Вила Станкович – Лептокарија
Опис
Вилата е на 50 метри од море во самиот центар на Лептокарија . Сите студија се наоѓаат на прв кат. Секое студио е опремено со мини кујна, основни елементи за приготвување храна, сопствен тоалет, тераса, ТВ, бесплатен WI FI.
Check in: 14:00h.
Check out: 09:00h.
Важна Напомена: За хигиената на студијата се грижат самите гостии. Секоја штета напрвена од страна на гостинот се плаќа на лице место. Студијата не поседуваат крпи. За брзината на интернетот не гарантира агенцијата.
Ценовник:
Цените е за НАЕМ на студио за 8 дена 7 ноќевања
Термин | 1/2 студио | 1/4 студио |
24.05-31.05.2025 | 99 € | 139 € |
31.05-07.06.2025 | 139 € | 189 € |
07.06-14.06.2025 | 179 € | 229 € |
14.06-21.06.2025 | 209 € | 269 € |
21.06-28.06.2025 | 249 € | 309 € |
28.06-05.07.2025 | 289 € | 349 € |
05.07-12.07.2025 | 329 € | 389 € |
12.07-19.07.2025 | 369 € | 409 € |
19.07-26.07.2025 | 399 € | 449 € |
26.07-02.08.2025 | 399 € | 449 € |
02.08-09.08.2025 | 399 € | 449 € |
09.08-16.08.2025 | 399 € | 449 € |
16.08-23.08.2025 | 379 € | 429 € |
23.08-30.08.2025 | 359 € | 399 € |
30.08.-06.09.2025 | 299 € | 349 € |
06.09-13.09.2025 | 269 € | 319 € |
13.09-20.09.2025 | 179 € | 239 € |
20.09-27.09.2025 | 119 € | 159 € |
Цени во € се плаќа во денари 1€ = 62 денари
Во цената Е вклучено:
- 7 ноќевања во студио
- Безжичен интернет
Во цената НЕ Е вклучено:
- Превоз
- Патничко осигурување
- Доплата за клима уред 5-6€ на ден (се плаќа во вилата)
- Туристичка такса 2€ на ден за соба (се плаќа во вилата)
Информации, услови, попусти
- Сместување во собите прв ден е после 14 часот (локално време),
- Напуштање на собите последен ден најдоцна до 09 часот (локално време)
- Туристичката такса се плаќа на лице место по пристигнувањето во објектот..
- За уплата на два последователни термини одобруваме 7% попуст (попустот важи само за редовни цени)
- Препорачуваме патничко осигурување
- Купени или резервирани аранжмани по објавени/редовни цени не може да се споредуваат со ист аранжман понуден и продаден по рани резерваци или т.н. last minute специјални понуди пред отпочнувањето на аранжманот поради: отказ од клиент, намалена цена од сопственикот или непродадена соба од контингентот) НЕ следува корекција на цената.
СЛИКИ
Автобуски превоз цена по лице
град | час | возрасен | дете 2-12 |
Скопје | 04:00 | 50€ | 40€ |
Велес | 04:30 | 50€ | 40€ |
Штип | 03:40 | 65€ | 55€ |
Неготино | 05:00 | 50€ | 40€ |
ГП Богородица | 06:00 | 50€ | 40€ |
Битола | 04:00 | 45€ | 35€ |
Прилеп | 03:15 | 45€ | 35€ |
Струга | 02:15 | 55€ | 45€ |
Охрид | 02:30 | 55€ | 45€ |
Ресен | 03:15 | 55€ | 45€ |
Цени во €, се плаќа во денари 1 € = 62 денари
Дете до 2 год. бесплатно – не користи седиште
Место на поаѓање:
Скопје – Дрводекор
Штип – Паркинг пред Пошта
Велес – БП Мотел Македонија
Неготино – БП Неготино
ГП Богородица – БП Шимов
Битола – Автобуска Транскоп
Прилеп – БП Салида
Струга – Хотел Дрим
Охрид – БП Лук Оил излез кон Битола
Ресен – Автобуска станица
Време за поаѓање од Грција
грчко | македонско | место |
13:30 | 12:30 | Неи Пори |
14:00 | 13:00 | Лептокарија |
14:50 | 13:50 | Паралија |
Напомени:
- Релациите кои се наведени како (трансфер) се реализираат со патничко возило или комбе.
- Првиот ден на доаѓање и последниот ден на заминување патниците сами го пренесуваат својот багаж од местото на запирање до/од објектот на сместување.
- Ги замолуваме патниците на бидат на местата на поаѓање 15 минути пред поаѓањето.
- Можни се доцнења во летната сезона заради густината на сообраќајот за кои се извинуваме.
- Вие сте должни да сте на договореното место и час, со Вашите документи и Вашиот багаж
- Секој патник има право на превоз на 1 парче багаж до 20 кг., и 1 парче рачен багаж.
- Секој дополнителен багаж се наплаќа 10 евра по куфер.
ОТКАЗ НА РЕЗЕРВАЦИИ:
За отказ на резервација важат опшите услови , односно:
- за отказ до 30 дена пред патувањето се задржува 30% од сумата.
- за отказ 29 до 15 дена пред патувањето се задржува 50% од сумата.
- за отказ 14 до 5 дена пред патувањето се задржува 80% од сумата.
- за отказ 5-0 дена пред патувањето се задржува 100% од сумата.
Доколку патникот се откажува од аранжманот пред почетокот на патувањето, поради причини кои не можел да ги предвиди, избегне или отстрани (болест, повреда или смрт во потесното семејство, елементарна непогода или слично), а врз основа на важечка потврда од надлежните органи, во тој случај не ги плаќа отказните трошоци по наведената скала, туку само реалните трошоци произлезени од откажувањето на аранжманот, за кои организаторот е обврзан да ги плати на крајниот давател на услугата, без право на рефундација
Доколку патникот се откажува од аранжманот по почетокот на патувањето (за време на патување или за време на престој во местото на патување), поради настани кои се резулатат на влијание на “виша сила” (воени настани, терористички акти, елементарни непогоди, сообраќајни незгоди или слично), кои ниту патникот ниту организаторот не можел да ги предвиди, избегне или отстрани, организаторот не носи одговорност ниту има обврска за поврат на средства за нереализирани услуги, освен доколку крајниот давател на услугите прифати и изврши рефундација на истите.
ПРИГОВОРИ И ПОПЛАКИ:
- Во случај на неадекватно сместување или било кој друг проблем, се молат патниците за тоа веднаш да го известат одговорното лице на објектот или представникот. Доколку проблемот не биде решен, веднаш треба за истиот да се извести ОРГАНИЗАТОРОТ НА ПАТУВАЊЕТО и уплатното место каде сте склучиле Договор за патување, за време на првиот ден од сместувањето и почетокот на ова програма. Напоменуваме дека рекламации за кои агенцијата ќе дознае на последниот ден од престојот или по враќањето на патниците, истите нема да бидат земени во предвид или разгледани.
- Ве молиме во случај на било каков инцидент (кражба, тепачка, сообраќајна незгода….), да се обратите на надлежните инситуции во земјата на престојот. Организаторот на патувањето единствено е задолжен да Ви помогне при посредување меѓу вас и надлежните институции
- Составен дел од оваа програма се Општите услови на патување на организаторот на патувањето. За сите информации дадени усмено, агенцијата не сноси одговорност. Ве молиме внимателно да ги прочитате условите на патување кои се составен дел од овој програм.