You are currently viewing Lakis Sea View Ипсос Крф 2026

Lakis Sea View – Ипсос Крф

Опис

Вилата Lakis Sea View (базен) се наоѓа на околу 500 метри од плажата во Ипсос во близина на хотелите Corfu Secret и San Marco. Вилата претставува совршен спој на природата, мирот и прекрасниот поглед од височина према морето од една страна, а кон планината Пантократор од другата страна. За атмосферата да биде уште попријатна, можете да уживате крај базенот опкружен со лежалки.  
Вилата располага со двокреветни соби и дуплекс апартмани. Сите соби имаат мини кујна, фрижидер, решо, прибор за соодветниот број на лица, тоалет, плазма ТВ, тераса, клима (со доплата по желба 7 евра од ден) и интернет. За секој гостин следува по еден пешкир, додека основните лични средства за хигиена (шампон, сапуни, како и сунгерчиња, сјај за садови и тоалетна хартија) се ваша одговорност. Вилата располага со едно паркинг место, а може да се паркира и пред вилата.

GPS координати 39.70829392929522, 19.83960872874352

 

ПОНУДАТА е по лице за 7 ноќевања и автобуски превоз.
Доплата во автобус за траект 30€ по лице. 

FIRST MINUTE
цените важат со 50% уплата до 15.05

На овие цени нема одбивање за сопствен превоз.

7 ноќи и  превоз  ВИЛА Lakis Sea View (базен)
студио 1/2
дуплекс 2+2
Термин: ТИП СОБА РЕДОВНА
ПО ЛИЦЕ
FIRST MINUTE
25.07–01.08 1/4MV 289€ 239
1/2SV 329 299
01.08–08.08 1/4MV 289€ 239
1/2SV 329 299
08.08–15.08 1/4MV 289€ 239
1/2SV 329 299
15.08–22.08 1/4MV 289€ 239
1/2SV 329 299
22.08–29.08 1/4MV 259 199
1/2SV 289 249

MV – Mountain View (поглед кон планина)
SV – Sea View (поглед кон море)

НАПОМЕНИ:

  • Цените се однесуваат на едно лице за 7 ноќевања и автобуски превоз
    • Во цената не е вклучена ЗАДОЛЖИТЕЛНА доплата за траект на релација Игуменица-Крф-Игуменица од 30 евра ако користите наш превоз и се плаќаат на денот на тргнувањето во автобус.
    • Во цената на аранжманот не е вклучена ЗАДОЛЖИТЕЛНАТА  туристичка такса од 2 евро по соба на ден (14 евра за целиот престој). Се плаќа во автобус. Патниците кои се со сопствен превоз таксата ја плаќаат во агенцијата. (Доколку дојде до промена на туристичката такса од страна на државата, дополнително ќе бидете информирани)
    Патничко осигурување– Може да се купи во агенцијата (400 денари за целиот престој) или од друго место, но мора да се донесе потврда дека постои.
    • Можност за плаќање: Можност за уплата директно во агенцијата, во готовo, со кредитна картичка, трансакциска сметка.
    • За сингл соба се доплаќа плус 70% од редовната цена поради вториот кревет.
    • Доколку сакате да споите термин, на цените кои веќе се на попуст се плаќаат двете цени без одземање за превоз.
    • За сопствен превоз се одземаат 20 евра само на редовните цени, а оние цени се на попуст не се одземаат
    •За било каков отказ без разлика на условите во ОПШТИТЕ УСЛОВИ ЗА ПАТУВАЊЕ, се задржува манипулативен трошок 10 евра по лице (административни трошоци кои настанале при правењето на резервацијата)

НАПОМЕНА: Вилите немаат приватен паркинг. Паркингот на целиот остров е бесплатен и има можност да се паркира на самите улици пред вилите, каде што има слободно место и не се заградуваат приватните имоти. 

  •  Тргнувањето со автобус е еден ден порано во однос на термините од табелата, а превозот се одвива преку граничниот премин Меџитлија (Битола)
  • Седиштата се нумерирани по редоследот на уплатите. Можност за бирање на седишта со доплата од 20 евра (освен првите две).
  •  Цена само за превоз 80 евра со доплата од 30 евра за траект – во два правци.
  • Во собите можат да престојуваат онолку лица колку што платиле за престојот во собата.
  • Доколку странката сака да донесе домашно милениче во сместувачките капацитети, должна е да ја праша агенцијата дали е дозволено сместување на миленичињa.

ПЛАЌАЊЕ ЗА ДЕЦА:

  • Дете од 0 до 3 години не плаќа и дели кревет со возрасен
  • Дете од 3 до 09,99 години на класичен кревет плаќа 70% од цената на аранжманот, плус 30 евра за траект (придружувано од двајца возрасни)

Слики

ВАЖНИ ИНФОРМАЦИИ:

  • Check in во собите е после 15h по грчко време
  • Check out е до 09h. Багажот се остава кај вилата.
  • Секој патник има право на еден голем куфер или торба и рачен багаж
  • Петтиот кревет е со димензии 190см х 60см и се плаќа 50% од сумата.
  • Чистењето на собите е на четвртиот ден, а гостите се задолжени да се грижат за хигиената и редот во вилата за време на престојот. Постелнината не се менува за време на престојот, а на четвртиот ден се менуваат пешкирите.
  • Според законските одредби, базенот се користи од 09-20 часот, поради самата безбедност на гостите (пропишана во грчките закони), но и поради чистењето на базените. Строго е забрането капење после 20 часот.
  • Ве замолуваме да се придржувате кон пропишаните часови за излегување и влегување од вилата на последниот ден. Собите треба да се чистат за да може да се смести групата која доаѓа.
  • Вилата има интернет, но не гарантираме за квалитетот и брзината за истиот

ФАКУЛТАТИВНИ ИЗЛЕТИ во организација на агенцијата

Туристичката агенција во соработка со нашиот партнер тур оператор на нашите патници им нуди единствена можност да го истражат и да уживаат во убавините на островот Крф. Преку нашиот претставник кој ќе биде задолжен за Вашиот престој таму, ќе имате прилика да се запознаете со убавините што ова место ги нуди.

 

Важат Општите услови на СКТМ и НАТАМ