You are currently viewing Хотел Панорама 4* – Крушево 2024

Хотел Панорама 4* – Крушево – 2024

ОПИС:

Хотелот има вкупно 20 соби и апартмани:
12 двокреветни, 2 трокреветни и 6 апартмани.
Вкупниот капацитет на хотелот е 52 гости.
Сите соби се со панорамски поглед кон Крушево, освен еден Јуниор апартман, кој е со поглед кон буковата корија.
Хотелот располага со ресторан, внатрешен базен, спа центар, бесплатен интернет на цела територија на хотелот и ски соба за вашата опрема за скијање. Големите стаклени површини на ресторанот Алто ви откриваат неверојатен поглед кон Крушево, кон боровата шума и кон облаците. Традиционалните јадења Ви ја топлат душата, а интернационалното мени ве шета низ светот. Сите јадења се приготвени по највисоките гурмански стандарди, со голем мајсторлук од нашите врвни готвачи. За вистинска релаксација ве очекува спа центарот со внатрешениот базен кој има фантастична панорамска глетка кон Крушево и стаклен покрив кој ви овозможува постојано да го гледате и небото. Опремен е со хидраулични лежалки, џакузи, топли лежалки и финска сауна. За целосно опуштање, можете да изберете од различните видови масажи: релакс масажа, спортска, медицинска, масажа на стапала и масажа на лице. А за нега на вашето лице и тело, почестете се со некој од повеќето третмани со врвната козметика БАБОР (третман на лице со алги, salt aroma grow третман на тело, лифт експрес третман на лице, Клеопатра третман на тело или витамински коктел за зацврстување и заштита на кожата).

ЦЕНОВНИК 

Тип на соба Јуни, Јули, Август
Еднокреветна соба 80 €
Двокреветна соба (цена за 2лица) 90 €
Јуниор апартман (цена за 2 лица) 140 €
Делукс апартман (цена за 2 лица) 150 €
  • Цените се изразени во евра за 2 лица (ноќевање со појадок)

Цената  вклучува:  

  • Појадок
  • Користење на СПА центарот(Според уредбите и протоколите за користење на СПА центарот можат да се користат базенот, двете водни лежалки, двете топли лежалки и сауната и тоа во закажан термин од два часа дневно, во еден ист термин максимум 4 соби, односно 8-10 лица. 
  • Интернет
  • Телевизија
  • Паркинг
  • ДДВ,
  • Туристичка такса
  • Осигурување
  • 10% попуст во Lounge Bar Alto кој се наога на ски терените во Крушево
  • 50% попуст на картата за жичарата и скиливтовите

Цената НЕ вклучува:

  • Превоз
  • Индивидуални трошоци

Доплати и попусти:

  • Трето возрасно лице во супериор, јуниор и делукс апартман 10€ по ноќ
  • Деца до 8 години бесплатно
  • Деца над 8 години – 10 € по дете по ноќ.
  • Дополнителен оброк ручек или вечера се доплака 10 евра по лице, за деца
    под 8 год 5 евра по лице(добива пола порција).
  • Дополнителен оброк ручек или вечера: Сет мени (предјадење, главно јадење, десерт и еден безалкохолен пијалок).
  • Во супериор, јуниор и делукс има опција за сместување на трето возрасно лице или две деца до 12 год
  • За викенд минимум  2 ноќевања

АДРЕНАЛИНСКИ ПАРК

  • Движење по Rope Line- 200 ден по лице за една стаза
  • Искачување на вештачка карпа – 200 ден по лице за едно искаќување
  • Возење со триколки – 250 ден по лице за две спуштања
  • Спуштање на Zip Line – 200 ден по лице за едно спуштање.

СЛИКИ:

УСЛОВИ:

  • Резервација се прави со авансна уплата од минимум 30% од цената на аранжманот и копија од лична карта.
  • Комплетна доплата 7 дена пред поаѓање.
  • Цените се во евра, уплата се врши исклучиво во денарска противвредност по курс 1€ = 62мкд.

ОТКАЗ НА РЕЗЕРВАЦИЈА:

За отказ на резервација важат опшите услови , односно:

  • за отказ до 30 дена пред патувањето се задржува 30% од сумата.
  • за отказ 29 до 15 дена пред патувањето се задржува 50% од сумата.
  • за отказ 14 до 5 дена пред патувањето се задржува 80% од сумата.
  • за отказ 5-0 дена пред патувањето се задржува 100% од сумата.

Доколку патникот се откажува од аранжманот пред почетокот на патувањето, поради причини кои не можел да ги предвиди, избегне или отстрани (болест, повреда или смрт во потесното семејство, елементарна непогода или слично), а врз основа на важечка потврда од надлежните органи, во тој случај не ги плаќа отказните трошоци по наведената скала, туку само реалните трошоци произлезени од откажувањето на аранжманот, за кои организаторот е обврзан да ги плати на крајниот давател на услугата, без право на рефундација. Доколку патникот се откажува од аранжманот по почетокот на патувањето (за време на патување или за време на престој во местото на патување), поради настани кои се резулатат на влијание на “виша сила” (воени настани, терористички акти, елементарни непогоди, сообраќајни незгоди или слично), кои ниту патникот ниту организаторот не можел да ги предвиди, избегне или отстрани, организаторот не носи одговорност ниту има обврска за поврат на средства за нереализирани услуги, освен доколку крајниот давател на услугите прифати и изврши рефундација на истите.

ПРИГОВОРИ И ПОПЛАКИ:

  • Во случај на неадекватно сместување или било кој друг проблем, се молат патниците за тоа веднаш да го известат одговорното лице на рецепцијата . Доколку проблемот не биде решен, веднаш треба за истиот да се извести ОРГАНИЗАТОРОТ НА ПАТУВАЊЕТО и уплатното место каде сте склучиле Договор за патување, за време на првиот ден од сместувањето и почетокот на ова програма. Напоменуваме дека рекламации за кои агенцијата ќе дознае на последниот ден од престојот или по враќањето на патниците, истите нема да бидат земени во предвид или разгледани.
  • Ве молиме во случај на било каков инцидент (кражба, тепачка, сообраќајна незгода….), да се обратите на надлежните инситуции во земјата на престојот. Организаторот на патувањето единствено е задолжен да Ви помогне при посредување меѓу вас и надлежните институции.
  • Составен дел од оваа програма се Општите услови на патување на организаторот на патувањето. За сите информации дадени усмено, агенцијата не сноси одговорност. Ве молиме внимателно да ги прочитате условите на патување кои се составен дел од овој програм.

Важат Општите услови на СКТМ и Т.А. С-ТРАВЕЛ