ЕДИПСОС – ТЕРМАЛЕН ОДМОР НА ЕВИЈА
ОТКРИЈТЕ ГО ШАРМОТ НА ЕДИПСОС
Подарете си незаборавен есенски одмор во Лутра Едипсос, едно од најпознатите термални одморалишта во Грција.
Уживајте во природните топли извори, прошетките покрај море, уникатните места каде термалната вода се влева во морето и релаксирачката атмосфера на прекрасниот остров Евија.
Овој аранжман е идеален за сите кои сакаат краток, но вистински одмор, со доволно време за релаксација и индивидуално уживање.
Термални извори во Лутра Едипсос
- Термална вода која се влева директно во морето
- Панорамско патување со траект до островот Евија
- Сместување во Hotel Artemision – Spa
- Прошетка покрај морето и марината
- Разглед на Лутра Едипсос и Thermae Sylla
- Вклучена вечера
ПРОГРАМА НА ПАТУВАЊЕТО:
ВАЖНО ЗА ПАТУВАЊЕТО
Патувањето се реализира согласно утврдената програма. Наведените часови се ориентациони и може да бидат променети во зависност од сообраќајот, граничните формалности, временските услови и други непредвидени околности.
Патниците се должни да поседуваат валиден патен документ и да ги почитуваат правилата на превозникот, хотелот и траектниот превоз.
Напомена: Редоследот на посетите може да биде изменет од страна на организаторот доколку тоа го налагаат оперативните услови, без промена на суштината на програмата.
Состанок на групата на 09.10.2026 во 23:30 часот.
Поаѓање од Битола во 00:30 часот, во ноќта помеѓу 09 и 10.10.2026 година.
Патувањето продолжува кон Грција преку граничниот премин Меџитлија – Ники, со попатни паузи за одмор и обавување на граничните формалности.
Пристигнување во пристаништето Глифа и качување на траект кон Агиокампос, на островот Евија. По пристигнувањето, продолжување кон познатото термално одморалиште Лутра Едипсос.
Пристигнување и сместување во Hotel Artemision – Spa, согласно хотелските правила.
По краток одмор, следува организирана пешачка прошетка и запознавање со убавините на Лутра Едипсос:
Природните термални извори
Местата каде топлата термална вода се влева директно во морето
Променадата покрај морето
Центарот и марината
Надворешен разглед на познатиот хотел Thermae Sylla
Слободно време за индивидуални прошетки, кафе и уживање во уникатната атмосфера на Едипсос.
Вечера.
Ноќевање.
Појадок. Цел ден слободен за уживање во Лутра Едипсос и неговите познати термални извори.
Искористете го денот за вистинска релаксација и одмор:
Посета на природните термални извори
Уживање покрај морето и местата каде термалната вода се влева во морето
Можност за индивидуално користење на термални бањи
Можност за користење на термалниот базен во Hotel Artemision – Spa, со доплата
Можност за дополнителни Spa и wellness услуги
Прошетка покрај море
Слободно време за кафе, ручек и уживање во локалната атмосфера
ПО ЖЕЛБА – ФАКУЛТАТИВНА ЕКСКУРЗИЈА:
ДУХОВНО ПАТУВАЊЕ НИЗ СЕВЕРНА ЕВИЈА
За заинтересираните патници, можност за факултативна екскурзија со посета на:
Манастир Св. Ѓорѓи – Илија
Манастир Св. Давид Стариот
Посета на две православни светилишта сместени во прекрасната природа на Северна Евија.
По завршувањето на екскурзијата, враќање во Едипсос и слободно време.
Цена: од 15 € по лице.
Факултативната екскурзија се реализира со минимум потребен број од 25 пријавени патници.
За патниците кои нема да учествуваат во факултативната екскурзија, денот останува целосно слободен за термален одмор и релаксација.
Вечера.
Ноќевање.
Појадок.
Одјавување од хотелот согласно хотелските правила.
Слободно време во Лутра Едипсос до времето предвидено за заминување. Можност за последна прошетка, кафе или индивидуална посета на термалните извори.
Во договореното време заминување кон пристаништето Агиокампос.
Качување на траект и преминување кон Глифа, по што продолжуваме кон Македонија.
Патувањето продолжува со попатни паузи за одмор и обавување на граничните формалности.
Планирано пристигнување во Македонија во вечерните часови.
ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ ВКЛУЧУВА:
ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ ВКЛУЧУВА:
Автобуски превоз на релација Македонија – Едипсос – Македонија;
- Превоз со траект на релација Глифа – Агиокампос – Глифа;
- 2 ноќевања во Hotel Artemision – Spa;
- 2 појадоци шведски стол;
- 2 вечери во локален ресторан – сет мени;
- Организирана пешачка прошетка низ Лутра Едипсос;
- Туристички придружник за време на патувањето;
- Организација и реализација на аранжманот.
ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ ВКЛУЧУВА:
- Задожително патничко и здравствено осигурување;
- Туристичка / Climate Resilience Tax – 5 € по соба, по ноќевање, која се плаќа директно во хотелот;
- Користење на термалниот базен и дополнителни Spa и wellness услуги;
- Факултативна екскурзија до манастирите;
- Останати индивидуални и неспоменати трошоци.