Комплекс Кораб – Трница
ОПИС:
Во срцето на Горна Река, меѓу високите Кораб, Шара и Бистра, кај многуте расфрлени планински рекички и Радика,меѓу зимзелените дрвја и секвојата што гордо ве пречекува,се наоѓа комплексот „Кораб Трница“. Комплексот е оддалечен 5 (пет) километри од Мавровско Езеро, на патот кон Дебар. Комплексот им нуди на гостите можност за одмор во апартмани, соби и бунгалови со прекрасен поглед кон падините на Кораб, Шара и Бистра. За гостите комплексот нуди бесплатно користење на велосипедите и риболовна опрема. Располагаме и со сопствени коњи и организираме тури за јавање за почетници.. Во комплексот има пешачки патеки и игралиште за деца. За авантуристите, во близина на овие објекти постои и посебен простор за кампување и за шатори, кој е опремен со комплетна инфраструктура.Овој комплекс, освен со сместувачките капацитети, располага и со простории за состаноци и за деловни состаноци. Посебен акцент ставаме на нашиот ресторан Кораб Трница во кои гостите можат да ги пробаат највкусните традиционални специјалитети како: надалеку познатиот качамак со кисело млеко, ѓомлезе, реканските пити, трничка тава..
ЦЕНОВНИК:
ЦЕНОВНИК ЗА 2024-2025
COMPLEX KORAB TRNICA | 2024-2025 |
DOUBLE RROM | 48 € |
TWIN ROOM | 48 € |
APARTMENT 3 PAX | 56 € |
APARTMENT 4 PAX | 62 € |
VIP APARTMENT 4 PAX | 68 € |
BUNGALOW DOUBLE RROM | 42 € |
Во цените е вклучено:
- Понудените цени се иразени по соба, на ден.
Во цените не е вклучено:
- Појадок 300 ден по лице.
- Ручек/вечера 600 ден по лице.
- Туристичката такса не е вклучена во цената.
СЛИКИ:
УСЛОВИ:
- Резервација се прави со авансна уплата од минимум 30% од цената на аранжманот и копија од лична карта.
- Комплетна доплата 7 дена пред поаѓање.
ПРИГОВОРИ И ПОПЛАКИ:
- Во случај на неадекватно сместување или било кој друг проблем, се молат патниците за тоа веднаш да го известат одговорното лице на рецепцијата . Доколку проблемот не биде решен, веднаш треба за истиот да се извести ОРГАНИЗАТОРОТ НА ПАТУВАЊЕТО и уплатното место каде сте склучиле Договор за патување, за време на првиот ден од сместувањето и почетокот на ова програма. Напоменуваме дека рекламации за кои агенцијата ќе дознае на последниот ден од престојот или по враќањето на патниците, истите нема да бидат земени во предвид или разгледани.
- Ве молиме во случај на било каков инцидент (кражба, тепачка, сообраќајна незгода….), да се обратите на надлежните инситуции во земјата на престојот. Организаторот на патувањето единствено е задолжен да Ви помогне при посредување меѓу вас и надлежните институции.
- Составен дел од оваа програма се Општите услови на патување на организаторот на патувањето. За сите информации дадени усмено, агенцијата не сноси одговорност. Ве молиме внимателно да ги прочитате условите на патување кои се составен дел од овој програм.