You are currently viewing Врњачка Бања 11 Октомври

ВРЊАЧКА БАЊА

​Во Врњачка Бања има седум минерални извори. Тоа се: Топла вода, Слатина, Снежник, Езеро, Борјак, Бел извор и Врњачко врело, од кои четири се користат за терапии (Топла вода, Снежник, Езеро и Слатина), додека водите од три извори се флашираат како природни минерални води (Врњци – Борјак, Борјак 3 и Белимарковац за Елемент вода).

1 ден 10.10.2026 Состанок на групата на спортска сала во Битола во 04:00 часот. Патот води преку граничниот премин Табановце со кратки попатни паузи за одмор и царински формалности. Пристигнување во Врњачка Бања. Следува пешачки разглед на Врњачка Бања: Мостот на Љубовта, изворот Топла Вода, Римските извори, изворот Снежник, изворот Језеро и изворот Слатина… По разгледот сместување во хотел, слободно попладне за одмор, релаксација и користење  на СПА содржините на хотелот. Ноќевање.  

2 ден 11.10.2026 Појадок. Слободно време за индивидуални активности, можност за користење на СПА содржините во цената. Ноќевање.

4 ден 12.10.2026 Појадок. По појадокот можност за факултативна посета на манастирот Жича и тврдината Маглич. Манастирот со потекло од првата половина на 13от век, познат е по тоа  што тука бил крунисан тогашниот прв крал на Србија, Стефан Немања, братот на Свети Сава. Внатрешноста на црквата е облагородена со фрески кои водат потекло од раниот 13ти век и припаѓаат на т.н. Златно доба на српското сликарство. Манастирот заради своето особено значење денес е заштитен како споменик на културата на Србија. Патувањето се одвива преку граничниот премин Табановце, со кратки попатни паузи за одмор и обавување на царински формалности. Планирано пристигнување во Македонија во вечерните часови.

Промо цена: 169 евра 
 Редовна цена: 189 евра

Во цената е вклучено:

  • Превоз со туристички автобус на наведената релација
  • Сместување во хотел 4* , 2 ноќевања со поjадок
  • Организирана прошетка и разглед низ Врњачка Бања
  • Секојдневно користење на Велнес и Спа центар (вклучени бањарки, крпи, влечки) 
  • Организација, реализација и лиценциран придружник на патувањето.

Во цената не е вклучено:

  • Задолжително патничко-здравствено осигурвање;
  • Доплата за туристичка такса 4 евра за 2 ноќи 
  • Факултативна посета на манастирот Жица 15€ 
  • Доплата за еднокреветна соба 40 евра ден на цената на аранжманот

Важат Општите услови за патување на СКТМ и С-ТРАВЕЛ