You are currently viewing Хотел Манастир – Берово 2023

Хотел Манастир – Берово

ОПИС:

Во подножјето на  Малешевските планини во областа Малешевија на надморска висина од околу 900 метри се наоѓа градот Берово. Малешевијата е еден од најчистите и незагадени региони во Македонија и таа се одликува со уникатна комбинација од речиси недопрена природа,  големо културно и историско наследство, фолклор и занаетчиство и најголема концентрација на кислород во воздухот на Балканот. Пријатната клима и еколошко – здравата храна, го прави овој крај идеално прибежиште за одмор, гастрономско уживање, релаксација и рекреација.

Хотел Манастир се наоѓа на излезот од Берово, на 5 км одалеченост од езерото. Хотелот располага со 30 соби, СПА содржини, две летни тераси, терен за тенис, терен за одбојка, фитнес сала, две комплетно опремени сали за состаноци, детско игралиште и секако надгледуван паркинг простор. Планинското опкружување, езерото, маркираните велосипедски и пешачки патеки, се најпогодното место за релаксирачки прошетки, за љубителите на планинарењето и mount-biking, како и за оние кои бараат авантури и предизвици.

*Менито за оброците вклучува специјалитети приготвени според локални рецепти од домашни продукти, произведени во еколошкиот Малешевски крај.

  • За појадок се послужува стандард шведска маса, надополнета со месени, млечни идруги локални специјалитети:  баница, пишии, јуфка, урда, ајвар, пинџур, овчо сирење со пиперки, слатко од диви шумски плодови, печена тиква, домашен бел и р’жан леб……
  • Менито за ручек или вечера се состои од-Избор од разни видови супи за руче-Салатите се спремаат на повеќе начини користејќи локални градинарски продукти и шумски плодови , збогатени со млечни производи од малешевското поднебје.-Главното јадење може да биде избор од Малешевска тава (со свинско,телешко или пилешко месо), клиси на тава, клиси со праз, свинска плешка, ребро или врат приготвени под вршник, полнети беровски компири, полнети тиквици, качамак со ребра, и други стандардни оброци припремени  на повеќе начини од телешко и пилешко месо.  Од артикли за скара на жарпокрај стандардното месо, може да се избере – Дедо Иљова и Малешевска плескавица како и колбас јатаган…-Прилозите за главното јадење се најчесто од градините и нивите на локалните производители.*Десертот е избор од бабина торта со слатко од шумски плодови, слатко од Беровска слива,палачинка ала манастир, сутлијач со јаболка, тиквеник, кох, пита од сливи, пита од јаболка идруги локални колачи.

ЦЕНОВНИК:

Тип Соба  1/1 1/2
Стандардна соба 2460,00 1850,00
Соседни стандардни соби 2460,00 2280,00
Традиционална соба 2950,00 2030,00
Студио 2950,00 2030,00
Мини сјут 3320,00 2400,00
Џуниор сјут 3320,00 2400,00
Комфорт сјут 3630,00 2770,00
Апартмани 4980,00 3080,00
ВИЛА ВОДЕНИЦА  9470 до 5 лица

Цената вклучува:

  • Ноќевање со појадок по лице на ден

Цената НЕ вклучува:

  • Превоз
  • Индивидуални трошоци
  • Туристичка такса

Доплата и попусти:

  • Доплата за  30/60 минути користење на СПА (600/900 мкд 2 лица),  по претходно закажан термин на рецепција.
  • Без вклучен пијалок за време на оброците!!!
  • Туристичката такса изнесува 40 мкд за едно лице, за една ноќ
        • Доплата за Полу-пансион + 615 мкд за едно возрасно лице
  • Доплата за Цел пансион + 1110 мкд за едно возрасно лице
  • Едно дете до 5,99години е бесплатно Едно дете од 6-11,99 години – 680 мкд
  • Две деца 0-5,99 години – 680 мкд
  • Доплата за трето лице во една сместувачка единица е 1.410 мкд
  • Доплата за четврто/петто лице во една сместувачка единица е 1050 мкд

СЛИКИ:

УСЛОВИ:

  • Резервација се прави со авансна уплата од минимум 30% од цената на аранжманот и копија од лична карта.
  • Комплетна доплата 7 дена пред поаѓање.

ОТКАЗ НА РЕЗЕРВАЦИЈА:

За отказ на резервација важат опшите услови , односно:

  • за отказ до 30 дена пред патувањето се задржува 30% од сумата.
  • за отказ 29 до 15 дена пред патувањето се задржува 50% од сумата.
  • за отказ 14 до 5 дена пред патувањето се задржува 80% од сумата.
  • за отказ 5-0 дена пред патувањето се задржува 100% од сумата.

Доколку патникот се откажува од аранжманот пред почетокот на патувањето, поради причини кои не можел да ги предвиди, избегне или отстрани (болест, повреда или смрт во потесното семејство, елементарна непогода или слично), а врз основа на важечка потврда од надлежните органи, во тој случај не ги плаќа отказните трошоци по наведената скала, туку само реалните трошоци произлезени од откажувањето на аранжманот, за кои организаторот е обврзан да ги плати на крајниот давател на услугата, без право на рефундација. Доколку патникот се откажува од аранжманот по почетокот на патувањето (за време на патување или за време на престој во местото на патување), поради настани кои се резулатат на влијание на “виша сила” (воени настани, терористички акти, елементарни непогоди, сообраќајни незгоди или слично), кои ниту патникот ниту организаторот не можел да ги предвиди, избегне или отстрани, организаторот не носи одговорност ниту има обврска за поврат на средства за нереализирани услуги, освен доколку крајниот давател на услугите прифати и изврши рефундација на истите.

ПРИГОВОРИ И ПОПЛАКИ:

  • Во случај на неадекватно сместување или било кој друг проблем, се молат патниците за тоа веднаш да го известат одговорното лице на рецепцијата . Доколку проблемот не биде решен, веднаш треба за истиот да се извести ОРГАНИЗАТОРОТ НА ПАТУВАЊЕТО и уплатното место каде сте склучиле Договор за патување, за време на првиот ден од сместувањето и почетокот на ова програма. Напоменуваме дека рекламации за кои агенцијата ќе дознае на последниот ден од престојот или по враќањето на патниците, истите нема да бидат земени во предвид или разгледани.
  • Ве молиме во случај на било каков инцидент (кражба, тепачка, сообраќајна незгода….), да се обратите на надлежните инситуции во земјата на престојот. Организаторот на патувањето единствено е задолжен да Ви помогне при посредување меѓу вас и надлежните институции.
  • Составен дел од оваа програма се Општите услови на патување на организаторот на патувањето. За сите информации дадени усмено, агенцијата не сноси одговорност. Ве молиме внимателно да ги прочитате условите на патување кои се составен дел од овој програм.

Важат Општите услови на СКТМ и Т.А. С-ТРАВЕЛ