Хотел Гранит 4* – Охрид
ОПИС:
Хотел Гранит е лоциран на крајбрежјето на Охридското езеро, во месноста Св.Стефан, 5км од центарот на Охрид и 12км од аеродромот во Охрид. Хотел Гранит е модерен хотел со четири ѕвезди. Располага со резиденција, ресторан, кафе-бар, базен, големи тераси, сопствена песочна плажа, паркинг.
ЦЕНОВНИК:
ЦЕНОВНИК НОВА ГОДИНА 2025
ПОНУДА ЗА НОВА ГОДИНА 2025 | Ноќевање со појадок | Полупансион |
Двокреветна | 61€ | 71€ |
Еднокреветна | 71€ | 81€ |
ЦЕНОВНИК 2025
ПОНУДА 2025 | Ноќевање со појадок | Полупансион |
Двокреветна | 43€ | 54€ |
Еднокреветна | 55€ | 66€ |
Дадените цени се по лице од ден
Доплати:
- Деца од 0-7 год – гратис
- Деца од 07-12 год – 30% попуст од цената
- Деца над 12 год – ја плаќаат целата сума.
Цената вклучува:
- Ноќевање со појадок по лице на ден,
- Туристичка такса и ДДВ,
- Паркинг
- Интернет и ТВ
Цената НЕ вклучува:
- Превоз
- Индивидуални трошоци
СЛИКИ:
УСЛОВИ:
- Резервација се прави со авансна уплата од минимум 30% од цената на аранжманот и копија од лична карта.
- Комплетна доплата 7 дена пред поаѓање.
- Цените се дадени во евра, уплата се врши исклучиво во денарска противвредност по курс 1€ = 62мкд.
ОТКАЗ НА РЕЗЕРВАЦИЈА:
За отказ на резервација важат опшите услови , односно:
- за отказ до 30 дена пред патувањето се задржува 30% од сумата.
- за отказ 29 до 15 дена пред патувањето се задржува 50% од сумата.
- за отказ 14 до 5 дена пред патувањето се задржува 80% од сумата.
- за отказ 5-0 дена пред патувањето се задржува 100% од сумата.
Доколку патникот се откажува од аранжманот пред почетокот на патувањето, поради причини кои не можел да ги предвиди, избегне или отстрани (болест, повреда или смрт во потесното семејство, елементарна непогода или слично), а врз основа на важечка потврда од надлежните органи, во тој случај не ги плаќа отказните трошоци по наведената скала, туку само реалните трошоци произлезени од откажувањето на аранжманот, за кои организаторот е обврзан да ги плати на крајниот давател на услугата, без право на рефундација. Доколку патникот се откажува од аранжманот по почетокот на патувањето (за време на патување или за време на престој во местото на патување), поради настани кои се резулатат на влијание на “виша сила” (воени настани, терористички акти, елементарни непогоди, сообраќајни незгоди или слично), кои ниту патникот ниту организаторот не можел да ги предвиди, избегне или отстрани, организаторот не носи одговорност ниту има обврска за поврат на средства за нереализирани услуги, освен доколку крајниот давател на услугите прифати и изврши рефундација на истите.
ПРИГОВОРИ И ПОПЛАКИ:
- Во случај на неадекватно сместување или било кој друг проблем, се молат патниците за тоа веднаш да го известат одговорното лице на рецепцијата . Доколку проблемот не биде решен, веднаш треба за истиот да се извести ОРГАНИЗАТОРОТ НА ПАТУВАЊЕТО и уплатното место каде сте склучиле Договор за патување, за време на првиот ден од сместувањето и почетокот на ова програма. Напоменуваме дека рекламации за кои агенцијата ќе дознае на последниот ден од престојот или по враќањето на патниците, истите нема да бидат земени во предвид или разгледани.
- Ве молиме во случај на било каков инцидент (кражба, тепачка, сообраќајна незгода….), да се обратите на надлежните инситуции во земјата на престојот. Организаторот на патувањето единствено е задолжен да Ви помогне при посредување меѓу вас и надлежните институции.
- Составен дел од оваа програма се Општите услови на патување на организаторот на патувањето. За сите информации дадени усмено, агенцијата не сноси одговорност. Ве молиме внимателно да ги прочитате условите на патување кои се составен дел од овој програм.