You are currently viewing Евиа – Лето 2026

ЕВИА 2026 – ЛЕТО КОЕ ЌЕ ГО ПАМЕТИТЕ! 

30.07 – 03.08.2026 | 3 ALL INCLUSIVE | од 319 €*

Евиа – островот на тиркизното море 🌊

Замислете кристално чисто море и 4* хотел на чекор од плажа, со целосно ALL INCLUSIVE уживање. Безгрижен одмор со организиран превоз и спомени што траат цело лето.

Програма:

1 ден. БИТОЛА – ЕВИА 30.07.2026/26.08.2026

Состанок со групата во 23:30, тргнување за Евиа во  23:45 часот. Патувањето се одвива преку граничниот премин Меџитлија, со попатни паузи и застанувања за царински формалности.

2 ден. ЕВИА 31.07.2026/27.08.2026

Пристигнување во претпладневните часови на островот. По пристигнување во хотелот околу 14.00 часот преземање на собите и започнување со користење на услугите на хотелот и уживање на плажата и базенот.  Користење на услугите на хотелот на база (АЛЛ) СЕ ВКЛУЧЕНО. Слободно време за лични активности и уживање во базенот и морето. Ноќевање.

3 ден. ЕВИА  01.08.2026/28.08.2026

Појадок. Факултативен излет до Атина. Патување до Атина. По пристигнувањето  во Атина, одиме на разглед на главниот град на Грција со локален водич: посета на плоштадот Синтагма, Домот на Парламентот, Споменикот на непознатиот војник, Атинската академија, Универзитетот, Националната библиотека и Адријанот лак. Ќе поминеме поминеме покрај храмот на Олимпиј Зевс и посетиме стадионот Панатинаик каде што се одржаа првите Олимписки игри од модерната ера во 1896 година. На Акропол посетете ги архитектонските ремек-дела од златното доба на Атина: Слободно време за прошетка низ стариот дел на Атина познатата Плака, место богато со традиционални таверни , мали улички и продавници за сувенири. Враќање кон Евиа и нашиот хотел и време за уживање и лични активности. Ноќевање.

4 ден. ЕВИА 02.08.2026/29.08.2026

Слободен ден за лични активности и уживање во хотелската понуда. Ноќевање.

5 ден. ЕВИА – МЕТЕОРИ – БИТОЛА  03.08.2026/30.08.2026

Појадок. После појадокот заминување кон Македонија со попатна посета на Метеорите. Посета на еден од Манастирите. После слободното време заминување кон Македонија. Пристигнување во вечерните часови.

ПРОМО ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ: 339/319 евра по лице

(со резервации и уплата на 30 % од аранжманот до 31.06.2026)

Редовна цена на аранжманот: 369/349 евра по лице

Во цената на аранжманот Е вклучено:

  • Превоз со туристички автобус на дадената релација
  • 3 Ноќевања во хотел со 4* на база СЕ ВКЛУЧЕНО ( ALL INCLUSIVE) (појадок, ручек, вечера, пијалаци

( Алкохолни , безалкохолни, коктели кафе за време на оброците како и на барот покрај базенот и на сама плажа), сладоледи, сендвичи

  • Водич-пратител за цело време на патувањето од страна на Ана Турс
  • Организација и реализација на патувањето

Во цената на аранжманот НЕ Е вклучено:

  • Задолжително патничко осигурување
  • Туристичка такса се плаќа на лице место во хотелот при пријавување 10 € по ден по соба
  • Опционална тура за посета на Атина со локален водич 60 € ( влезниците за Акропол и останатите места на посета не се вклучени во цената) за организација е потребен минимум од 25 патници
  • Се што не е споменато во делот вклучено во аранжманот.

ПОПУСТИ:

  • Дете од 02-5,99 плаќа 100 €
  • Дете од 6 до 11,99 плаќа 50 % од цената на аранжманот.

НАПОМЕНИ:

  • За ова патување потребно e да поседувате валиден биометриски пасош, најмалку 3 месеци пред истек.
  • Со потпишување на договорот на патниците им се доделуваат седишта според времето на уплата, доколку одредени патници имаат посебни барања за конкретно седиште истото го доплаќаат во агенција во износ од 20 €.
  • Цените се дадени во евра за уплата исклучиво во денарска противвредност по курс 1€=62мкд.
  • –За резервација потребна е задолжителна уплата на депозит од најмалку 30%, а целосна доплата најдоцна до 2 недели пред поаѓање.
  • Цените се дадени по лице за најмалку 2 лица во соба.
  • За реализација на факултативната посета, потребен е минимум од 30 патници, во случај на недоволен број на пријавени, агенцијата го задржува правото за отказ на факултативната.
  • Реализацијата на излетите е во зависност од временските услови, организаторот го задржува правото во случај на неповолни временски услови да ги откаже излетите.
  • За реализација на патувањето потребен е минимум од 40 патници, агенцијата го задржува правото за отказ на аранжманот најдоцна до 7 дена пред поаѓање доколку не е исполнет бројот пријавени.
  • Организаторот го задржува правото за промена на редоследот на активности во програмата.

Важат Општите услови на СКТМ и ТА С-ТРАВЕЛ