ОПИС:
Хотелот Фершпед се наоѓа во Маврово, веднаш до ски-лифтот. Директен пристап до ски патеките, бар, ресторан и бесплатен Wi-Fi. Ски соба за багаж и услуга за изнајмување ски се достапни. Собите имаат погледи кон планината и секоја соба има ТВ со рамен екран, кабелски канали,купатило со туш или када… Во самиот хотел има банкомат и продавница за сувенири, бесплатен паркинг .
ЦЕНОВНИК:
Зимска сезона 2024-2025
Ноќевање со појадок по соба од ноќ (мин.2 ноќи) | ||
ТИП НА СОБА | Понеделник-Четврток | Четврток -Недела |
Еднокреветна | 65€ | 70€ |
Двокреветна соба | 94€ | 104€ |
Трокреветна соба | 126€ | 138€ |
Апп за 4 лица | 189€ | 209€ |
Апп за 3 лица | 157€ | 169€ |
Апп за 2 лица | 147€ | 159€ |
Дополнително лице | 35€ | 35€ |
Цената e по соба од ноќ и вклучува:
- ноќевање/појадок
- ДДВ и туристичка такса
- Паркинг
- Интернет и ТВ
- Сауна
Цената НЕ вклучува:
- Превоз
- Индивидуални трошоци
Доплата и попусти:
- Деца до 2 години – 100% попуст;
- Деца од 2 до 7 години – 50% попуст;
- Доплата за вечера возрасен 12€,деца до 13г 7€
СЛИКИ:
УСЛОВИ:
- Резервација се прави со авансна уплата од минимум 30% од цената на аранжманот и копија од лична карта.
- Комплетна доплата 7 дена пред поаѓање.
- Цените се дадени во евра, уплата се врши исклучиво во денарска противвредност по курс 1€ = 62мкд.
ПРИГОВОРИ И ПОПЛАКИ:
- Во случај на неадекватно сместување или било кој друг проблем, се молат патниците за тоа веднаш да го известат одговорното лице на рецепцијата . Доколку проблемот не биде решен, веднаш треба за истиот да се извести ОРГАНИЗАТОРОТ НА ПАТУВАЊЕТО и уплатното место каде сте склучиле Договор за патување, за време на првиот ден од сместувањето и почетокот на ова програма. Напоменуваме дека рекламации за кои агенцијата ќе дознае на последниот ден од престојот или по враќањето на патниците, истите нема да бидат земени во предвид или разгледани.
- Ве молиме во случај на било каков инцидент (кражба, тепачка, сообраќајна незгода….), да се обратите на надлежните инситуции во земјата на престојот. Организаторот на патувањето единствено е задолжен да Ви помогне при посредување меѓу вас и надлежните институции.
- Составен дел од оваа програма се Општите услови на патување на организаторот на патувањето. За сите информации дадени усмено, агенцијата не сноси одговорност. Ве молиме внимателно да ги прочитате условите на патување кои се составен дел од овој програм.