Zlatibor Mountain Resort & Spa 5*- Златибор
ОПИС:
Хотелот Zlatibor Mountain Resort & Spa, комплекс инспириран од природата и потребата за вистински одмор и уживање. Водени од идејата дека животната средина е нешто што треба да се чува и цени, гостите имаат можност да се релаксираат и преку изборот на различни домашни производи да си дадат можност да се поврзат со локалните богатства. Најмодерно дизајнираните соби, се тука да создадат искуство на целосна хармонија и спокојство, додека персоналот на нашите познати ресторани ќе се потруди да ја доживеете кујната на Златибор преку современа призма на современи методи на подготовка.
Посебена убавина на овај комплекс и место каде секој сегмент е подреден на вашето целосно уживање релаксирачкиот амбиент, чија содржина е создадена за да обезбеди целосна ревитализација на умот и телото е дизајниран како автентична спа градина, во чии базени има посебен вид на вода богата со магнезиум, калиум, калциум и други минерали кои позитивно влијаат на здравјето. Во комбинација со идеалното количество железо, оваа вода нуди еден вид лек, кој благотворно делува на тегобите предизвикани од современиот начин на живот и работа.
ЗА ЦЕНИ И СЛОБОДНИ КАПАЦИТЕТИ КОНТАКТИРАЈТЕ НЕ ВО АГЕНЦИЈА
Во цената е вклучено:
– Полупансион (појадок и вечера)
– Неограничено користење на луксузен Maгнезиум Spa&Wellness центар на преко 4.000m²: 3 внатрешни базена, 2 џакузи, 1 walking cc 20 лица х 1,25m, финска сауна, парна бања, био сауна, солена соба, ледена соба, шок туш….
– Неограничено користење на фитнес центар со мулти функционални сали..
– Wi-Fi
– Детско катче
– Baby Cot (задолжителна резервација)
Во цената не е вклучено:
- Туристичка такса 1,20€ по лице на ден за возрасни; Деца 7-15 години 0,60€ по лице на ден; Деца до 6,99 години ГРАТИС; (се наплаќа во агенција)
- Подземна гаража 10€ по кола на ден
- 5-то возрасно лице на дополнително легло 49€ по лице на ден важи за Family Suite;
Услови за деца:
– 2 деца до 11,99 години во придружва на 2 полноплатежни лица ГРАТИС;
– Во Standart Room може да се сместат 2 возрасни лица + 1 дете до 7 години (дели легло со родители)
– Во Superior Room може да се сместат 2 возрасни лица / 3 возрасни лица / 2 возрасни лица + 1 дете до 11,99 години / 2 возрасни лица + 2 деца (1 дете до 11,99 години) (2-ро дете до 6,99 години) / 2 возрасни + 2 деца ( до 6,99 години)
– Во Family Room може да се сместат 2 возрасни + 2 деца (11,99 години) / 3 возрасни / 3 возрасни + 1 дете (11,99 години) / 4 возрасни лица
– Во Јunior Suite може да се сместат само 2 возрасни лица!
– Во Family Suite може да се сместат 2 возрасни + 2 деца (11,99 години) / 3 возрасни + 1 дете 11,99 години / 4 возрасни лица
Доплати на лице место (не се задолжителни):
– Куглана, Биљард, ВИП СПА центар…
Политика за откажување за резервации напаравени без попусти и промоции:
-1 ноќ од вкупната вредност на резервација ке биде наплатено ако резервацијата се откаже или промени термин 21 – 15 дена пред почетокот на аранжманот.
– 100% од вкупната вредност на резервација ке биде наплатено ако резервацијата се откаже или промени термин 14-0 дена пред почетокот на аранжманот.
– Доколку гостинот го напушти хотелот пред датумот предвиден за враќање, хотелот нема да ги рефондира неискористените средства.
СЛИКИ:
ОТКАЗ НА РЕЗЕРВАЦИИ:
За отказ на резервација важат опшите услови , односно:
- за отказ до 30 дена пред патувањето се задржува 30% од сумата.
- за отказ 29 до 15 дена пред патувањето се задржува 50% од сумата.
- за отказ 14 до 5 дена пред патувањето се задржува 80% од сумата.
- за отказ 5-0 дена пред патувањето се задржува 100% од сумата.
- Доколку патникот се откажува од аранжманот пред почетокот на патувањето, поради причини кои не можел да ги предвиди, избегне или отстрани (болест, повреда или смрт во потесното семејство, елементарна непогода или слично), а врз основа на важечка потврда од надлежните органи, во тој случај не ги плаќа отказните трошоци по наведената скала, туку само реалните трошоци произлезени од откажувањето на аранжманот, за кои организаторот е обврзан да ги плати на крајниот давател на услугата, без право на рефундација
- Доколку патникот се откажува од аранжманот по почетокот на патувањето (за време на патување или за време на престој во местото на патување), поради настани кои се резулатат на влијание на “виша сила” (воени настани, терористички акти, елементарни непогоди, сообраќајни незгоди или слично), кои ниту патникот ниту организаторот не можел да ги предвиди, избегне или отстрани, организаторот не носи одговорност ниту има обврска за поврат на средства за нереализирани услуги, освен доколку крајниот давател на услугите прифати и изврши рефундација на истите.
ПРИГОВОРИ И ПОПЛАКИ:
- Во случај на неадекватно сместување или било кој друг проблем, се молат патниците за тоа веднаш да го известат одговорното лице на објектот или представникот. Доколку проблемот не биде решен, веднаш треба за истиот да се извести ОРГАНИЗАТОРОТ НА ПАТУВАЊЕТО и уплатното место каде сте склучиле Договор за патување, за време на првиот ден од сместувањето и почетокот на ова програма. Напоменуваме дека рекламации за кои агенцијата ќе дознае на последниот ден од престојот или по враќањето на патниците, истите нема да бидат земени во предвид или разгледани.
- Ве молиме во случај на било каков инцидент (кражба, тепачка, сообраќајна незгода….), да се обратите на надлежните инситуции во земјата на престојот. Организаторот на патувањето единствено е задолжен да Ви помогне при посредување меѓу вас и надлежните институции
- Составен дел од оваа програма се Општите услови на патување на организаторот на патувањето. За сите информации дадени усмено, агенцијата не сноси одговорност. Ве молиме внимателно да ги прочитате условите на патување кои се составен дел од овој програм.