You are currently viewing Хотел Романтик 3* – Велес

Хотел Романтик 3* – Велес

ОПИС:

Идејата за отварање и развој на Хотел Романтик е активна и реализирана од 2004 година. Низ годините Хотел Романтик стана симбол за беспрекорна услуга во хотелското сместување, но и во делот на угостителството. Она што ги движи напред е посветеноста, во остварување на најпрефинетите желби и барања на нивниот највреден сегмент, а тоа се  гостите. Успешноста е резултат на довербата на 3-те Супериор ѕвезди кои ги поседува Хотел Романтик. Искуството кое што ќе го добиете тука се разликува по беспрекорноста на услугата и посветеноста кон секој гостин.

Секоја соба е опремена со централна климатизација за греење и ладење,купатило со бања, ТВ, интернет Wireless, телефон со директна линија

Хотелот вклучува:

  •  25 луксузно наместени соби
  •  Ресторан со капацитет од 190 седишта
  •  Аперитив бар во амбиент со камин
  •  Конференциска сала со капацитет од 45 гости
  •  Летна тераса со капацитет од 350+ седишта
  •  Базен за релаксирање и забава со 140 седишта
  •  Пица Бар со 140 седишта
  •  Паркинг со капацитет од 80 и повеќе возила
  •  Приватна плажа

ЦЕНОВНИК:

ЦЕНИ ЗА ИНДИВИДУАЛНИ ГОСТИ

ТИП НА СОБА BB по гостин Дополнително пансионско мени по лице
Еднокреветна соба 2.740,00 610,00
Двокреветна соба 1.680,00 610,00
Трикреветна соба 1.320,00 610,00
ТИП НА СОБА BB по соба  
Де лукс соба (2+) 4,270,00  

610,00

Суит (2+) 4.570,00

ЦЕНИ ЗА ГРУПИ НА ГОСТИ (15+)

ТИП НА СОБА BB по гостин HB по гостин FB по гостин
Еднокреветна соба 2,070,00 2,320,00 2,740,00
Двокреветна соба 1,460,00 1,840,00 2,330,00

Цената вклучува:

  • Ноќевања на база појадок / полу пансион / полн пансион
  • Wi-Fi
  • Паркинг

Цената НЕ вклучува:

  • Превоз
  • Туристичка такса – 40,00 денари по лице на ден
  • Индивидуални трошоци

Доплата:

  • Дневен престој (10.00-18.00 часот) изнесува 1.550,00 денари
  • Дополнителен оброк чини 610,00 денари по лице
  • Деца до 7 години се ослободени од надомест
  • Деца од 8-12 години кои делат соба со родители, плакаат 50% од цената на доручекот.

СЛИКИ:

УСЛОВИ:

  • Резервација се прави со авансна уплата од минимум 30% од цената на аранжманот и копија од лична карта.
  • Комплетна доплата 7 дена пред поаѓање.

ОТКАЗ НА РЕЗЕРВАЦИЈА:

За отказ на резервација важат опшите услови , односно:

  • за отказ до 30 дена пред патувањето се задржува 30% од сумата.
  • за отказ 29 до 15 дена пред патувањето се задржува 50% од сумата.
  • за отказ 14 до 5 дена пред патувањето се задржува 80% од сумата.
  • за отказ 5-0 дена пред патувањето се задржува 100% од сумата.

Доколку патникот се откажува од аранжманот пред почетокот на патувањето, поради причини кои не можел да ги предвиди, избегне или отстрани (болест, повреда или смрт во потесното семејство, елементарна непогода или слично), а врз основа на важечка потврда од надлежните органи, во тој случај не ги плаќа отказните трошоци по наведената скала, туку само реалните трошоци произлезени од откажувањето на аранжманот, за кои организаторот е обврзан да ги плати на крајниот давател на услугата, без право на рефундација. Доколку патникот се откажува од аранжманот по почетокот на патувањето (за време на патување или за време на престој во местото на патување), поради настани кои се резулатат на влијание на “виша сила” (воени настани, терористички акти, елементарни непогоди, сообраќајни незгоди или слично), кои ниту патникот ниту организаторот не можел да ги предвиди, избегне или отстрани, организаторот не носи одговорност ниту има обврска за поврат на средства за нереализирани услуги, освен доколку крајниот давател на услугите прифати и изврши рефундација на истите.

ПРИГОВОРИ И ПОПЛАКИ:

  • Во случај на неадекватно сместување или било кој друг проблем, се молат патниците за тоа веднаш да го известат одговорното лице на рецепцијата . Доколку проблемот не биде решен, веднаш треба за истиот да се извести ОРГАНИЗАТОРОТ НА ПАТУВАЊЕТО и уплатното место каде сте склучиле Договор за патување, за време на првиот ден од сместувањето и почетокот на ова програма. Напоменуваме дека рекламации за кои агенцијата ќе дознае на последниот ден од престојот или по враќањето на патниците, истите нема да бидат земени во предвид или разгледани.
  • Ве молиме во случај на било каков инцидент (кражба, тепачка, сообраќајна незгода….), да се обратите на надлежните инситуции во земјата на престојот. Организаторот на патувањето единствено е задолжен да Ви помогне при посредување меѓу вас и надлежните институции.
  • Составен дел од оваа програма се Општите услови на патување на организаторот на патувањето. За сите информации дадени усмено, агенцијата не сноси одговорност. Ве молиме внимателно да ги прочитате условите на патување кои се составен дел од овој програм.

Важат Општите услови на СКТМ и Т.А. С-ТРАВЕЛ