You are currently viewing РАФТИНГ НА ТАРА – МОДРА РЕКА – МЕСЕЦ MAJ

РАФТИНГ НА ТАРА – МОДРА РЕКА – МЕСЕЦ MAJ

 

ТЕРМИНИ: 01.05-03.05.2026 И 23.05-25.05.2026

РАФТИНГ НА ТАРА – АВАНТУРА ВО СРЦЕТО НА ПРИРОДАТА!!

Доживејте незаборавна авантура на реката Тара – една од најчистите и најубавите реки во Европа. Рафтингот низ кањонот на тара нуди адреналин, спектакуларни пејсажи и вистинско бегство од секојдневието. Кристално чиста вода, високи карпи и зелена природа создраваат искуство што се памети.

Програмата се одвива со лиценцирани и професионални инструктори како и со целосна безбедносна опрема и постојан надзор, што ја прави авантурата безбедна и достапна и за почетници.

ПРВ ДЕН  – Состанок на група во договорено време. Планирано поаѓање околу 2 часот наутро, попатни паузи и царински формалности. Пристигнување во предпладневните часови во Подгорица – главен град на Црна Гора, пауза за ручек и освежување од патот. Во договорено време со водичот поаѓање према Модра Река. Пристигнување во пладневните часови, сместување и слободно време за прошетки во прекрасната природа. Вечера.

Сместување. Овде ќе бидете сместени во дрвени куќички каде воздухот е свеж и искуството е незаборавно.

Ова е една многу важна причина заради која треба да го посетите ова место, бидејќи животот во градовите е динамичен, тежок и не двои од прекрасната природа и здравиот живот.

Ноќевање.

ВТОР ДЕН  – Денот ни започнува со појадок. Групата ќе биде во постојана комуникација со стручен локален водич како и со туристичкиот пратител од агенција. Ресторанот се наоѓа на сама обала на реката. Угостителскиот тим е добро уходан во припрема на национални специјалитети. После појадокот во договорено време со групата се упатуваме кон РАФТИНГ НА ТАРА каде се упатуваме со теренско возило. РАФТИНГОТ СЕ СОСТОИ ОД ПРЕДИЗВИЦИ И АДРЕНАЛИН!!!

Секој рафтер е опремен со весло, заштитен елек и шлем. Почетниците, обично туристи, добиваат прецизни упатства што мора строго да ги следат за време на рафтингот. Рафтингот е дружење и забава.

На многубројните списоци на најдобри места за рафтинг на европска територија свое место има фантастичната црногорска река Тара. Тара ја носи титулата „Солзи на Европа“ што ја доби како дел од транспарентноста, чистотата, но и убавината. Кањонот, но и реката Тара е заштитена како дел од светското наследство на УНЕСКО. Создадена е со спојување на реките Опасаница и Веруша, веднаш под планината Комови во Црна Гора.

Рафтинг центарот се наоѓа на реката Тара, помеѓу Црна Гора и Босна и Херцеговина (Република Српска). Ова патување е сосема поразлично и поавантуристично од сите други, кое ќе ви остави безброј спомени.

Враќање за ручек. Слободно време за истражување на природата или едноставно да се одморите слушајќи го шумот на реката и звукот на птиците. Вечера. Ноќевање.

ТРЕТ ДЕН  – Појадок. Одјавување од собите. Продолжуваме према ПЛУЖИНЕ – градчето се наоѓа на самата обала на Пивско езеро. Следува zip line – за патниците кои имаат уплатено како факултатива. Останатите слободно време па во договор со водичот се собира групата и се поаѓа према Македонија. Попатни паузи и царински формалности. Пристигнување во вечерните часови.

ЦЕНAТА Е ПО ЛИЦЕ ВО ЗАВИСНОСТ ОД ТИПОТ НА СМЕСТУВАЊЕ!!!

Промо Дo 13.04.2026

ОПИС НА СМЕСТУВАЊЕ:

КУЌАРКА БРОЈ 1 / ТИП НА СОБА ЦЕНА
1/2 219€ редовна – 199€ промо цена
1/5 199€ редовна – 175€- промо цена
1/3 209€ редовна – 189€ промо цена

 

КУЌАРКА БРОЈ 2 / ТИП НА СОБА ЦЕНА
1/2 219€ редовна – 199€ промо цена
1/6 199€ редовна – 175€ промо цена
1/3 209€ редовна – 189€ промо цена

 

БУНГАЛОВИ ЦЕНА
1/3 и 1/4 209€ редовна – 189€ промо цена
   

Опис: Трокреветни и четворокреветни бунгалови со приватни купатила

Не сите соби во кампот располагаат со приватни купатила, соби 1/2 со приватно купатило се + 10 еу по лице од стандардните двокреветни соби кои делат заеднички тоалет со останатите две соби во куќарката.

Во цената е вклучено:

* 2 ноќевања во одбрано сместување со 5 оброци (ПОЈАДОК, РУЧЕК И ВЕЧЕРА)
* Рафтинг на Тара со инструктори (целосна опрема, одела, весла, сигурносни појаси)
* Автобуски превоз на дадената релација (БИТОЛА, ПРИЛЕП, ВЕЛЕС, СКОПЈЕ)
* Сите трансфери со комбе или џип за рафтинг
* Туристичка такса и такса за време на целиот престој
* Туристички пратител за време на патувањето
* Лиценциран водич за рафтинг
* Целосна организација

Во цената не е вклучено:

*Пијалоците за време на оброците не се вклучени во цената.

*Индивидуални активности
*ZIP LINE на пивско езеро (Доколку сте адреналински зависник тогаш Zip Line на Пивско езеро е вистинска прилика за вас за вистинско адреналинско доживување. Ова е најголемиот Zip Line во Црна Гора со 1400 метри должина над најголемиот резервоар за питка вода во Балканот – Пивско езеро. Како туристичка атракција е сосема безбедна и доста популарна каде секоја година бројот на туристи е се поголем. Чувството да летате над езерото во прекрасна природа околу вас не се опишува треба да се доживее) – цена наскоро!

Важно

  • За реализација на овој аранжман, потребен е минимум од 30 патници, во спротивно, крајниот рок за известување околу евентуален отказ на аранжманот е најкасно 5 дена пред датумот на поаѓање.
  • Организаторот на патувањето го задржува правото за измена на редоследот на поедини содржини во програмата поради ситуации кои однапред не е возможно да се предвидат.
  • Патувањето може да биде со валидна лична карта или пасош.
  • Доколку дојде до непредвидена „виша сила“ за нереализирање на патувањето, поради ситуации кои агенцијата не можела да ги предвиди, уплатените средства ќе бидат вратени на клиентот.
  • Доколку патувањето се реализира според планираното и нема никакви пречки за негова реализација, а дојде до откажување од страна на патникот, тогаш откажувањето ќе се реализира во согласност со општите услови за патување.
  • Во случај да дојде до промена на монетарниот пазар или недоволен број на пријавени патници, агенцијата го задржува правото да ја корегира цената и да направи промена во програмата.
  • Агенцијата е должна до два дена пред тргнување да ги извести патниците за часот и местото на тргнување.
  • Од моментот на пријавувањето, се создаваат административни трошоци на организаторот на патувањето, хотел, автобуски превоз и слично, па откажување на патувањето повлекува и надокнада за тие трошоци, кои се точно прецизирани со датуми по табели во Општите услови за патување. За отказ на аранжманот пред законските услови предвидени по ОУ, се задржуваат 10евра по лице од уплатената сума, поради административните трошоци.

Важат Општите услови на СКТМ и Т.А С-ТРАВЕЛ