 29 до 15 дена пред патувањето се задржува 50% од сумата.
  • за отказ 14 до 5 дена пред патувањето се задржува 80% од сумата.
  • за отказ 5-0 дена пред патувањето се задржува 100% од сумата.
  • Доколку патникот се откажува од аранжманот пред почетокот на патувањето, поради причини кои не можел да ги предвиди, избегне или отстрани (болест, повреда или смрт во потесното семејство, елементарна непогода или слично), а врз основа на важечка потврда од надлежните органи, во тој случај не ги плаќа отказните трошоци по наведената скала, туку само реалните трошоци произлезени од откажувањето на аранжманот, за кои организаторот е обврзан да ги плати на крајниот давател на услугата, без право на рефундација
  • Доколку патникот се откажува од аранжманот по почетокот на патувањето (за време на патување или за време на престој во местото на патување), поради настани кои се резулатат на влијание на “виша сила” (воени настани, терористички акти, елементарни непогоди, сообраќајни незгоди или слично), кои ниту патникот ниту организаторот не можел да ги предвиди, избегне или отстрани, организаторот не носи одговорност ниту има обврска за поврат на средства за нереализирани услуги, освен доколку крајниот давател на услугите прифати и изврши рефундација на истите.

 ПРИГОВОРИ И ПОПЛАКИ:

  • Во случај на неадекватно сместување или било кој друг проблем, се молат патниците за тоа веднаш да го известат одговорното лице на објектот или представникот. Доколку проблемот не биде решен, веднаш треба за истиот да се извести ОРГАНИЗАТОРОТ НА ПАТУВАЊЕТО и уплатното место каде сте склучиле Договор за патување, за време на првиот ден од сместувањето и почетокот на ова програма. Напоменуваме дека рекламации за кои агенцијата ќе дознае на последниот ден од престојот или по враќањето на патниците, истите нема да бидат земени во предвид или разгледани.
  • Ве молиме во случај на било каков инцидент (кражба, тепачка, сообраќајна незгода….), да се обратите на надлежните инситуции во земјата на престојот. Организаторот на патувањето единствено е задолжен да Ви помогне при посредување меѓу вас и надлежните институции
  • Составен дел од оваа програма се Општите услови на патување на организаторот на патувањето. За сите информации дадени усмено, агенцијата не сноси одговорност. Ве молиме внимателно да ги прочитате условите на патување кои се составен дел од овој програм. 

Важат Општите услови на СКТМ и Т.А. С-ТРАВЕЛ