ПАРИЗ 21-24 АПРИЛ 2023
Програма: авион
1 ден Скопје – Париз
Состанок на групата на скопскиот аеродром во 04:20 часот. Полетување кон Париз во 06:20 часот со директен лет на авиокомпанијата Wizz Air. Пристигнување на аеродромот Буве (Beauvais) во 09:20 часот. По пасошка и царинска контрола следува трансфер со панорамски разглед на Париз (90 km). Сместување во хотел. Слободно време и можност за прва прошетка низ Париз со пратителот на групата .Ноќевање.
2 ден Париз – Лувр – Мулен Руж
Појадок во хотел. По појадокот можност за факултативна посета на еден од најбогатите светски музеи Лувр (со локален водич), кој 700 години бил резиденција на француските кралеви, се‘ до нивната преселба во Версај. Овде се наоѓаат околу 65.300 уметнички дела меѓу кои и познатата Мона Лиза.По завршување на посетата на Лувр започнува разгледот на прекрасните Париски улици и градби (пешки или со метро)…Нотр Дам, бизнис центарот Дефанс, Монмартр, црквата Sacre Couer, улицата Пигал и познатиот Mouline Rouge.Шетаме, се одмараме, се враќаме назад во хотел.Ноќевање.
3 ден Версај – Ајфелова Кула – Крстарење по Сена
Појадок во хотел. По појадокот предлагаме факултативна посета на величествениот дворец Версај (15 km ), изграден од францускиот крал Луј XIV кој претставува ремек – дело на уметноста од 17-ти век. (во разгледот не се вклучени градините). Враќање назад кон Париз (15 km). Во попладневните часови можност за посета на Ајфеловата кула и уживање во неверојатната панорамска глетка од третиот кат на ова уникатно архитектонско издание. По посетата на Ајфеловата кула предлог Крстарење по Сена, со времетраење од 1 час и можност да ја почуствувате магијата на Париз од различна преспектива. Слободно време за индивидуални прошетки. Враќање во хотел со метро. Ноќевање.
4 ден Буве – Скопје
Појадок во хотел и одјавување. Организиран трансфер до аеродромот Буве (Beauvais). Полетување кон Скопје во 10:05 часот со директен лет на авиокомпанијата Wizz Air. Слетување во Скопје во 12:45 часот.
ПРОМОТИВНА ЦЕНА ПО ЛИЦЕ : 509 € до 28.02.2023
Во цената на аранжманот е вклучено:
- Директен лет на релација Скопје – Париз – Скопје со авикомпанијата Wizz Air;
- Аеродромски такси
- Мала кабинска торба од (40 x 30 x 20 cm);
- Организирани трансфери аеродром – хотел – аеродром;
- Сместување во хотел IBIS STYLES PARIS ASNIERES 3***, на услуга BB;
- Организирани прошетки според програматa;
- Организација на аранжманот и придружник на патувањето;
Во цената на аранжманот не е вклучено:
- Туристичка такса 4 € по лице на ноќ – се плаќа во агенција;
- Патничко осигурување;
- Билети (карнет за 10 возења) за јавен превоз со метро
Факултативи:
- Посета на Версај – 80 € со вклучена влезница за дворецот (градините не се вклучени во цената), локален водич, трансфер, задолжително пријавување при уплата на аранжманот во агенција;
- Разглед на градот со локален водич – 20 €
- Влезница за Ајфелова Кула до втор кат – 25 €, до трет кат – 33 € (со лифт);
- Крстарење со брод по Сена – 20 €;
- Посета на Лувр – 50 € (вклучена влезница и локален водич, задолжително пријавување при уплата на аранжманот во агенција);
- Посета на Moulin Rouge – 150 € (вклучена влезница со резервација на маса и шампањ);
Задолжително пријавување за факултативите во агенција и за реализација 16 патника.
Општи напомени:
- Организатор на аранжманот е Т.А. АтлантиС;
- Резервација се прави со уплата на 30 % од вкупниот износ на аранжманот;
- Целосна уплата на аранжманот е 15 дена пред почетокот на истиот;
- Цените на аранжманот се дадени во евра за уплата во денарска противвредност по курс 1 евро = 62 денари;
- За реализација на аранжманот потребни се минимум пријавени 20 патника;
- За ова патување мора да имате пасош кој има важност од минимум 90 дена по завршувањето на аранжманот
- Организаторот го задржува правото да ја промени цената на аранжманот во случај на промена на цената на превозот или хотелот;
- Во случај на недоволен број на пријавени патници организаторот го задржува правото да го откаже во целост аранжманот 5 дена пред датумот на започнување на истиот;
- Организаторот го задржува правото за промена на цените на факултативните излети, во случај на промена на цената на влезниците на локалитетите и музеите;
- За време на панорамски разглед на градот не се предвидени посети на внатрешноста на јавните згради, институции или културни споменици;
- Организаторот го задржува правото за промена на редоследот на реализација на програмата; · Организаторот на патувањето го задржува правото за промена на програмата за патување во случај на непредвидени објективни причини, како на пример: застој на граница, доцнење на летот, застој во сообраќајот, затвореност на некој од локалитетите предвиден за посета и слично. За оваа програма важат општите услови за патување
Приговори и поплаки:
- Во случај на неадекватно сместување или било кој друг проблем, се молат патниците за тоа веднаш да го известат одговорното лице на рецепцијата . Доколку проблемот не биде решен, веднаш треба за истиот да се извести ОРГАНИЗАТОРОТ НА ПАТУВАЊЕТО и уплатното место каде сте склучиле Договор за патување, за време на првиот ден од сместувањето и почетокот на ова програма. Напоменуваме дека рекламации за кои агенцијата ќе дознае на последниот ден од престојот или по враќањето на патниците, истите нема да бидат земени во предвид или разгледани.
- Ве молиме во случај на било каков инцидент (кражба, тепачка, сообраќајна незгода….), да се обратите на надлежните инситуции во земјата на престојот. Организаторот на патувањето единствено е задолжен да Ви помогне при посредување меѓу вас и надлежните институции.
- Составен дел од оваа програма се Општите услови на патување на организаторот на патувањето. За сите информации дадени усмено, агенцијата не сноси одговорност. Ве молиме внимателно да ги прочитате условите на патување кои се составен дел од овој програм.