Студиа ЛАРА- Чањ, Црна Гора
Опис
Атрактивното туристичко место Чањ се наоѓа помеѓу Петровец и Сутоморе,го краси пространа песковита плажа долга околу 1100 м.Во непосредна близина се наоѓа познатата Краљичина плажа за која велат дека е бисерот на Јадранот. Студиа Лара*** се наоѓаат во мирниот дел на Чањ на 80 м.од плажа Располагаат со модерно опремени студиа-апартмани( 1/2,1/3,1/4) располагаат со комплетно опремена мини кујна,фрижидер ,ТВ-сателитска програма ,Wi-Fi,сопстено twc,тераса, клима . Oбјектот има лифт .Во склоп на објектот се наоѓа конфорен ресторан,летна градина со мала игротека за деца( тобогани,луласхки,клацкалки и други реквизити за деца,по неколку пати во текот на неделата се организираат и детски театарски претстави.Обезбеден бесплатен паркинг во гаражата на објектот.
Ценовник
Цените се за полупансион по лице дневно (појадок и вечера) на база шведска маса.
Услугата почнува со вечера, а завршува со појадок.
| Студио | Услуга | 01.06-20.06 19.09-30.09 |
21.06-30.06 09.09-18.09 |
01.07-10.07 30.08-08.09 |
11.07 – 29.08 |
| 1/2 , 1/3, 1/4 | Полу пансион | 39€ | 42€ | 47€ | 53€ |
Цените се изразени во евра, во денарска противвредност 1 € = 62,00 ден.
ВКЛУЧЕНО ВО ЦЕНАТА:
- Клима уред
- Кабелска телевизија
- Wi-Fi
- Паркинг
НАПОМЕНА: Туристичката такса и осигурување се наплатуваат на рецепција:
- Возрасни – 1,50 €
- Деца од 12–18 години – 1,00 €
- Деца од 2–12 години – 0,50 €
Влегување во студиата: од 14:00 часот
Напуштање: до 09:00 часот
ПОПУСТИ И ДОПЛАТИ:
- Деца до 3 години – бесплатно на заедничко легло, без храна
- Деца од 3–10 години на заедничко легло – плаќаат 50% од цената
- Деца од 3–12 години на сопствено легло – плаќаат 70% од цената
- Дете до 12 години со еден возрасен во 1/2 студио – плаќа 80% од цената
Бебешко креветче може да се резервира на рецепција (бесплатно).
ДОПЛАТА ЗА РУЧЕК:
- Возрасни – 10 € по лице дневно
- Деца од 3–10 години – 7 € по лице дневно
(услуга A la Carte)
ОСТАНАТИ УСЛОВИ И ПОПУСТИ:
- За уплата на два или повеќе последователни термини одобруваме 10% попуст на вториот термин,
- Попустите не може да се комбинираат,
- Организаторот го задржува правото да ги продава своите капацитети преку понудата LAST MINUTE по цени кои се различни од оние во ценовникот. Страните кои платиле за аранжманот по цените објавени во овој ценовник немаат право да бараат надомест за разликата во цената.
- На промо цените НЕ следува попуст за рана резервација и 2 последователни термина.
- Патниците слегуваат на најблиската локација до сметувањето каде може да се паркира автобус,
- При сместувањето влегувате во чисти соби, но за време на престојот сами се грижите за хигиената.По завршување на Вашето летување, должни сте апартманот да го оставите во пристојна(чиста) состојба.
- Во случај на причинета штета за време на престојот,корисникот на апартманот ја надоместува штетата на сопственикот на вилата на лице место
- Секој патник има право на превоз на 1 парче багаж до 23 кг и 1 парче рачен багаж.
- Препорачуваме патничко осигурување (информации во агенцијата),
- Минимум 1 ден пред секое поаѓање Ве замолуваме да се информирате во Агенција.
- Ги замолуваме патниците да бидат на местата за поаѓање 15 минути пред поаѓањето.
- Поради густиот сообраќај во текот на летната сеозна можни се определени доцнења за кои однапред се извинуваме.
- Агенцијата, распоредот на седење во автобус го прави 2 дена пред датумот на поаѓање.Кога патникот уплаќа превоз, тоа значи дека има обезбедено седиште во превозното средство, а доколку сака да резервира одредено седиште, тоа може да го направи со доплата од 10 евра по лице. Првиот ред на седишта е резервиран за персоналот.
ОТКАЗ НА РЕЗЕРВАЦИИ:
За отказ на резервација важат опшите услови , односно:
- за отказ до 30 дена пред патувањето се задржува 30% од сумата.
- за отказ 29 до 15 дена пред патувањето се задржува 50% од сумата.
- за отказ 14 до 5 дена пред патувањето се задржува 80% од сумата.
- за отказ 5-0 дена пред патувањето се задржува 100% од сумата.
- Доколку патникот се откажува од аранжманот пред почетокот на патувањето, поради причини кои не можел да ги предвиди, избегне или отстрани (болест, повреда или смрт во потесното семејство, елементарна непогода или слично), а врз основа на важечка потврда од надлежните органи, во тој случај не ги плаќа отказните трошоци по наведената скала, туку само реалните трошоци произлезени од откажувањето на аранжманот, за кои организаторот е обврзан да ги плати на крајниот давател на услугата, без право на рефундација
- Доколку патникот се откажува од аранжманот по почетокот на патувањето (за време на патување или за време на престој во местото на патување), поради настани кои се резулатат на влијание на “виша сила” (воени настани, терористички акти, елементарни непогоди, сообраќајни незгоди или слично), кои ниту патникот ниту организаторот не можел да ги предвиди, избегне или отстрани, организаторот не носи одговорност ниту има обврска за поврат на средства за нереализирани услуги, освен доколку крајниот давател на услугите прифати и изврши рефундација на истите.
ПРИГОВОРИ И ПОПЛАКИ:
- Во случај на неадекватно сместување или било кој друг проблем, се молат патниците за тоа веднаш да го известат одговорното лице на објектот или представникот. Доколку проблемот не биде решен, веднаш треба за истиот да се извести ОРГАНИЗАТОРОТ НА ПАТУВАЊЕТО и уплатното место каде сте склучиле Договор за патување, за време на првиот ден од сместувањето и почетокот на ова програма. Напоменуваме дека рекламации за кои агенцијата ќе дознае на последниот ден од престојот или по враќањето на патниците, истите нема да бидат земени во предвид или разгледани.
- Ве молиме во случај на било каков инцидент (кражба, тепачка, сообраќајна незгода….), да се обратите на надлежните инситуции во земјата на престојот. Организаторот на патувањето единствено е задолжен да Ви помогне при посредување меѓу вас и надлежните институции
- Составен дел од оваа програма се Општите услови на патување на организаторот на патувањето. За сите информации дадени усмено, агенцијата не сноси одговорност. Ве молиме внимателно да ги прочитате условите на патување кои се составен дел од овој програм.