ПАНСИОН – “КУТМИЧЕВИЦА” – ВEВЧАНИ
Општина Вевчани се наоѓа на само 15 км од Охридското Езеро, сместено е под падините на Јабланица, во југозападниот дел на Македонија. Се простира на површина од 35 км2, која е претежно ридско-планинска. Вевчани брои 550 постојани домаќинства со околу 2.500 жители и околу 300 викенд куќи. Вевчани изобилува со голем број природни реткости и локалитети. Посебен белег му дава водата, која може да се види насекаде, но најдоминантна е во локалитетот Вевчански Извори – споменик на природата. Големо природно богатство се и шумите и живиот свет во нив, како и големиот број излетнички места, како:
- Месноста Голина со глечерското езеро Локва на 2 000 м н. в.;
- Месноста Мала ливада, на која посебен белег ѝ дава студената, бистра изворска вода на н. в. од 1.600 м;
- Месноста Јанков Камен, најубавото и најпосетеното излетничко место, богато со вода, на н. в. од 1.200 м.
Вевчани е познато и по културното богатство, како што е старата архитектура која вевчанци ја носеле од разни краеви на светот каде што печалбареле. Вевчани има 19 цркви, манастири и параклиси, а централно место има црквата „Св. Никола“, која е осветена во 1876 година, а во која посебно место зазема иконостасот изработен од познатиот Дичо Зограф со тајфата, како и манастирот „Св. Спас“, кој се наоѓа на надморска висина од 1.310 метри.
Еден од позначајните белези по кои Вевчани е најпознато во нашата земја и светот е традиционалниот Вевчански карневал, стар колку што е старо и Вевчани – над 1.400 години. Карневалот се одржува секоја година на 13 и 14 јануари.
ОПИС:
Пансионот Кутмичевица промовира историско и културно наследство на селото Вевчани, сместно во падините на Јабланица, 14 км од Охридското Езеро, на височина од 930 метри. Етно пансионот има апартмани со 2 и 3 кревети со одделна бања. Ресторанот има 60 места внате и 20 на терасата.
Мени бр.1 (ЦЕНА 980 ден.)
Ладно предјадење:
-Мешана салата
-Два вида домашна пита
-Ајвар
-Овчо бело сирење
-Гриловани тиквици и модар патлиџан
-Тавче гравче
Главно јадење:
1.Тава со свинско месо (Свинско месо,печурки и сланина) или
2.Тава со мешано пилешко и јунешко месо и зеленчук
3.-Шарска плескавица и пилешки стек во сос
4.-Солено месо од каче и плескавица
5.-Вевчанскли гулаш (свинско месо,кромид,црвена сува пиперка)
Гарнир:
-пекарски компир
-Домашен леб
-Десерт
-Домашна баклава со лешник,ореви и сусам
МЕНИ бр.2 Цена 350 ден
(за детски екскурзии)
-порција со салата
-пиилешки стек или плескавица 130 гр.
-помфрит
-сок наливен
-леб
———————————————————————————————-
МЕНИ бр.3 Цена 700
-Салата сезонска
-сирење
-комат со праз
-плескавица и пилешки стек во сос од печурки
-гарнир :Пекарски компир
-десерт
Kапацитети:
- 24 часа услуги на рецепција
- Интернет (безжичен)
- Ресторан
- Тераса
Во собите
- Балкон
- Мини бар
- ТВ Кабелска
- Туш
Миленичињата не се дозволени.
За мин. 8 пријавени организиран превоз со комбе (со доплата)
За мин. 25 пријавени организиран превоз со бус (со доплата)
ПРИГОВОРИ И ПОПЛАКИ:
- Во случај на неадекватно сместување или било кој друг проблем, се молат патниците за тоа веднаш да го известат одговорното лице на објектот или представникот. Доколку проблемот не биде решен, веднаш треба за истиот да се извести ОРГАНИЗАТОРОТ НА ПАТУВАЊЕТО и уплатното место каде сте склучиле Договор за патување, за време на првиот ден од сместувањето и почетокот на ова програма. Напоменуваме дека рекламации за кои агенцијата ќе дознае на последниот ден од престојот или по враќањето на патниците, истите нема да бидат земени во предвид или разгледани.
- Ве молиме во случај на било каков инцидент (кражба, тепачка, сообраќајна незгода….), да се обратите на надлежните инситуции во земјата на престојот. Организаторот на патувањето единствено е задолжен да Ви помогне при посредување меѓу вас и надлежните институции
- Составен дел од оваа програма се Општите услови на патување на организаторот на патувањето. За сите информации дадени усмено, агенцијата не сноси одговорност. Ве молиме внимателно да ги прочитате условите на патување кои се составен дел од овој програм.