You are currently viewing Аурора Ресорт & СПА 5* – Берово 2024/2025

Аурора Ресорт & СПА 5* – Берово

ОПИС:

Со надморска височина од 1100 метри, ресортот е сместен во источниот планински дел на Македонија, близу до градот Берово, веднаш над Беровското езеро и прекрасниот кањон на Малешевските планини. Точно овој регион, често именуван како мала Швајцарија, се наоѓа еден од четирите воздушни коридори во светот, збогатен со огромно количество на кислород, претворајќи го ресортот во беспрекорно чиста воздушна бања.
Изграден од природни елементи, со употреба на вулкански камен и дрво, оплеменет со различни видови на растенија и дрва кои го претвораат ресортот во прекрасна ботаничка градина, збогатен со секојдневниот пој на птиците, припитомени во куќарките соецијално изработени за нив и потставени по боровите кои го опкружуваат комплексот, ресортот е вистинска хармонична бајка. Со своите содржини како: world-class СПА центар, Ресторан што претставува уметничко ремек дело, пет ѕвездено сместување, прекрасни базени, беспрекорна услуга од светска класа и богати и интересни планински содржини, го прават овој луксузен сепак интимен комплекс Вашето совршено бегство од секојдневието…

АУРОРА РЕСОРТ & СПА 5* (Берово)Мало парче рај, од мир и спокојност, создадено за незаборавни искуства.
Долгогодишната успешна работа во областа на туризмот, посветеноста и професионалноста и овозможи на Аурора Турс да биде горд сопственик на овој луксузен 5* хотелски комплекс, кој после речиси 10 годишна интензивна градба започна со работа во 2011 година.
На окулу 160км од Скопје, односно на помалку од 2 часа возење, ресортот е сместен во источниот планински дел на Македонија со надморска височина од 1100 метри, близу до градот Берово, веднаш над Беровското езеро и прекрасниот кањон на Малешевските планини.Токму во овој регион, често именуван како мала Швајцарија, се наоѓа еден од четирите воздушни коридори во светот, збогатен со огромно количество на кислород, претворајќи го ресортот во беспрекорно чиста воздушна бања.Изграден од природни елементи, со употреба на вулкански камен и дрво, оплеменет со различни видови на растенија и дрва налик ботаничка градина, збогатен со живописен природен резереват во кој слободно живеат срнички, зајачиња и други животинчиња, ресортот е вистинска хармонична бајка.
Со своите содржини меѓу кои е прекрасниот и убедливо најфотографираниот инфинити базен во Македонија; СПА центарот; Ресторан во кој освен во врвната храна може да се ужива и во уметнички ремек дела на најпознати наши и светски автори; баровите со големи надворешни или затворени тераси; комфорните и модерни соби со прекрасен поглед; беспрекорната услуга од светска класа, како и големиот избор од други интересни планински содржини, го прават овој луксузен a сепак интимен комплекс совршено бегство од секојдневието – место за вистински одмор. 
Хотелот е исто така максимално подготвен и специјализиран да одговори на сите видови корпорациски барања и услуги вклучувајќи ги активностите на тим билдинг, состаноци, конгреси, семинари, самити и конференции.А за вашите прослави, свадби, венчавки и други специјални моменти кои се паметат цел живот, Аурора Ресорт и Спа е вистинскиот избор…

ЦЕНИ:

НОВОГОДИШНА ПОНУДА 2025    
Категорија на соба  31.12.2024 30.12.2024-01.01.2025 31.12.2024-02.01.2025 3ноќевања дополнително ноќевање(02,03,04)
Superior room  380€ 550€ 590€ 738€ 110€
Superior room with view  390€ 570€ 610€ 768€ 118€
Junior Suite room 402€ 594€ 636€ 806€ 126€
Deluxe Premium Suite 424€ 638€ 684€ 876€ 134€
Junior Suite Premium with canyon view 424€ 638€ 684€ 876€ 134€
Apartment 438€ 666€ 716€ 922€ 144€

Цените се изразени во евра, во агенција се наплаќа во денарска противредност 1еур=62ден

ВО ЦЕНАТА Е ВКЛУЧЕНО

  • Цената на пакетот е дадена за две лица, на услуга полупансион.
  • 1 час дневно користење на топол базен, сауна и парна бања (со претходна резервација)
  • 20% попуст за масажа
  • 3то лице во соба -30% попуст
  • Туристичка такса 45 ден за ворасни и 5 ден за дете од ноќевање( се плаќа на лице место).

НОВОГОДИШНА ПРОГРАМА

30.12.2024 ПОНЕДЕЛНИК – Тематска традиционална вечера (богата трпеза со традиционални салати, ладни и топли предјадења, локални специјалитети, вклучено греана ракија и греано вино, позадинска тематска традиционална музика проследена)
19:00 – 21:30. Ресторанот и барот работат до 23:00 часот.
31.12.2024 ВТОРНИК – НОВОГОДИШНА ГАЛА ВЕЧЕР Екслузивно 5 сетно мени со извонредна понуда (салата, ладно предјадење, топло предјадење, главно јадење, десерт).
Неограничена алкохолна и безалкохолна програма за пијалоци од селектирана, високо квалитена листа.
Забавна програма со жива музика 20:00 – 01:30 часот, од познати македонски изведувачи Соња Пендовска Мадевска (Mezzosoprano Alto) – опера солист од Национална опера и балет, со својот високо квалитетен вокал, овојпат во забавно издание, Златко Мадевсски – клавијатура – вонреден професор на Факултетот за музичка уметност – Скопје , Раде Младеновски – познат млад народен вокал од телевизиските екрани во емисиите на Мерак Меана.
01:30 – 03:30 – DJ AFTER PARTY – изведувач – DJ DIDO.

01.01.2025 СРЕДА – 14:00 – 16:00 часот – Попладневно Новогодишно дружење со вклучена селектирана листа на пијалоци и закуски од печени плодови. Анимација за деца, “Дедо Мраз со своите еленчиња носи подароци за сите дечиња”, групно хранење и сликање со срните и елените на Дедо Мраз.
19:00 – 00:00 – Тематска мексиканска вечера.(богата трпеза со мексиканско мени, вклучено коктел маргарита, текила и мексиканска сангрија). Тематска староградска мексиканска музика
21:30 – 00:00 часот LATINO AFTER PARTY – изведувач – DJ

ЦЕНОВНИК:

Категорија на соба  Пон-Чет 2НВ Пет-Саб 2НВ   Доп.ноќ    Пон-Чет  Доп.ноќ   Пет-Саб
Superior room  228€ 268€ 96€ 118€
Superior room with view  258€ 298€ 116€ 134€
Junior Suite room 258€ 298€ 116€ 134€
Deluxe Premium Suite 258€ 298€ 116€ 134€
Junior Suite Premium with canyon view 324€ 364€ 144€ 162€
Apartment 356€ 428€ 156€ 192€

Цените се изразени во евра, во агенција се наплаќа ислучиво во денарска противредност   1еур=62ден

ВО ЦЕНАТА Е ВКЛУЧЕНО

  • Цената на пакетот е дадена за две лица, пакет од 2 ноќевања на услуга полупансион.
  • Цената важи за сместување на минимум 2 лица, во соба според табелата.
  • 1 час дневно користење на топол базен, сауна и парна бања (со претходна резервација)
  • 20% попуст за масажа
  • 3то лице во соба -30% попуст
  • Туристичка такса 45 ден за ворасни и 5 ден за дете од ноќевање( се плаќа на лице место).

Политика за сместување за деца
Деца 0-2,99 год: БЕСПЛАТНО
* 1 CHD 3-11,99 год.: 620 мкд од ноќевање
* второ CHD 3-11,99 години: 50% од цената за ВОЗРАСНИ
Децата на возраст над 12,00 години се сметаат за возрасни и плаќаат 70% од цената на возрасното лице 

ХОТЕЛСКИ АКТИВНОСТИ
  • Јавање коњ
  • Интеракција со животните при нивно хранење од рака во мини зоолошка градина
  • Рекреативни социјални игри за дружење: карти, шах, табла, пинг-понг табла, билијард и пикадо
  • Планински велосипеди
  • Рекреативни прошетки (сопствена организација или по хотелска организација) – зависно од временските услови
  • Прошетка покрај Беровското езеро кое е лоцирано веднаш под самиот комплекс
  • Планинарење по мапирана патека до планинскиот врв на Абланица
  • Посета на локалитети од историско значење како што се машкиот и женскиот манастир
  • Посета на Пехчевските водопади

СЛИКИ:

УСЛОВИ:

  • Резервација се прави со авансна уплата од минимум 30% од цената на аранжманот и копија од лична карта.
  • Комплетна доплата 7 дена пред поаѓање.
  • Цените се дадени во евра, уплата се врши во денарска противвредност по курс 1€ = 62мкд.
  • Влез во СПА центарот и користење сите негови содржини на деца под 10 години не е препорачливо.                                         
  • За деца од 10 до 12 год, придружба на родител е неопходна и е дозволено само користење на внатрешниот базен;

ОТКАЗ НА РЕЗЕРВАЦИЈА:

За отказ на резервација важат опшите услови , односно:

  • за отказ до 30 дена пред патувањето се задржува 30% од сумата.
  • за отказ 29 до 15 дена пред патувањето се задржува 50% од сумата.
  • за отказ 14 до 5 дена пред патувањето се задржува 80% од сумата.
  • за отказ 5-0 дена пред патувањето се задржува 100% од сумата.

Доколку патникот се откажува од аранжманот пред почетокот на патувањето, поради причини кои не можел да ги предвиди, избегне или отстрани (болест, повреда или смрт во потесното семејство, елементарна непогода или слично), а врз основа на важечка потврда од надлежните органи, во тој случај не ги плаќа отказните трошоци по наведената скала, туку само реалните трошоци произлезени од откажувањето на аранжманот, за кои организаторот е обврзан да ги плати на крајниот давател на услугата, без право на рефундација. Доколку патникот се откажува од аранжманот по почетокот на патувањето (за време на патување или за време на престој во местото на патување), поради настани кои се резулатат на влијание на “виша сила” (воени настани, терористички акти, елементарни непогоди, сообраќајни незгоди или слично), кои ниту патникот ниту организаторот не можел да ги предвиди, избегне или отстрани, организаторот не носи одговорност ниту има обврска за поврат на средства за нереализирани услуги, освен доколку крајниот давател на услугите прифати и изврши рефундација на истите.

ПРИГОВОРИ И ПОПЛАКИ:

  • Во случај на неадекватно сместување или било кој друг проблем, се молат патниците за тоа веднаш да го известат одговорното лице на рецепцијата или представникот . Доколку проблемот не биде решен, веднаш треба за истиот да се извести ОРГАНИЗАТОРОТ НА ПАТУВАЊЕТО и уплатното место каде сте склучиле Договор за патување, за време на првиот ден од сместувањето и почетокот на ова програма. Напоменуваме дека рекламации за кои агенцијата ќе дознае на последниот ден од престојот или по враќањето на патниците, истите нема да бидат земени во предвид или разгледани.
  • Ве молиме во случај на било каков инцидент (кражба, тепачка, сообраќајна незгода….), да се обратите на надлежните инситуции во земјата на престојот. Организаторот на патувањето единствено е задолжен да Ви помогне при посредување меѓу вас и надлежните институции
  • Составен дел од оваа програма се Општите услови на патување на организаторот на патувањето. За сите информации дадени усмено, агенцијата не сноси одговорност. Ве молиме внимателно да ги прочитате условите на патување кои се составен дел од овој програм. 

Важат Општите услови на СКТМ и Т.А. С-ТРАВЕЛ