You are currently viewing Макпетрол 4* Струга – Нова Година 2023

МАКПЕТРОЛ 4* СТРУГА

НОВА ГОДИНА 2023

ОПИС

Хотелот Макпетрол е лоциран во прекрасен шумски амбиент со извонредно уредено опкружување, позиција и поглед кон Охридското Езеро. Недалеку е од Градот Струга и на десетина километри од Охридскиот аеродром. Располага со сопствен паркинг, сопствена песочна плажа, базени и рекреативни спортски терени.
Хотелот е ISO 22000:2005 и HACCP сертифициран.

Хотелот располага со 46 двокреветни соби и три апартмани. Сите соби се климатизирани, со тоалет, телефон, мини бар, сателитска ТВ и тераса со поглед кон Охридското Езеро.. Во апартманите има и џакузи, мини бар, мини кујна и приклучок за интернет.

ЦЕНОВНИК

– Аранжман со 3 ноќевања на база полупансион (свечена вечера со музика на 31.12.2022 и 01.01.2023) 
210 евра по лице за аранжман

– Аранжман со 2 ноќевања на база полупансион (свечена вечера со музика на 31.12.2022 и 01.01.2023)
160 евра по лице за аранжман

– Свечена вечера со музика за дочек на Новата година на 31.12.2022 година
30 евра по лице

– Свечена вечера со музика на 01.01.2023 година
25 евра по лице

ДДВ и такса за привремен престој се вклучени во цената.
Во цената не се вклучени пијалоци и истите ќе се наплаќаат по потрошено.
Плаќање: 30% гаранција со потврда на резервацијата, остатокот најдоцна до 20.12.2022 година.

ПРИГОВОРИ И ПОПЛАКИ:

  • Во случај на неадекватно сместување или било кој друг проблем, се молат патниците за тоа веднаш да го известат одговорното лице на рецепцијата . Доколку проблемот не биде решен, веднаш треба за истиот да се извести ОРГАНИЗАТОРОТ НА ПАТУВАЊЕТО и уплатното место каде сте склучиле Договор за патување, за време на првиот ден од сместувањето и почетокот на ова програма. Напоменуваме дека рекламации за кои агенцијата ќе дознае на последниот ден од престојот или по враќањето на патниците, истите нема да бидат земени во предвид или разгледани.
  • Ве молиме во случај на било каков инцидент (кражба, тепачка, сообраќајна незгода….), да се обратите на надлежните инситуции во земјата на престојот. Организаторот на патувањето единствено е задолжен да Ви помогне при посредување меѓу вас и надлежните институции.
  • Составен дел од оваа програма се Општите услови на патување на организаторот на патувањето. За сите информации дадени усмено, агенцијата не сноси одговорност. Ве молиме внимателно да ги прочитате условите на патување кои се составен дел од овој програм.

Важат Општите услови на СКТМ и Т.А. С-ТРАВЕЛ