You are currently viewing Aquilon Spa 3* – Село Бања 2024/2025

Aquilon Spa 3* – Село Бања

ОПИС:

Село Бања лоцирано во мирна околина и многу блиску до популарното скијачко одморалиште Банско, хотелот Aquilon SPA е погоден и за ентузијасти за зимски спортови и за госити кои сакаат да се релаксираат во топлата минерална вода и спортски активности.
Посетителите на современиот СПА центар на хотелот имаат привилегија да уживаат во бројни простории за третман, парна бања, сауна, топла када, разни видови масажи, голем затворен термички базен и отворен базен со минерална вода.
Во сите простории за третман, како и во базените, природно топлата минерална вода се користи од сопствениот минерален извор на хотелот, кој е познат по своите лековити својства.

СЛИКИ:

ЦЕНОВНИК до 31.01.2025

Сместување капацитет до 31.01.2025
Двокреветна соба 2 лица 72 €
Студио 2 лица 77€ 
Едноспален апартман 3 лица 90 €
Двоспален апартман 4 лица 110 €
Дете од 6-12 г. на дополнително легло    11 €
Возрасен  на дополнително легло   15 €

Цените се во €, плаќање во денарска противвредност  1€ = 62,00 мкд

Цените се на ДЕН за СОБА и вклучуваат:

  • Богат појадок
  • Затворен базен со топлинска минерална вода / 33 ° – 36 ° С /,
  • Отворен базен со топлинска минерална вода / 30 ° – 32 ° С /
  • Парна бања, сауна, фитнес
  • Безжичен интернет
  • Паркинг
  • Bus Шатл-автобус до станицата Гондола во градот Банско (по распоред)

Доплати:

  • касно ослободување на собата (до 18:00 ч.) – 50% од редовната цена (предходно да се одобри за слободно место)
  • туристичка такса се плаќа на лице место на рецепција

Капацитет на сместување

  • Цената на двокреветна соба и студио е за 2 лица
  • Во двокреветна соба нема можност за доп.легло
  • Во студио има можност за доп. легло – со доплата
  • Цената на апартман со 1 спална е за 3 лица
  • Цената на апартман со 2 спални е за 4 лица

НАПОМЕНИ !

  • Промени и откази без пенали се прават до 14 дена пред датата на сместување на туристите.
  • При отказ до 7 дена пред датумот на пристигнување се плаќаат пенали во износ од 100% од првото ноќевање од резервираните соби.
  • При откази помалку од 7 дена пред датумот на пристигнување се плаќаат пенали во износ од 100% од уплатениот износ за резервираните соби.
Во случај на непристигнување на туристите на денот во хотелот и без да е известена туристичката агенција и хотелот се плаќаат пенали во износ од 100% од вкупната сума за сместување за целиот планиран период на престој за резервација.

ОТКАЗ НА РЕЗЕРВАЦИИ:

За отказ на резервација важат опшите услови , односно:

  • за отказ до 30 дена пред патувањето се задржува 30% од сумата.
  • за отказ 29 до 15 дена пред патувањето се задржува 50% од сумата.
  • за отказ 14 до 5 дена пред патувањето се задржува 80% од сумата.
  • за отказ 5-0 дена пред патувањето се задржува 100% од сумата.
  • Доколку патникот се откажува од аранжманот пред почетокот на патувањето, поради причини кои не можел да ги предвиди, избегне или отстрани (болест, повреда или смрт во потесното семејство, елементарна непогода или слично), а врз основа на важечка потврда од надлежните органи, во тој случај не ги плаќа отказните трошоци по наведената скала, туку само реалните трошоци произлезени од откажувањето на аранжманот, за кои организаторот е обврзан да ги плати на крајниот давател на услугата, без право на рефундација
  • Доколку патникот се откажува од аранжманот по почетокот на патувањето (за време на патување или за време на престој во местото на патување), поради настани кои се резулатат на влијание на “виша сила” (воени настани, терористички акти, елементарни непогоди, сообраќајни незгоди или слично), кои ниту патникот ниту организаторот не можел да ги предвиди, избегне или отстрани, организаторот не носи одговорност ниту има обврска за поврат на средства за нереализирани услуги, освен доколку крајниот давател на услугите прифати и изврши рефундација на истите.

 ПРИГОВОРИ И ПОПЛАКИ:

  • Во случај на неадекватно сместување или било кој друг проблем, се молат патниците за тоа веднаш да го известат одговорното лице на oбјектот или представникот. Доколку проблемот не биде решен, веднаш треба за истиот да се извести ОРГАНИЗАТОРОТ НА ПАТУВАЊЕТО и уплатното место каде сте склучиле Договор за патување, за време на првиот ден од сместувањето и почетокот на ова програма. Напоменуваме дека рекламации за кои агенцијата ќе дознае на последниот ден од престојот или по враќањето на патниците, истите нема да бидат земени во предвид или разгледани.
  • Ве молиме во случај на било каков инцидент (кражба, тепачка, сообраќајна незгода….), да се обратите на надлежните инситуции во земјата на престојот. Организаторот на патувањето единствено е задолжен да Ви помогне при посредување меѓу вас и надлежните институции
  • Составен дел од оваа програма се Општите услови на патување на организаторот на патувањето. За сите информации дадени усмено, агенцијата не сноси одговорност. Ве молиме внимателно да ги прочитате условите на патување кои се составен дел од овој програм. 

Важат Општите услови на СКТМ и Т.А. С-ТРАВЕЛ