Villa Armenos elegance apartment-Јерисос 2026
ОПИС:
Јерисос е едно од најголемите туристички места на полуостровот Халкидики и е на само 340 км од Скопје. Градот во кој живеат повеќе од 3000 жители има долга, песочна плажа која има ‘сино знаме’ за чистота и шеталиште со таверни, кафетерии и атракции за најмладите. Од Јерисос секојдневно се организираат крстарења околу Света Гора и островот Амулијани.
Вила Armenos elegance apartments се наоѓа во Јерисос на 50 метри од градската плажа, во мирен дел на градот. Вилата располага со четворокреветен мезонет апартман, петокреветен мезонет апартман и шестокреветен апартман.Собите се модерно опремени со нов мебел и во секоја од нив има комплетно опремена кујна, клима (вклучена во цена), wi-fi,сопственo купатило опремено со сите средства за лична хигиена, пешкири,фен и тераса. Паркинг има на 20 метри од вилата.
1/4 мезонет – број 2 – се наоѓа на втор спрат со страничен поглед на море (дневна со црвена боја и спална со тиркизна боја на сликите). Дневен престој со аголна гарнитура која се пушта, трпезарија, кујна, тоалет и балкон. Скалите водат до спална со два големи единечни споени кревети. Во овој мезонет може да се сместат максимум 2 возрасни и 2 деца до 12 години или 3 возрасни лица.
1/5 мезонет апартман – број 1 – се наоѓа на втор спрат со директен поглед на море (дневна со црвена боја и спална со тиркизна боја на сликите). Дневен престој со аголна гарнитура која се пушта, трпезарија, кујна, тоалет, балкон и посебна просторија со брачен кревет. Скалите водат до спална со два големи единечни споени кревети. Во овој мезонет може да се сместат максимум 5 возрасни лица и 1 дете до 12 години.
1/6 апартман – број 3 – се наоѓа на прв спат со страничен поглед на улица (дневна со сина и тиркизна боја и спална со зелена боја на сликите). Дневен престој со кујна и трпезарија во која се наоѓа софа на спуштање за 2 возрасни лица и 2 кревети на спрат.Апартманот располага со уште една посебна соба со брачен кревет.Во овој апартман може да се сместат максимум 6 лица (возрасни/деца).
BLACK FRIDAY 15% ПОПУСТ
на цените во табелата (минимум уплата од 50%) ОСТАТОКОТ ДО 31.01.2026
BLACK FRIDAY ЦЕНИТЕ важат за резервации направени во периодот 26.11.2025 – 10.12.2025
ЦЕНОВНИК:
|
Термин |
Ноќевања |
1/4 мезонета |
1/5 мезонета апп |
1/6 апп |
|
31.05 |
7 ноќи |
350€ |
370€ |
400 € |
|
07.06 |
7 ноќи |
390€ |
430€ |
450 € |
|
14.06 |
7 ноќи |
450 € |
490 € |
550 € |
|
21.06 |
7 ноќи |
490 € |
550 € |
590 € |
|
28.06 |
7 ноќи |
590 € |
650 € |
690 € |
|
05.07 |
7 ноќи |
730 € |
800 € |
840 € |
|
12.07 |
7 ноќи |
830 € |
920 € |
940 € |
|
19.07 |
7 ноќи |
930 € |
1020 € |
1140 € |
|
26.07 |
7 ноќи |
1040 € |
1140 € |
1240 € |
|
02.08 |
7 ноќи |
1040 € |
1140 € |
1240 € |
|
09.08 |
7 ноќи |
1040 € |
1140 € |
1240 € |
|
16.08 |
7 ноќи |
1040 € |
1140 € |
1240 € |
|
23.08 |
7 ноќи |
1040 € |
1140 € |
1240 € |
|
30.08 |
7 ноќи |
870 € |
950 € |
1090 € |
|
06.09 |
7 ноќи |
690 € |
780 € |
890 € |
|
13.09 |
7 ноќи |
590 € |
680 € |
720 € |
|
20.09 |
7 ноќи |
490 € |
550 € |
590 € |
Цени во € се плаќа во денари 1€ = 62 денари
Во цената е вклучено:
наем на студио или апартман за 7 ноќевања.
Во цената не е вклучено:
- Доплата за туристичка такса 2 евра по студио/апартман на ден, се плаќа во агенција.
- Патничкото осигурување е задолжително и НЕ е вклучено во цената.
За уплата на два последователни термини, одобруваме 10% попуст на вториот термин. Попустот важи само на редовни цени.
СЛИКИ
НАПОМЕНИ:
Организаторот на патувањето го задржува правото по пат на ultra first или last minute понуда да ги објави и продаде слободните капацитети по цени кои се разликуваат од оние кои се веќе објавени во ценовникот. Лицата кои го уплатиле аранжманот по ценовник немаат право на надомест на средства за разликата во цена.
Попустите НЕ можe да се комбинираат меѓу себе, на промотивните цени НЕ следува попуст, попуст за рано букирање и за две смени НЕ може да се комбинира.
Важечка е резервацијата со авансна уплата од 30% од вкупниот износ на аранжманот. Целосна доплата на аранжманот се врши 10 дена пред поаѓање. Усни и телефонски резервации се невалидни и неважечки.
Во студио/апартман дозволено е сместување на лица согласно бројот на кревети.
Бројот на лица кои се сместуваат во собите треба да е соодветен на лицата наведени во ваучерот кој го издава организаторот на патувањето.
Превземање на собите е по 14 часот – локално време, а напуштање на истите е до 09:00 часот.
По завршување на вашето летување должни сте да го оставите студиото/апартманот во чиста состојба. Во случај на причинета материјална штета за време на престојот, корисникот ја надоместува штетата на сопственикот на лице место.
Во цената на аранжманот каде што е вклучено користење на клима уред, сопственикот има право да реагира и да ја скрати оваа услуга доколку го оставате.
ПРИГОВОРИ И ПОПЛАКИ:
- Во случај на неадекватно сместување или било кој друг проблем, се молат патниците за тоа веднаш да го известат одговорното лице на објектот или представникот. Доколку проблемот не биде решен, веднаш треба за истиот да се извести ОРГАНИЗАТОРОТ НА ПАТУВАЊЕТО и уплатното место каде сте склучиле Договор за патување, за време на првиот ден од сместувањето и почетокот на ова програма. Напоменуваме дека рекламации за кои агенцијата ќе дознае на последниот ден од престојот или по враќањето на патниците, истите нема да бидат земени во предвид или разгледани.
- Ве молиме во случај на било каков инцидент (кражба, тепачка, сообраќајна незгода….), да се обратите на надлежните инситуции во земјата на престојот. Организаторот на патувањето единствено е задолжен да Ви помогне при посредување меѓу вас и надлежните институции
- Составен дел од оваа програма се Општите услови на патување на организаторот на патувањето. За сите информации дадени усмено, агенцијата не сноси одговорност. Ве молиме внимателно да ги прочитате условите на патување кои се составен дел од овој програм.
Важат Општите услови на СКТМ и Т.А. С-ТРАВЕЛ