You are currently viewing Хотел Славија Бич Ресорт – Охрид 2025

Хотел Славија Бич Ресорт – Охрид

ОПИС:

Вториот хотел од групацијата  Кабана Хотелс  се наоѓа на  самиот брег на Охридското езеро, само 7 минути надвор од градот, нуди мирно повлекување од урбаната гужва. Опкружен со  живописна природа и бистра езерска вода, овој хотел обезбедува  мирно бегство за оние кои бараат порелаксирана атмосфера. Заедно, овие два хотели се грижат за различни преференции, нудејќи им на гостите избор помеѓу жив градски живот и мирно засолниште од градската врева во опкружување на природните убавини.

Хотел Славија Бич Ресорт се наоѓа на брегот на Охридското Езеро, на само 4 км од центарот на градот односно на 5-7 минути возење до центарот и стариот град. Речиси сите најважни охридски знаменитости се наоѓаат на дваесетина минути од хотелот: Тврдината „Самоил“, Плаошник, црквата Света Софија, Свети Јован Канео, џамијата Али Паша, античкиот театар и други туристички атракции. Објектот располага со 35 добро опремени соби:   13 Делукс соби (двокреветни + 1/2/3 софи) со поглед на езеро (3- 5 лица), 4 Големи соби (трокреветни) (3 лица), 18 Стандардни соби со поглед на езеро/планина (трокреветни) (3 лица) Максималниот капацитет во овие соби е 131 лица. Нашите делукс соби имаат брачен кревет + еден/два/ три софа кревети Нашите големи и стандардни соби имаат единечни кревети. Опрема на собата: ТВ, телефон, клима само во делукс собите, биро, стол, греење, гардеробер, хигиена, фен, тоалет, туш/ када и WI-FI интернет пристап. Во внатрешноста на хотелот има: 1 Голема повеќенаменска сала (ресторан, конференции, прослави, со капацитет 300 лица), Бар,  2 помали Сали за настани (капацитет по 50 лица),  Приватна плажа Нашите соби работат на база ноќевање со појадок, полупансион и полн пансион со соодветна доплата.

ЦЕНОВНИК:

Специјална понуда
Период: 01.04.2025 – 30.06.2025
Две лица во стандардна соба 
3 ноќевања со појадок 
ПРОМО: 129 ЕУР

Летна сезона 

Еднокреветна соба    90евра
Двокреветна соба    110евра
Трокреветнна соба   130евра

За слободни капацитети обратете се во агенција!

  • Цените се за соба, за две лица за едно ноќевање , со вклучен ДДВ и туристичка такса.
  • Доручекот е вклучен во цената. Се служи исклучиво од 08:00 до 10:00 часот.
  • Деца до 7 години престојуваат бесплатно.
  • Доплата за деца од 7 до 12 години е 50% од сумата за возрасен.
  • Доплата за трето возрасно лице  во DeLuxe double room e полна сума.
  • Цените не важат за посебни датуми и настани, а хотелот го задржува правото за промена или повлекување на цените во секое време.

СЛИКИ:

УСЛОВИ:
– Резервација се прави со авансна уплата од минимум 30% од цената на
аранжманот и копија од лична карта.
– Комплетна доплата 7 дена пред поаѓање.
– Уплата се врши исклучиво во денарска противвредност по курс 1€ = 62мкд.
– Секоја резервација е без рефундирање на средствата

ОТКАЗ НА РЕЗЕРВАЦИЈА:

За отказ на резервација важат опшите услови , односно:

  • за отказ до 30 дена пред патувањето се задржува 30% од сумата.
  • за отказ 29 до 15 дена пред патувањето се задржува 50% од сумата.
  • за отказ 14 до 5 дена пред патувањето се задржува 80% од сумата.
  • за отказ 5-0 дена пред патувањето се задржува 100% од сумата.

Доколку патникот се откажува од аранжманот пред почетокот на патувањето, поради причини кои не можел да ги предвиди, избегне или отстрани (болест, повреда или смрт во потесното семејство, елементарна непогода или слично), а врз основа на важечка потврда од надлежните органи, во тој случај не ги плаќа отказните трошоци по наведената скала, туку само реалните трошоци произлезени од откажувањето на аранжманот, за кои организаторот е обврзан да ги плати на крајниот давател на услугата, без право на рефундација. Доколку патникот се откажува од аранжманот по почетокот на патувањето (за време на патување или за време на престој во местото на патување), поради настани кои се резулатат на влијание на “виша сила” (воени настани, терористички акти, елементарни непогоди, сообраќајни незгоди или слично), кои ниту патникот ниту организаторот не можел да ги предвиди, избегне или отстрани, организаторот не носи одговорност ниту има обврска за поврат на средства за нереализирани услуги, освен доколку крајниот давател на услугите прифати и изврши рефундација на истите.

ПРИГОВОРИ И ПОПЛАКИ:

    • Во случај на неадекватно сместување или било кој друг проблем, се молат патниците за тоа веднаш да го известат одговорното лице на хотелот. Доколку проблемот не биде решен, веднаш треба за истиот да се извести ОРГАНИЗАТОРОТ НА ПАТУВАЊЕТО и уплатното место каде сте склучиле Договор за патување, за време на првиот ден од сместувањето и почетокот на ова програма. Напоменуваме дека рекламации за кои агенцијата ќе дознае на последниот ден од престојот или по враќањето на патниците, истите нема да бидат земени во предвид или разгледани.
    • Ве молиме во случај на било каков инцидент (кражба, тепачка, сообраќајна незгода….), да се обратите на надлежните инситуции во земјата на престојот. Организаторот на патувањето единствено е задолжен да Ви помогне при посредување меѓу вас и надлежните институции
    • Составен дел од оваа програма се Општите услови на патување на организаторот на патувањето. За сите информации дадени усмено, агенцијата не сноси одговорност. Ве молиме внимателно да ги прочитате условите на патување кои се составен дел од овој програм. 

Важат Општите услови на СКТМ и Т.А. С-ТРАВЕЛ