ВИЕНА ВО МАРТ – ПРОЛЕТ ШТО БУДИ ЕЛЕГАНЦИЈА !
Март ја претвора Виена во елегантна пролетна приказна. Градот се буди од зимата, парковите цветаат а старите виенски кафулиња повикуваат на уживање со мирисно кафе и парче Sacher cake – најпознатата чоколадна торта од Виена.
1 ден 05.03.2026
Планирано поаѓање од Битола во 12.00 часот. Денско и ноќно патување преку Србија и Унгарија со попатни паузи и царински формалности.
2 ден 06.03.2026
Пристигнување во Виена во утринските часови. По пристигнувањето започнуваме со панорамски разглед на градот со локален водич: плоштадот Рингштрасе, Операта, Парламентот, општината Ратхаус, Катедралата Св. Стефан , градската палата, Универзитетот, палатата Белведере, , Музејот на модерна уметност, Зимскиот дворец Хофбург… Сместување во хотел. Слободно време за индивидуални активности. Ноќевање.
3 ден 07.03.2026
Појадок. После појадокот можност за посета на Братислава – град што плени на прв поглед, сместен на бреговите на реката Дунав. Стариод дел од градот е вистински лавиринт од тесни улички, традиционални куќи и скулптури кои го прават градот препознатлив. Дворецот над градот изгледа како чувар на историјата а погледот кон Дунав е едноставно незаборавен. Разгледот на градот ќе биде со локален водич: средовековниот плоштад со Роландовата Фонтана, Градското собрание, Михалската порта, катедралата Св.Мартин, Словачкиот народен театар, барокната палата каде Моцарт ги изведувал своите дела, Палатата Паули. Следува слободно време за индивидуални прошетки.
По разгледот на Братислава собир на групата и се упатуваме кон еден од најголемите аутлет шопинг центри Designer Outlet Parndorf – рај за шопинг љубителите, место каде модата, попустите и ужувањето се спојуваат во едно. Со повеќе од 160 брендови од спортска опрема до луксузни модни парчиња и кафе пауза помеѓу продавниците ќе имате можност не само да правите шопинг туку и да уживате во убаво уредените улички и пријатната атмосфера.
По разгледите во договорено време со водичот враќање во Виена. Слободно време за индивидуални прошетки. Ноќевање.
4 ден 08.03.2026
Појадок. По појадокот се одјавуваме од хотелот и се упатуваме кон дворецот „Шенбрун“ (факултативна посета) со локален водич – (дворецот Шенбрун е познатата летна Хабзбуршка резиденција, кој е изграден 1.700 г. и е еден од најважните културни споменици во Австрија. Посетуван е од повеќе од 5 милиони туристи годишно. Палатата и паркот кој го опкружуваат говорат за животот на многу познати личности меѓу кои: Марија Антоанета, Моцарт, Наполеон и кралот Франц Јосиф). Патниците кои не доаѓаат на оваа факултатива ќе го користат слободното време во центарот на Виена. Во договорено време со водичот собир на групата и поаѓање кон Македонија со попатни паузи за одмор и царински формалности.
5 ден 09.03.2026
Пристигнување во Македонија во пладневните часови – зависно од гужвите по граници и сообраќајот.
РОДЕНДЕНСКА ЦЕНА 189 ЕУ ЗА РЕЗЕРВАЦИИ СО ЦЕЛОСНА УПЛАТА ДО 15.01.2026
ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ за резервации до 31.01.2026: 199 €
ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ : 249 €
Во цената е вклучено:
- Превоз на дадената релација со високотуристички автобус (Битола,Прилеп,Росоман,Велес,Скопје,Куманово)
- Сместување во хотел со 3* во Виена (околина)– 2 ноќевања со појадок
- Лиценциран пратител за време на патувањето
Во цената не е вклучено:
- Разглед на Виена со локален водич– 25€ – задолжително
- Влезница за дворецот Шенбрун (превоз + влезница + локален водич) – 60€
- Излет Братислава со OUTLET SHOPING CENTER PARNDORF )- 55€
- Задолжително патничко осигурување –информации во агенција !
Доплата за еднокреветна соба – 60 еу
Туристичка такса 2,5€ по ден по лице
НАПОМЕНИ ЗА РАСПОРЕД НА СЕДЕЊЕ ВО АВТОБУС: Со потпишување на договорот за патување, патникот е должен да го прифати местото во автобус кое ќе му го додели агенцијата. Дополнителни промени не е можни. Агенцијата го прави распоредот на седење, земајќи ги во предвид постарите лица, семејствата со мали деца, трудници, како и периодот на уплатата. Ако патникот сака да резервира одредено седиште, при уплатата во агенцијата може да доплати 10 евра по лице за селекција на седиште (освен првиот ред, кој е резервиран за персоналот).
НАПОМЕНА:
- За реализација на програмата потребни се минимум 40 лица, во спротивно, крајниот рок за известување околу евентуален отказ на аранжманот е најкасно 5 дена пред датумот на поаѓање.
- Плаќање во денарска противвредност 1 евро = 62 денари
- Пасошот треба да биде валиден минимум 3 месеци од денот на ваќањето.
- Агенцијата го задржува правото за промена на термините за излетите
- За патувањето важат општите услови на патување.
- Доколку дојде до непредвидена „виша сила“ за нереализирање на патувањето, поради ситуации кои агенцијата не можела да ги предвиди, уплатените средства ќе бидат вратени на клиентот.
- Доколку патувањето се реализира според планираното и нема никакви пречки за негова реализација, а дојде до откажување од страна на патникот, тогаш откажувањето ќе се реализира во согласност со општите услови за патување.
- Во случај да дојде до промена на монетарниот пазар или недоволен број на пријавени патници, агенцијата го задржува правото да ја коригира цената и да направи промена во програмата, како и да ја спои турата со друга агенција.
- Патниците самите сносат одговорност за личните и патните документи и нивната важност.