Хотелот Радика е првокласно планинско одморалиште кое се наоѓа во Националниот парк Маврово, во Западна Македонија, на одлична локација веднаш над езерото Маврово опкружено со прекрасна борова шума и е на само 90 км од главниот град на Македонија, Скопје. Хотелот е комплетно реновиран во 2008 година и предизвикува зачудување на секој „новодојденец“. Одличната локација (1400м надморска височина), пространи соби, стилскиот дизајн и големиот Спа центар ќе придонесат за вашиот незаборавен престој.
Ценовник валиден во период од 01.04.2022 до 31.10.2022
Тип на соба | Еднокреветна | Двокреветна |
---|---|---|
Супериор | 3.658мкд | 2.418мкд |
Џуниор свит | 4.402мкд | 2.914мкд |
Апартманот и Дуплекс апартман | 5.146мкд | 3.410мкд |
Прецедателски апартман | 12.710мкд | 7.440мкд |
- ЦЕНИТЕ СЕ ИЗРАЗЕНИ ВО ДЕНАРИ, ПО ЛИЦЕ НА ДЕН НА БАЗА НОЌЕВАЊЕ СО ПОЈАДОК
Цената вклучува:
- Ноќевање со појадок
- Туристичка такса, осигурување и ДДВ
- СПА Центар: Внатрешен базен, Цакузи, сауни, парни бањи, приватна кабина со солена вода, фитнес центар
- Спорт бар: 500 спортски канали, билјард и пикадо
- Пинг понг, фудбалче, внатрешна детска игрална
- Интернет ИП/ТВ
Цената НЕ вклучува:
- Превоз
- Индивидуални трошоци
Доплата и попусти:
- Деца од 0-4год сместени со родителите – бесплатно
- Деца од 4-11,99год сместени со родители – 930мкд по дете по ноќевање
- Трето возрасно лице во соба –1550мкд по лице по ноќевање
- Ручек:1178мкд по оброк по лице
- Вечера: 1178мкд по оброк по лице
УСЛОВИ:
- Резервација се прави со авансна уплата од минимум 30% од цената на аранжманот и копија од лична карта.
- Комплетна доплата 7 дена пред поаѓање.
ОТКАЗ НА РЕЗЕРВАЦИЈА:
- До 7 дена до пристигање – без пенали
- До 5 дена пред пристигање – 30% пенали
- Од 2 до 0 дена пред пристигање – 50% пенали
- Не појавување во хотел – 100% пенали
- No show – 100% of the accommodation charge
ПРИГОВОРИ И ПОПЛАКИ:
- Во случај на неадекватно сместување или било кој друг проблем, се молат патниците за тоа веднаш да го известат одговорното лице на рецепцијата . Доколку проблемот не биде решен, веднаш треба за истиот да се извести ОРГАНИЗАТОРОТ НА ПАТУВАЊЕТО и уплатното место каде сте склучиле Договор за патување, за време на првиот ден од сместувањето и почетокот на ова програма. Напоменуваме дека рекламации за кои агенцијата ќе дознае на последниот ден од престојот или по враќањето на патниците, истите нема да бидат земени во предвид или разгледани.
- Ве молиме во случај на било каков инцидент (кражба, тепачка, сообраќајна незгода….), да се обратите на надлежните инситуции во земјата на престојот. Организаторот на патувањето единствено е задолжен да Ви помогне при посредување меѓу вас и надлежните институции.
- Составен дел од оваа програма се Општите услови на патување на организаторот на патувањето. За сите информации дадени усмено, агенцијата не сноси одговорност. Ве молиме внимателно да ги прочитате условите на патување кои се составен дел од овој програм.
Важат Општите услови на СКТМ и Т.А. С-ТРАВЕЛ