You are currently viewing Вила Савас- Остров Тасос 2026

Вила Савас- Остров Тасос 2026

Тасос е најсеверниот грчки остров кој се наоѓа на околу 8 километри од пристаништето Керомоти, а најблискиот град е Кавала. Тасос по површина е 12-ти остров по големина во Грција. Островот е исто така име на најголемиот град на островот – Лименас Тасос, богат со шуми, каменоломи од мермер, злато, маслиново масло и мед.

Вила Савас се наоѓа на 150м од црквата Свети Никола во областа Скала Потамиа .
Вила Savva’s се наоѓа на 250 м од плажа и на 150 м од маркет.
Во непосредна близина на вилата се наоѓаат маркети,ресторани и кафулиња.
Самата вила е оддалечена 1.5 км од Golden Beach меѓутоа во самата област во близина на вилата се наоѓаат повеќе плажи и барови на сама плажа.

Собите кои ги имаме на располагање се на приземје.
Двокреветните соби се со 2 посебни кревети кои можат да бидат доближени или разделени зависно од потребите. Секоја соба има сопствено купатило, ТВ, мини фрижидер и клима уред (со доплата). Двете двокреветни соби имаат заеднички влез во кој се наоѓа кујна и истата е заедничка за тие две соби.
Трокреветните соби се со еден брачен и еден единечен кревет. Секоја соба има сопствено купатило, ТВ, мини фрижидер и клима уред (со доплата). Двете трокреветни соби имаат заеднички влез во кој се наоѓа кујна и истата е заедничка за тие две соби.

Координати: 40°42’32.3″N 24°45’29.5″E

ЦЕНОВНИК

Термин Studio 1/2 Studio 1/3
22.05 – 29.05.26 135 € 145 €
29.05 – 05.06.26 145 € 155 €
05.06 – 12.06.26 175 € 195 €
12.06 – 19.06.26 229 € 249 €
19.06 – 26.06.26 265 € 285 €
26.06 – 03.07.26 329 € 349 €
03.07 – 10.07.26 359 € 379 €
10.07 – 17.07.26 429 € 459 €
17.07 – 24.07.26 475 € 505 €
24.07 – 31.07.26 475 € 505 €
31.07 – 07.08.26 489 € 519 €
07.08 – 14.08.26 489 € 519 €
14.08 – 21.08.26 475 € 505 €
21.08 – 28.08.26 475 € 505 €
28.08 – 04.09.26 309 € 329 €
04.09 – 11.09.26 239 € 249 €
11.09 – 18.09.26 175 € 185 €

Што е вклучено во цената

  • 7 ноќевања на база Room Only (наем на студио)
  • Користење на Wi-Fi

Што не е вклучено во цената

  • Туристичка такса од 2€ по соба на ноќ, истата се плаќа директно во објектот
  • Патничко осигурување
  • Доплата за корситење на клима уред се плаќа на лице место 7 евра на ден.
  • Задолжителна доплата за траект 20 евра за возрасен / 15 евра за дете 2-11,99 години
  • Превоз (Скопје 60 евра, Штип 70 евра, Велес 60 евра, Радовиш 70 евра, Неготино 60 евра, Струмица 70 евра, Граничен премин 60 евра)
  • Превоз за деца од 2 до 11,99 години: попуст 10 € од редовната цена. Деца до 1,99 години бесплатно

Напомена:

  • Студиата имаат комплетно опремена кујна (приборот е во согласност со бројот на легла во Studioto)
  • Студиата се добиваат исчистени и со променета постелнила а за хигиента на собата во текот на престојот се грижат самите гости
  • Сместувањето во собите е после 14 часот локално време, напуштањето последниот ден е до 10 часот наутро
  • Гостите се должни првиот ден при влегување во студиата да пријават било каков недостаток или оштета која ја забележале.
  • Доколку настане некаква штета во текот на престојот, гостите ќе мора да ја платат истата при напуштање на собата.
  • Бројот на студиа кој може да се резервира со Early Booking попуст е ограничен!
  • Агенцијата го задржува правото на промена или прекинување на Early Booking попустите пред наведените датуми на истекување.
  • Резервациите направени со Early Booking не може да се комбинират со ниту еден друг попуст!
  • Доколку уплатата не се изврши во предвидениот термин резервацијата ќе биде наплатена по редовна или ревидирана цена во моментот на наплатата.
  • За уплатени два аранжмани 7+7 ноќи добивате 7% попсут на терминот со пониска цена, овој попуст не е валиден за резервации направени по цена со Early booking попуст или било кој друг тип на попуст.
Доплата за превоз (за возрасни) Македонија- Тасос -Македонија :
• Скопје 60€ • Штип 70€
• Велес 60 € • Радовиш 70€
• Неготино 60€ • Струмица 70€
• Граничен премин 60€    

Деца од 2 до 11,99 години: Попуст 10 € од редовната цена. Деца до 1,99 години бесплатно (не користи седиште)

СЛИКИ

Важат Општите услови на СКТМ и ТА С-ТРАВЕЛ