You are currently viewing Вила  Ева 2-Неа Флогита 2023

Вила Ева 2-Неа Флогита 2023

ОПИС

Вила ,,Eva 2”  е лоцирана во центарот на Неа Флогита,  , на  30 метри од плажа. Располага со четири-креветни и пет-креветни апартмани, и  со комплетно опремени кујни, WC, тераси.

АПАРТМАН бр 1   (1/4) се наоѓа на третиот кат . Апартманот располага со една спална соба со брачен кревет и со соба во која има еден единечен кревет и софа. Апартманот има голема пространа тераса.
АПАРТМАН бр 2 (1/5) се наоѓа на третиот кат . Апартманот располага со една спална соба со брачен кревет и со соба во која има два единечен кревет и софа. Апартманот има  пространа тераса.

GPS координати :   40.25779, 23.2148

               10 % попуст за резервации и уплати до 01.03.2023

ЦЕНОВНИК   

  

ЦЕНИ ЗА НАЕМ НА АПАРТМАНИ/СТУДИЈА

Термини ноќевања 1/4 /Апартман 1/5Апартман
20.05.2023-27.05.2023 7 130 промо 140 промо
27.05.2023-03.06.2023 7 190 промо 200 промо
03.06.2023-10.06.2023 7 260 270
10.06.2023-17.06.2023 7 300 310
17.06.2023-24.06.2023 7 360 370
24.06.2023-01.07.2023 7 420 430
01.07.2023-08.07.2023 7 470 480
08.07.2023-15.07.2023 7 540 550
15.07.2023-22.07.2023 7 540 550
22.07.2023-29.07.2023 7 540 550
29.07.2023-05.08.2023 7 560 570
05.08.2023-12.08.2023 7 560 570
12.08.2023-19.08.2023 7 540 550
19.08.2023-26.08.2023 7 470 480
26.08.2023-02.09.2023 7 420 430
02.09.2023-09.09.2023 7 370 380
09.09.2023-16.09.2023 7 300 промо 310 промо
16.09.2023-24.09.2023 7 210 промо 220 промо

Цените се дадени во евра, уплата се врши исклучиво во денарска противвредност по курс 1€ = 62мкд

*Користењето на клима уред и  интернет е вклучено во цената
*Доплата за туристичка такса 0.5 еур на ден,(се плаќа во вилата).

Услови под кои важи аранжманот

  • Термините во табелите се денови на започнување и на завршување на аранжманот.
  • За сигурна резервација се подразбира исклучиво уплата на 30% аконтација во моментот на потпишување на Договор за патување, и целосна уплата најдоцна 7 дена пред започнување на аранжманот.
  • Преземањето на собите започнува најрано во 14 часот по локално време првиот ден, а напуштањето на истите е најдоцна до 9 часот по локално време последниот ден од аранжманот. Ненавременото напуштање на собите може да биде причина за нарушување на одморот и комодитетот на клиентите кои треба да влезат во студијата/ апартманите во следниот термин.
  • Во собите е дозволено сместување на лица согласно со бројот на легла, т.е. исклучиво на лицата кои се наведени во ваучерот издаден од агенцијата. Во случај на сместување на повеќе лица од дозволеното, агенцијата или локалниот партнер на истата го задржуваат правото да не ги примат лицата кои не се наведени во ваучерот или за истите да побараат соодветен финансиски надомест.
  • Единствено е дозволено сместување на едно дете до 5,99 години над бројот на кревети во секое студио или апартман
  • Сликите кои се објавени на нашата веб-страница се само дел од севкупната понуда-содржина и истите служат за да се добие генерален впечаток за објектот, агенцијата не може и нема да гарантира сместување во прецизно одредена соба од објавените. Нашата веб-страница е од информативен карактер, за сите детали и специфичности, задолжително информирајте се кај нашите вработени Агенцијата организира превоз со придружник-пратител на групата, до место кое е најпогодно за застанување и паркирање на автобусот а цената за истиот изнесува:

За возрасни 2.780 мкд. (45евра)
За деца до 12 години 2,170 мкд. (35 евра)
Деца до 2 години бесплатно, без седиште

  • За хигиената во собите во текот на престојот се грижат самите клиенти.
  • Сопствениците на објектите го задржуваат правото при евентуално направена-причинета штета да извршат наплата за истата од клиентите кои се сместени во моментот.
  • Цените објавени во табелите се конечни, без скриени трошоци. Користењето на клима-уред, интернет е вклучено во цената .
  • т.а. агенцијата не може да гарантира стабилност, брзина или коректност на интернет врската во кој-било објект од целата понуда.
  • Агенцијата го задржува правото да објави дел од слободните (непродадени) капацитети на Last Minute понуда, претходно направените и потврдени резервации нема да подлежат на какви било промени во цената.
  • Пред тргнување, Ве молиме да ја проверите важноста на своите патни исправи и задолжително да обезбедите патничко-здравствено осигурување, недостаток на истите не е одговорност на вработените во  и на самата агенција. 

Приговори и поплаки:

  • Во случај на неадекватно сместување или било кој друг проблем, се молат патниците за тоа веднаш да го известат одговорното лице. Доколку проблемот не биде решен, веднаш треба за истиот да се извести ОРГАНИЗАТОРОТ НА ПАТУВАЊЕТО и уплатното место каде сте склучиле Договор за патување, за време на првиот ден од сместувањето и почетокот на ова програма. Напоменуваме дека рекламации за кои агенцијата ќе дознае на последниот ден од престојот или по враќањето на патниците, истите нема да бидат земени во предвид или разгледани.
  • Ве молиме во случај на било каков инцидент (кражба, тепачка, сообраќајна незгода….), да се обратите на надлежните инситуции во земјата на престојот. Организаторот на патувањето единствено е задолжен да Ви помогне при посредување меѓу вас и надлежните институции
  • Составен дел од оваа програма се Општите услови на патување на организаторот на патувањето. За сите информации дадени усмено, агенцијата не сноси одговорност. Ве молиме внимателно да ги прочитате условите на патување кои се составен дел од овој програм. 

Важат Општите услови на СКТМ и Т.А. С-ТРАВЕЛ