HOTEL BELVEDERE 4*-BANSKO
ОПИС:
„Belvedere Holiday Club“ е хотелски комплекс од затворен тип категоризиран со 4* кој располага со луксузни апартмани со една или со две спални соби. Комплексот се состои од 3 згради со пространа внатрешност и пријатно надворешни површини. Има одлична местопололжба – се наоѓа на само 4 минути пешачење до жичарницата и во непосредна близина на новиот МОЛ во Банско.
Апартхотелот располага со внатрешен и надворешен базен, спа центар со џакузи, финска сауна, инфрацрвена сауна, парна бања, турска бања, масажни кабинети, солариуми, фитнес и детско катче, мини кошаркарско игралиште, сала за електронски игри, билијард, пинг понг. Гостите имаат на располагање три паркинзи, а преку зимскиот период за да стигнат до жичарницата можат да го користат транспортот што е во сопственост на хотелот.
ПОПУСТ ЗА РАНИ РЕЗЕРВАЦИИ
-20% ПОПУСТ ЗА РЕЗЕРВАЦИИ ДО 30.09.2024
-15% ПОПУСТ ЗА РЕЗЕРВАЦИИ ДО 31.10.2024
-10% ПОПУСТ ЗА РЕЗЕРВАЦИИ ДО 30.11.2024
Бонуси: 7=6 за период на престој од 15.12-25.12.2024 и од 03.01.2024-01.04.2025
ПОПУСТИТЕ СЕ КОМБИНИРААТ!!!
ЦЕНОВНИК:
BELVEDERE 4*- BANSKOПОЛУПАНСИОН | 15.12-25.12 11.03-01.04 |
26.12-02.01 | 03.01-10.03 |
Апартман со една спална 2+2 / цена за 2 лица | 112 € | 202 € | 141 € |
Апартман со две спални 4+2 / цена за 4 лица | 175 € | 332 € | 245 € |
Дете 6-11,99 год на дополнително легло | 36 € | 40 € | 40 € |
Возрасен на дополнително легло | 47 € | 51 € | 51 € |
Во цената е вклучено :
- ноќевање со појадок и вечера за две лица во апартман со една спална и за четири лица во апартман со две спални,
- транспорт до ски лифтовите,
- користење на внатрешен базен, сауна, парна бања, турска бања, фитнес, џакузи,
- детско катче,
- интернет,
- паркинг.
Во цената не вклучено :
- патничко осигурување
- туристичка тaкса 1€ по лице на ден
- превоз
- други неспоменати трошоци
Попусти и доплати:
- Дете до 5,99 год. – бесплатно
- Доплата за Новогодишна вечера (не задолжително) 75€ / возрасен, 40€/ дете од 6- 11,99г. и деца до 5,99г – бесплатно
Капацитет на сместување:
Апартман со една спална – мин. 2 возрасни / макс. 4 возрасни
Апартман со две спални – мин. 4 возрасни / макс. 6+1 дете до 5,99 год
Во цените не е вклучено : патничко осигурување и туристичка тaкса 1€ по лице на ден
Цените се дадени во евра, плаќање во денарска противвредност 1€ = 62,00 мкд
СЛИКИ:
- Во случај на неадекватно сместување или било кој друг проблем, се молат патниците за тоа веднаш да го известат одговорното лице на (представникот). Доколку проблемот не биде решен, веднаш треба за истиот да се извести ОРГАНИЗАТОРОТ НА ПАТУВАЊЕТО и уплатното место каде сте склучиле Договор за патување, за време на првиот ден од сместувањето и почетокот на ова програма. Напоменуваме дека рекламации за кои агенцијата ќе дознае на последниот ден од престојот или по враќањето на патниците, истите нема да бидат земени во предвид или разгледани.
- Ве молиме во случај на било каков инцидент (кражба, тепачка, сообраќајна незгода….), да се обратите на надлежните инситуции во земјата на престојот. Организаторот на патувањето единствено е задолжен да Ви помогне при посредување меѓу вас и надлежните институции
- Составен дел од оваа програма се Општите услови на патување на организаторот на патувањето. За сите информации дадени усмено, агенцијата не сноси одговорност. Ве молиме внимателно да ги прочитате условите на патување !