You are currently viewing Кипар во Октомври 2025

Октомври во Кипар
6 дена / 5 ноќевања / Авион

КИПАР живописен остров во Средоземното море кој постојано го привлекува вниманието на илјадници туристи, влијанието на средоземната медитеранска клима и неговата местоположба се причина во Кипар да доминираат сончеви денови преку целата година. Територијално островот е поделен помеѓу Турција – Северен Кипар и Грција –Јужен Кипар. Службените јазици се грчки и турски. Главниот град Никозија или Лефкозија и најголем град на островот. Поголеми градови се Лимасол и Ларнака во грчкиот и Киренија и Фамагуста во турскиот дел. Ларнака,големото шеталиште со палми и соленото езеро со фламингоси се дел од причините да се биде тука… Лимасол,модерен, богат, град кој поради многу нешта претендира да стане економски центар на Кипар…Никозија, античкинаречена Ледра, град кој припаѓа на две држави. Интересно е да се биде во град каде што со пасош ќе преминете улица…

ПРОГРАМА

1 ден 18.10.2025 (сабота)  Солун  – Ларнака
Состанок на групата на групата на аеродром Солун во 11.00 часот по грчко време и чекирање на лет Wizzair. Полетување за Ларнака во 13,20 часот по грчко време.  Пристигнување на аеродромот во Ларнака во 15.00 часот.  Запознавање со прогрaмата и нашите водичи. Трансфер и сместување во хотел Corfu 4* – Agia Napa www.corfuhotel.com.cy Попладнето слободно време за посета на познатото туристичко место и можност за релаксација на плажа. Уживаме  во ноќта меѓу локалното население, атмосфера и храна. Ноќевање1.
2 ден 19.10.2025 (недела)   Агиа Напа-Никозија
Појадок.  Слободен ден или организирано  (факултативно 60 еур) заминување и посета на главниот град на Кипар – Никозија.  Град поделен на два дела и две временски зони, граница и пасошка контрола.  Фактот дека се преминува од една во друга држава за само 2 минути и поместувањето на часовникот за еден час понапред  е  посебно искуство.  Најинтересниот дел на Грчката страна од градот е  наречен  Laiki Getonia , исполнет со голем број на продавници, кафичи, атељеа  и тесни улички.   Посета на Кипарскиот Археолошки музеј кој поседува голема колекција  на предмети од преку 9000 годишна историја на островот.  Голем број од старите куќи се рестарвирани, а во рамките на стариот град  се наоѓа  Етнографскиот музеј, Катедралата на Св Јован, големата палата на  Архиепископот  Макариос  III  првиот и доживотен претседател на републиката,  како и најголемата банка на Кипар за која се кажува дека е во сопственост  на Кипарската православна цркава. Ќе го посетиме Бујук Хан. Слободно време за ручек – факултативно.  По ручекот се заминува према зелената линија  и познатиот зид кој  го дели Кипар на Грчки и Турски дел.  Враќање во хотел во Агиа Напа.  Слободна вечер со можност за искусување на ноќниот живот. Ноќевање2.
3 ден 20.10.2025 (понеделник)  Агиа Напа – Северот на Кипар – Фамагуста   
Појадок. Слободен ден или организирана  екскурзија (факултативно 70 еур)  на Фамагуста. Екскурзијата ја започнуваме со застанување на чекпоинтот Деринија каде ќе се запознаеме со историски моменти на Кипар, со отворање на два контролни пункта по повеќе од половина век. Официјални лица од двете страни ги отвориле ови гранични премини  за првпат по многу години, поддржани од ОН. Поделеноте кипарски Грци поминувале низ источниот граничен пункт Деринија, минувајќи покрај мировниците на Обединетите нации кон отцепениот север поддржан од Турција. Во исто време, преминот Лефка-Аплики бил отворен во северозападниот дел на источниот медитерански остров. Пред повторното отворање на преминот Деринија, војниците ги отстраниле бариерите завиткани со ‘рѓосана бодликава жица. Продолжуваме кон Градот на Духовите-Фамагуста.Фамагуста, грчки Амохостос, турски Гази Магуса, главно пристаниште во делот на северен Кипар под управа на кипарските Турци. Лежи на источниот брег на островот во заливот помеѓу Кејп Греко и Елоеа и е на околу 50 км источно од Никозија. Пристаништето се одликува како најдлабокото пристаниште на Кипар. Фамагуста е франска кованица  на неговото грчко име, што значи „закопана во песок“, опис на заленото устие на реката Педиеос северно од градот. Основана е како Арсиноа од македонскиот египетски крал Птоломеј II (308–246 п.н.е.). Ќе ја посетиме Готската црква Св.Никола. Враќање во Агиа Напа. Слободна вечер. Ноќевање 3.
4 ден 21.10.2025 (вторник) Агиа Напа- Пафос- Лимасол – плажа Афродита
Појадок. Слободен ден или можност за организирана посета (факултативно 80 еур)  на Пафос и митското место каде е родена божицата Афродита (старогрчки: Ἀφροδίτη) — старогрчка божица на убавината, сензуалната љубов и плодноста. Значењето на нејзиното име е непознато, иако старите Грци верувале дека тоа се однесува на пената. Многу е веројатно дека ова верување произлегува од приказната за нејзиното раѓање. Родена од морската пена Според едно старо предание, кое го застапувал и Хомер, таа била ќерка на Зевс и Диона; а според поново, кон кое се придржувал Хесиод, родена е од морска пена (ἀφρός) која се создала кога Крон ги фрлил гениталиите на Уран во морето.Веднаш по раѓањето, излегла од морето на брегот на островот Кипар. Одовде нејзините атрибути се: Ἀφρογενεια (родена од пена), Αναδυόμενη (која се појавува, излегува), Κυπρογένεια (родена на Кипар). Божицата Афродита била особено почитувана на островите Китера и Кипар, како и на кипарскиот град Пафос, каде бил изграден голем храм во нејзина чест. Божица на плодноста Првично, кипарската Афродита, најверојатно, била божица на плодноста, многу слична на блискоисточната божица Иштар-Астарта. Појавувајќи се меѓу Грците, таа била персонифицирана со сексуалност и усрдно обожувана како на универзална сила. Многу локални светилишта посветени на неа биле изградени ширум копнениот дел на Грција, а нејзините култови различно се менувале од место до место. Илјадници посители го посетуваат ова место зошто постои верување дека дава плодност. Потоа продолжуваме кон   Замокот Пафос Оваа тврдина е една од главните атракции на Кипар. Го граделе Византијците, но по најсилниот земјотрес во XIII век бил скоро целосно уништен. Утврдувањето било обновено, но веќе во XIV век Венецијанците сами го расклопувале за да не падне зградата на турските војски што напредувале. После долг отпор, Османлиите успеале да го заземат градот и во 16 век тие сами изградиле на местото на величествениот замок, кој преживеал до денес. Долго време имаше затвор во рамките на неговите sидови, но сега тие вршат екскурзии таму за бројни туристи.За минување за Лимасол Лимасол – вториот по големина град на Кипар, кој се наоѓа на јужниот брег и е познат по своите плажи и архитектонски знаменитости. Историјата на градот има повеќе од 4 илјади години, и се поврзува неколку култури и епохи. Во градот живеат потомци на античките Грци и Турци. Место Лимасол – античка архитектура, одлична клима и многу можности за интересни забава. Лимасол се смета за еден од најпознатите весели градови на островот, често е домаќин на разни фестивали – цвеќиња, вино жетвата. Новата година започнува со светли карневал, кој вклучува локалните жители и посетители. клима дозволува на градот да го посетат островот во секое време од годината, воздухот и температурата на водата тука не падне под 17 степени и сонцето сјае речиси секој ден. Екот на сезоната во Лимасол трае од мај до октомври – во тоа време голем број на туристи од Европа и Русија се да се опуштите и видите место на Лимасол. Враќање во хотел.  Ноќевање4
5 ден 22.102025 (среда) Агиа Напа – Кејп Греко 
Слободен ден или можност за индивидуална посета на Кејп Греко (опционално) кој е достапен со јавен превоз од местото каде што сме сметени 5 Еур повратна карта. Сместен помеѓу Аја Напа и Протарас, овој крајбрежен национален парк нуди неверојатен поглед на морето, природни патеки и можност за истражување на морските пештери и нуркање во кристално чисти води. Кејп Греко е девствена област која не била предмет на човечка интервенција. Повеќе од 400 растителни видови, неколку стотици животни и птици преселници може да се најдат во националниот парк. Ловот во оваа област е строго забранет, благодарение на што е зачувана природната разновидност. Враќање во хотел. Слободна вечер. Ноќевање5
6 ден 23.10.2025 (четврток)  Агиа Напа-Ларнака- Солун 
Појадок. Одјавување од хотел во 09.00 часот. Трансфер до аеродромот во Ларнака во 14.00 часот . Чекирање, пасошки и царински формалности. Полетување од Ларнака  во  19.40  часот, а пристигнување во Солун во 21.55 часот.  Заминување за Македонија за групата со организиран превоз  и пристинување во вечерните часови. Организирани трансфери по градови.

Цена на аранжманот: 519 Eur/32.178 ден
Цена за уплата до 31/08/2025:  483 Еур/29,946 ден           

Во цената се вклучени следниве услуги:

  • Авиокарта Солун-Ларнака РТ со вклучен рачен багаж (30х40х20- 10кг)
  • Трансфери аеродром Ларнака-хотел и обратно
  • 5 ноќевања со појадок  во  хотел Corfu  4* (плажа, базени) во Агиа Напа http://www.corfuhotel.com.cy/
  • Организација и водство на патувањето

Во цената не се вклучени следниве услуги:

  • Организиран трансфер (Битола/ Прилеп /Кавадраци/ Велес/Скопје – Солун и назад ) 50 Еур
  • Екскурзија  Никозија 60 Еур
  • Ексурзија Фамагуста  70 Еур
  • Екскурзија Пафос-Афродити 80 Еур
  • Багаж 10кг (55 x 40 x 23 cm)– информација во агенција
  • Туристичка такса 1,5€ по соба од ден, наплата на рецепција во хотел
  • Влезници за посета на локалитетите
  • Паркинг аеродром Солун (35 Еур/ кола /5 дена)
  • Патничко и здравствено осигурување 150 мкд
  • Доплата за 1/1 соба 149 Еур  
  • 1 и  2 дете: 2-12 години 399 Еур 

НАПОМЕНА : За реализација на овој аранжман, потребен е минимум од 20 патници, во спротивно, крајниот рок за известување околу евентуален отказ на аранжманот е најкасно 5 дена пред датумот на поаѓање. Организаторот на патувањето го задржува правото за измена на редоследот на поедини содржини во програмата. Важат Општите услови за патување на СКТМ и ТА Ариес.

Информации за времето на Кипар во отомври

Времето на Кипар во октомври е сончево со дневни температури од 26-34 °C. Октомври е еден од најдобрите месеци за посета на Кипар. Времето е убаво и топло, но без вишок летни горештини. ИДЕАЛНО ЗА ВИСТИНСКИ ОДМОР.
Што да носите за време на вашите празници во Кипар
Времето е  одлично за пливање, сончање, разгледување знаменитости, истражување на селата и уживање во вашите омилени спортови.
1. Просечно време во октомври
Сончево и топло!
Сончеви денови: 95% од деновите ќе бидат сончеви.
Дожд: многу ретко
Дневна температура: 26-34 °C
Пливање: Температура на водата 25-29 °C
Зајдисонце: Сонцето заоѓа во 19:00 часот

НАПОМЕНИ:

  •  Цените се по лице за сместување во двокреветни соби.
  • За реализација на аранжманот потребен е минимум од 20 патници. За резервација задолжителна уплата на аванс од 30% од вкупниот износ на аранжманот. Целосна доплата на аражманот е 10 дена пред поаѓање.
  • Усни и телефонски резервации се невалидни. 
  • Плаќањето е исклучиво во денарска против вредност по курс 1 евро = 62,00 денари.   За реализација на факултативните излети потребен е минимум од 15 патници. При резервација задолжително е пријавување кои од понудените факултативи ќе ги користи патникот како би можела агенцијата навремено да ги организира истите.                                                                                                     
  • Агенцијата го задржува правото на промена на редоследот на програмата во случај на непредвидени објективни причини, како на пример застој на граница, доцнење на летот, застој во сообраќајот, затвореност на некој од локалитети предвидени за посета
  •  Организаторот на патувањето го задржува правото по пат на ultra first или last minute понуда да ги објави и продаде слободните места по цени кои се разликуваат од оние кои се веќе објавени.
  • Лицата кои го уплатиле аранжманот по редовен ценовник, немаат право на надомест на средства за разлика во цена.
  • Агенцијата го задржува правото на отказ на аранжманот 7 дена пред поаѓање доколку не е исполнет бројот на пријавени лица предвидени по програмата за ова патување. Патникот има обврска пред поаѓање 24 часа да ја контактира агенцијата за потврда на точното време и место на поаѓање.
     Патната исправа треба да е валидна минимум 3 месеци по завршувањето на аранжманот.

Важат Општите услови на СКТМ и Т.А. С-ТРАВЕЛ