LESSE 4* – Ханиоти
LESSE 4*, хотел, се наоѓа на 98 километри од град Солун и аеродромот Македонија, на зелениот полуостров Касандра, со поглед на тиркизните води на Торонскиот залив. Тоа е навистина посебно место кое е создадено со страст и грижа за да го смести секој патник кој бара грчко гостопримство и секое семејство кое сака да ги помине безгрижно денови од својот летен одмор.
Хотелот нуди, детско игралиште, разни игри како мини голф, пинг-понг, билијард и одбојка. Има надворешен базен, детски базен како и водена река со мини водопад каде можете да уживате во свежината на топлите летни денови.
Хотелот се состои од 16 четворокреветни и трокреветни апартмани, 72 трокреветни и двокреветни соби
Сите соби се модерно дизајнирани.
ЗА ДОПОЛНИТЕЛНИ ИНФОРМАЦИИ НА СЛОБОДНИ СОБИ И ТЕРМИНИ КОНТАКТИРАЈТЕ НЕ ВО АГЕНЦИЈА!
СЛИКИ:
Приговори и поплаки:
- Во случај на неадекватно сместување или било кој друг проблем, се молат патниците за тоа веднаш да го известат одговорното лице во хотелот. Доколку проблемот не биде решен, веднаш треба за истиот да се извести ОРГАНИЗАТОРОТ НА ПАТУВАЊЕТО и уплатното место каде сте склучиле Договор за патување, за време на првиот ден од сместувањето и почетокот на ова програма. Напоменуваме дека рекламации за кои агенцијата ќе дознае на последниот ден од престојот или по враќањето на патниците, истите нема да бидат земени во предвид или разгледани.
- Ве молиме во случај на било каков инцидент (кражба, тепачка, сообраќајна незгода….), да се обратите на надлежните инситуции во земјата на престојот. Организаторот на патувањето единствено е задолжен да Ви помогне при посредување меѓу вас и надлежните институции
- Составен дел од оваа програма се Општите услови на патување на организаторот на патувањето. За сите информации дадени усмено, агенцијата не сноси одговорност. Ве молиме внимателно да ги прочитате условите на патување кои се составен дел од овој програм.