Истанбул – 3 ноќи
Уживајте во градот на два континента и прекрасниот Босфор. Истанбул ќе ве остави без здив. Од историја и превкусна храна до крстарење по Босфорот, Истанбул е вистинска магија за туристите.
Истанбул е огромен хаотичен град, но тој дефинитивно го маѓепсува секој што ќе го посети барем еднаш.
Убавиот Босфор, историските остатоци од различни култури на секој агол, прекрасната храна се дел од причините што ќе направат да се враќате во овој турски град одново и одново.
Состанок на групата околу : 16:00 h
Поаѓање кон Истанбул околу : 16:30 h
Место на поаѓање ( Скопје ) – паркинг при хотел Русија – општина Аеродром
Попатни застанувања за качување на други патници, ноќно возење со попатни паузи, царински формалности, презентација на програма и информации околу тоа што ги очекува патниците во текот на целокупното викенд патување.Предвидено пристигнување во раните утрински часови.
II ДЕН (10.04.2026) – ПЕТОК – ПРИСТИГНУВАЊЕ И ПОСЕТУВАЊЕ НА МИНИАТУРК И ОРТАЌОЈ
Пристигнување на групата во ИстанбулГрупата се упатува кон хотелот заедно со својот багаж, каде истиот се остава во просторија предодредена за чување на багаж. Туристичкиот придружник е задолжен за комуникација со вработениот на рецепција во хотелот каде според списокот на уплати во канцелариите на агенцијата се делат клучевите од хотелските соби.
Check in во хотелот е после 14:00 часот
По самото пристигнување групата заедно со туристичкиот придружник го започнува своето патување,oдносно се упатуваат на пешачка тура, која вклучува посета на Капали Чаршија, Аја Софија и Сината Џамија. (влегувањето во џамиите е индивидуално).
По завршување на пешачката тура, следува check in на групата во хотелот,и простор за одмор.
Во договорено време, групата заедно со водичот се упатува кон посета на Миниатурк и Ортаќој.Миниатурк е доказ за богатата историја и архитектонската величина на Турција. Овој музеј на отворено, лоциран во Истанбул, прикажува прецизно изработени минијатури на познати знаменитости од целата земја. Секоја минијатурна структура е придружена со детални информации за нејзиното историско значење.
Слободно време за прошетка низ Миниатурк – 45 мин до 1 час.По посета на Миниатурк се упатуваме кон Ортаќој.
Првиот ден ни завршува со посета на Ортаќој .
Кога веќе зајдисонцето наближува,денот го завршуваме во Ортаќој
Сместен на брегот на Босфор , денот го завршуваме со прошетка уживајќи во едно од најубавите зајдисонца
Враќање во хотел. Ноќевање.
III ДЕН (11.04.2026) – САБОТА – ПОСЕТА НА БАЛАТ И ТАКСИМ
Појадок.
По појадокот групата се упатува на пешачка тура за прошетка до Капали Чаршија каде заедно со водичот ќе бидат одведени до влезот, а враќањето кон хотелот е индивидуално бидејќи Капали Чаршија се наоѓа на 20 минути пеш од хотелот, а секој би сакал да има слободно време и приватност при пазарењето во чаршијата.
Водичот ги носи до Аја Софија и Сината Џамија, кадешто може кој сака индивидуално да влезе, редот е многу голем и се чека со часови па затоа не е изводливо да влеземе како група.По завршување со пешачка тура и слободно време за индивидуални активности,во попладневните часови следува посета на Балат и Таксим.
Во договорено време,групата заедно со водичот се упатува кон посета на најстарата христијанска населба Балат и областа на Таксим плоштадот.
Балат важи за една од Христијански те населби во Истанбул каде што може да се сретнат многу цркви, меѓу кои и Железната црква која е донација и е изградена од македонски мајстори, и кадешто е закопан Патреније Зоографски.
По посетата групата има слободно време околу час и половина за прошетка по уникатните историски шарени улички.Областа ТаксимТурата завршува со посета на областа “Tаксим”. Главниот центар на градот,на кој се одржуваат главните митинзи и прослави! Покрај Таксим поминува познатата Истикал улица на која се движи познатиот трамвај!
На Истиклал се наоѓаат познатите дискотеки и кафулиња.Ноќевање
IV ДЕН (12.04.2026) – НЕДЕЛА – КРСТАРЕЊЕ И АЗИСКИ ДЕЛ
Појадок.
По појадокот денот се започнува со крстарење по Босфор почнувајќи од Европскиот дел па се до Азискиот дел на градот.Крстарење по Босфор 90 минутно крстарење, незаборавно дружење и доживување,еден поинаков Истанбул,сите луксузни вили кои вредат милиони, знаменитостите одблизу и познатите вили од играните серии. На самото пристаниште ,има мали дрвени масички и столчиња крај кои можете да седнете и уживате крај морето.
Бејлербеи – Оваа историска знаменитост е често посетувана од страна на многубројни туристи токму поради сплетот на турски и сегменти од западот. Се наоѓа Во непосредна близина на Босфорскиот мост, во азиската облас. Во овој музеј ќе имате прилика да ја доживете турска култура од блиски преку многубројните соби и хали.Палатата ЌучуксуПавилјонот Ќучуксу е летна палата во Истанбул. која ја користеле османлиските султани при своите кратки престојувања и кога оделе на лов.Сместена во населбата Ќучуксу во областа Бејкоз на азискиот брег на Босфор, малата палата е дизајнирана од Никогос Балјан и завршена во 1857 година.Павилјонот се состои од два главни ката и подрум со кујна, сала и службенички простории. За разлика од другите градини на палатата со високи ѕидови, нејзината градина е опкружена со огради од леано железо со една порта на секоја од четирите страни.Во почетокот на републиканската ера, локацијата неколку години се користела како државен пансион. Од темелната реставрација во 1944 година, палатата е отворена за јавноста како музеј.Кадиќој е една од најпознатите области во Истанбул, Турција. Се наоѓа на анадолската страна од градот, на брегот на Мраморно Море.
Денеска, овде се наоѓаат едни од најголемите станбени и финансиски центри во градот.Претсавува живописен квартал на азиската страна на Истанбул, познат по шарените улици и раздвижените пазари. Прошетајте по улицата Bahriye, која е полна со шарени кафулиња и продавници.Можете да пробате одлични баклави или други десерти во некои од овие кафулиња или да застанете за одлично кафе.Чамлиџа-џамија
Денот го завршуваме со посета на една од најголемите и најубавите џамии во Истанбул.
Пауза за уживање и фотографирање.Враќање кон хотел. Ноќевање.
V ДЕН (13.04.2026) – ПОНЕДЕЛНИК – ШОПИНГ И ВРАЌАЊЕ ЗА МАКЕДОНИЈА
Појадок.
По појадокот следи check out од хотелот.
По завршување со одјавување од хотелот,групата заедно со водичот се упатува кон посета на фабриката при која има и сопствена продавница за слатки работи ,,КОСКА” каде ќе има можност секој од групата да си направи шопинг на слатки работи.
Од Истанбул не си заминувајте без: турски локум, тазе мелено турско кафе, баклави, алва и други благи специјалитети.По посетата на фабриката ,,КОСКА” , групата се упатува кон посета на трговскиот центар: Outlet 212.
Во договор со водичот , следува слободно време за одмор и шопинг.
Во договорено време, во попладневните часови по турско локално време следува враќање кон Македонија.
Пристигнување во Македонија после полноќ.
ПРОМО ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ 139евра,
РЕДОВНА ЦЕНА 159 евра
ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ ВКЛУЧУВА:
- Три ноќевања и појадок во хотел со 3*
- Автобуски превоз Скопје,Велес,Штип,Неготино,Струмица,Смоквица ,Гевгелија,Прилеп и Битола
- Туристичка такса
- Туристички придружник
- Посета на Капали Чаршија
- Посета на турската продавница за слатки работи ,, Коска “
- Посета на аутлет трговски центар ,, 212
ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ ВКЛУЧУВА:
- Индивидуални трошоци
- Факултативни излети
- Патничко осигурување
- ПОСЕТА НА БАЛАТ И ТАКСИМ – ЗАДОЛЖИТЕЛНА ФАКУЛТАТИВА
( се плаѓа во агенција при резервација) – Цена за пакет: 25€
ФАКУЛТАТИВНИ ИЗЛЕТИ:
МИНИАТУРК И ОРТАЌОЈ – Цена за пакет: 25€
Миниатурк е доказ за богатата историја и архитектонската величина на Турција.
Овој музеј на отворено, лоциран во Истанбул, прикажува прецизно изработени минијатури на познати знаменитости од целата земја.
Секоја минијатурна структура е придружена со детални информации за нејзиното историско значење.
Ортаќој
Кога веќе зајдисонцето наближува,денот го завршуваме во Ортаќој.
Сместен на брегот на Босфор , денот го завршуваме со прошетка уживајќи во едно од најубавите зајдисонца
КРСТАРЕЊЕ И ПОСЕТА НА АЗИСКИ ДЕЛ – ПАКЕТ ФАКУЛТАТИВИ – Цена за пакет: 85€
Крстарење по Босфор
Ви нудиме 1 часа крстарење, незаборавно доживување, еден поинаков Истанбул. Сите луксузни вили кои вредат милиони од познатите серии, Босфорскиот мост под кој може да фрлите паричка и замислите желба како и знаменитостите одблизу за кои ќе ја слушнете историјата од нашиот водич, сето ова може да го доживеете. Не сонувате. Локалниот водич ке се погрижи ова крстарење да го доживеете на вистински начин. На крстарење тргнуваме од европската страна на Истанбул а бродот не остава во азискиот дел на Истанбул
Бејлербеи
Оваа историска знаменитост е често посетувана од страна на многубројни туристи токму поради сплетот на турски и сегменти од западот. Се наоѓа во непосредна близина на Босфорскиот Мост, во Азиската област. Во овој музеј ќе имате прилика да ја доживете турската култура од непосредна близина прку многубројните соби и хали кадешто поминувале време турските султани. Доколку сте љубител на мачки, ова е вистинска можност да пиете кафе покрај Босфорскиот мост, со поглед којшто е незаменлив со мачки насекаде околу Вас.
Палата Ќучуксу
Павилјонот Ќучуксу е летна палата во Истанбул. која ја користеле османлиските султани при своите кратки престојувања и кога оделе на лов.Сместена во населбата Ќучуксу во областа Бејкоз на азискиот брег на Босфор, малата палата е дизајнирана од Никогос Балјан и завршена во 1857 година.Павилјонот се состои од два главни ката и подрум со кујна, сала и службенички простории. За разлика од другите градини на палатата со високи ѕидови, нејзината градина е опкружена со огради од леано железо со една порта на секоја од четирите страни.Во почетокот на републиканската ера, локацијата неколку години се користела како државен пансион. Од темелната реставрација во 1944 година, палатата е отворена за јавноста како музеј.
Кадиќој
Кадиќој е една од најпознатите области во Истанбул, Турција. Се наоѓа на анадолската страна од градот, на брегот на Мраморно Море.Денеска, овде се наоѓаат едни од најголемите станбени и финансиски центри во градот.Претсавува живописен квартал на азиската страна на Истанбул, познат по шарените улици и раздвижените пазари. Прошетајте по улицата Bahriye, која е полна со шарени кафулиња и продавници.Можете да пробате одлични баклави или други десерти во некои од овие кафулиња или да застанете за одлично кафе.
Чамлиџа џамија.
Џамијата „Чамлиџа“ се наоѓа во истанбулската населба Ускудар, а нејзиниот камен-темелник пред повеќе од три години го постави претседателот на Република Турција, Реџеп Таип Ердоган.
Новата истанбулска џамија е изградена во отоманско-селџучки стил со елементи на модерна архитектура,а поради изгледот и местоположбата веќе претставува впечатлив симбол на самиот град.
Покрај џамијата, изградени се и придружни објекти како и парк.
Џамијата може да прими 60 000 верници (околу 25 000 во внатрешноста,12.500 во дворот, и 22.500 во надворешниот двор).
ВИП ПАКЕТ СО СИТЕ ФАКУЛТАТИВИ – Цена за пакет: 125€
Во цената за ВИП пакетот е вклучено посета на сите факултативни излети.
ИНФОРМАЦИИ:
- Задолжителна проверка на пасошот.
- Не треба да е на 6 месеци пред истекување од моментот на влез и излез од Р. Турција и да е од новите пасоши со Р.С.Македонија.
- Цените се изразени во евра, а курсот на еврото се пресметува 62 денари.
- За сингл соба се доплатуваат 40 евра дополнително од аранжманот поради вториот кревет.
- СЕКОЈ ПАТНИК ИМА ПРАВО НА ЕДЕН КУФЕР И РАЧЕН БАГАЖ.
- Хотелот одредува на лице место во зависност од моменталната состојба каков тип на соба ќе добиете.
- Резервации за одреден кат или страна не е можна.
- Селекција на седиште во автобус! Според правилата на агенцијата, патниците се сместуваат според временската линија на уплати.
- Доколку имате барање за седиште, истото се доплаќа 15 евра за во два правци.
- Патувањето ќе се реализира преку Република Грција до Турција
- Организаторот на патувањето е одговорен за реализација на факултативните излети и програмата и истиот може да го промени редоследот на факултативните излети или да ја откаже реализацијата и да направи соодветна промена или замена за факултативен излет на некои од нив зависно од временските услови или од несакани ситуации како забрана за движење на определени места во одреден период.
- Деца од 0 – 2,99 години бесплатно (спијат во кревет со родител)
- Доплата за дете до 11.99 години – 80 евра (50% од редовната цена на аранжманот)
- Дете до 12 години придружувано со едно возрасно лице плаќа 100% од сумата на аранжманот.
Попусти за деца:
- Деца од 0 – 3 години бесплатно (спијат во кревет со родител)
- Деца од 3 до 10 години плаќаат 90евра (кога се придружувани од двајца возрасни)
- Хотелот се одредува на неколку дена пред тргнувањето во зависност од бројката на патнициНАПОМЕНИ ЗА РАСПОРЕД НА СЕДЕЊЕ ВО АВТОБУС:Со потпишување на договорот за патување, патникот е должен да го прифати местото во автобус кое ќе му го додели агенцијата. Дополнителни промени не е можни. Агенцијата го прави распоредот на седење, земајќи ги во предвид постарите лица, семејствата со мали деца, трудници, како и периодот на уплатата. Ако патникот сака да резервира одредено седиште, при уплатата во агенцијата може да доплати 20 евра по лице и да бира седиште (освен првиот ред, кој е резервиран за персоналот)УПАТСТВА И НАПОМЕНИ:
- Ве молиме внимателно да ги прочитате општите услови за патување на организаторот.
- Доколку дојде до непредвидена „виша сила“ за нереализирање на патувањето, поради новонастанати ситуации кои агенцијата не можела да ги предвиди, уплатените средства ќе бидат вратени на клиентот.
- Доколку патувањето се реализира според планираното и нема никакви пречки за негова реализација, а дојде до откажување од страна на патникот, тогаш откажувањето ќе се реализира во согласност со општите услови за патување.
- Земете предвид дека поради државни или верски празници на одредена дестинација на одредени локалитети или трговски центри, продавници и ресторани, музеи можно е да не работат, па постои можност да се смени редоследот на одредени содржини во програмата.
- Патниците кои имаат за цел да посетат одредени институции, ги советуваме преку интернет да се информираат за работното време и дали е потребна резервација за термин.
- Од моментот на пријавувањето, се создаваат административни трошоци на организаторот на патувањето, хотел, автобуски превоз и слично, па откажување на патувањето повлекува и надокнада за тие трошоци, кои се точно прецизирани со датуми по табели во Општите услови за патување. За отказ на аранжманот пред законските услови предвидени по ОУ, се задржуваат 10евра по лице од уплатената сума, поради административните трошоци
- Се предупредуваат патниците дека поради почитување на часовите предвидени во програмата за патување, не постои можност за задржување на граница поради регулирање на повраток на средства од TAX FREE.
- Сите патници кои се државјани на Република Македонија и имаат биометриски пасоши во земјите потписници на Шенгенскиот договор можат да патуваат без виза во согласност со одлуката на Советот на Министри во ЕУ.
- ВАЖНО: Агенцијата не сносува одговорност во случај пограничните власти да му оневозможат на патникот да влезе во територијата на ЕУ или Турција.
- Патниците кои не се државјани на Македонија се обврзани самите да се запознаат со визниот режим на земјата во која патуваат и преку земјите кои се поминуваат при патувањето.
- Патникот е обврзан при пријавувањето во агенцијата да го пријави своето име, презиме, датум на раѓање онака како што е напишано во пасошот. Погрешно пријавени податоци ќе бидат внесени во ваучерот за хотелот и другите документи за патувањето кои можат да создадат проблем кај граничните и хотелски служби.
- Патниците се должни самите да внимаваат на валидноста на нивните пасоши. За влез во Турција, пасошот треба да е минимум до 6 месеци пред истекување, во спротивно можно е да не биде пуштен на територијата на Република Турција. Агенцијата не сносува одговорност доколку настане проблем на самата гранница и не е во обврска да рефундира средства од аранжманот, ниту да обезбедува повратен превоз до Македонија.
- Ги замолуваме патниците да достават копија од пасошот при резервација на аранжманот и телефонски број.
- Пограничните служби при пасошката контрола можно е да побараат од некои патници да покажат парични средства (картички или готовина), како и меѓународно патничко осигурување.
- Агенцијата е должна до два дена пред тргнување да ги извести патниците за часот и местото на тргнување.
- Во хотелите се влегува на првиот ден од престојот од 14часот. Хотелот од оваа понуда е регистриран, прегледан и стандардизиран од страна на Националната туристичка асоцијација на земјата. Секој хотел има ресторан. Секоја соба има тоалет и туш. Описот на хотелот е информативен и превземен од веб страницата на истиот. За евентуална отстапка од квалитетот на услугата, организаторот не сносува одговорност, бидејќи тоа зависи исклучиво од хотелот.
- Должината на слободното време за индивидуални активности за време на програмата зависи од објективните околности.
- За сите информации дадени по усмен пат, агенцијата не сносува одговорност.
Потписниците на договорот за патување се должни да ги информираат нивните сопатници со програмата, условите на плаќање и Општите услови на патување.
Рокот за пријава зависи од слободните места и брзината на пополнувањето на истите. - Организаторот не може да влијае на сместувањето во хотелот. Распределбата на собите се врши на рецепција по пристигнувањето. Агенцијата ќе ги проследи барањата до хотелот, но не гарантира за исполнување на истите.
- Поради светската економска криза можно е да дојде до опаѓање на квалитетот на сервисот во хотелската услуга, на што агенцијата организатор нема влијание.
Агенцијата не учествува во организацијата на слободното време на патниците на местото, и нема влијание за реализацијата на факултативните излети кои се во организација на тур операторот во државата. - Ценовникот е направен според локалната категоризација и класификација на хотелот на земјата која се посетува.
- Доколку дојде до одредена штета или непредвидени трошоци поради непочитување на упаствата и напомените, организаторот на патувањето не сносува одговорност, туку целокупниот износ на штетата ги сносува патникот.
- Агенцијата го задржува правото да направи измена во програмата на патувањето (редоследот поради непредвидени околности)
- ВАЖНО: Малолетните деца кои патуваат без еден родител потребно е да имаат согласност од вториот родител за поминување на граница или ако патуваат без родителите, мора да има заверена согласнот од двата родитела и да се во придружба на пратител при преминувањето на границата.
- Во случај да дојде до промена на монетарниот пазар или недоволен број на пријавени патници, агенцијата го задржува правото да ја коригира цената и да направи промена во програмата, како и да ја спои турата со друга агенција.
- Организаторот на патувањето го задржува правото преку акција или last minute понуда да ги продаде слободните капацитети по друга цена од претходната.
- Странките кои го уплатиле аранжманот по претходната цена немаат право да побараат надокнада поради промената.
- Аранжманот е правен врз база на 40 патници и доколку има недоволен број на пријавени, агенцијата има право да го откаже патувањето, најдоцна до 5 дена пред терминот на тргнување.