You are currently viewing Инекс Олгица Хотел & СПА 5* – Охрид 2024/2025

ОПИС

Хотел Инекс Олгица Hotel & Spa 5* е уникатен хотел на брегот на Охридското Езеро со историја долга половина век. Лоциран е на крајбрежјето на Охридското Езеро на околу 4,5км од центарот на градот и околу 15 минути возење до Охридскиот Аеродром. Гостите можат да користат бесплатен паркинг и WiFi. Исто така достапен е и бесплатен влез во базентот и Спа објектите како сауна и парна бања. Масажите се достапни со доплата. Секоја соба има клима уред, ТВ со кабелски канали и мини бар. Приватната бања се состои од туш и када, фен и тн. Некои од собите имаат поглед на езерото. Inex Olgica Hotel & SPA има аперитив сала и ресторан во кој се служат разни национални специјалитети. Терасата е исто така на располагање на гостите. Други алтернативи за јадење, намирници и опции за забава може да се најдат во центарот на Охрид, 5 минути возење далеку од хотелот.

Инекс Олгица Хотел & СПА 5* – Охрид  2024/2025

Вид на соба 15.03-25.12.2024 2025
Двокреветна 85€   89€
Еднокреветна 118€  110€
 

Во цената е вклучено:

  • Цената се по лице за ноќевање со појадок.
  • Туристичката такса е вклучена во цените.
  • Kористење на Спа и Фитнес центарот (теретана, затворен базен, парна бања и сауна) со претходна резервација на термини.
  • Деца од 0-5,99 год бесплатно сместување, од 6-11,99 години со помошен кревет во иста соба со родител 50% попуст од цената.

Во цените не е вклучено:

  • Доплата за ручек или вечера 20 еур по лице по оброк.
 

НОВОГОДИШНА ПОНУДА 2025
Цена: 295 по лице

Датум: 31.12.2024 – 02.01.2025

 

Во новогодишниот аранжман е вклучено:

  • Две ноќевања со појадок
  • Пристап до Спа и фитнес центар
  • 31.12.2024Новогодишна прослава со жива музика, со почеток во 21:00 часот-Ленче и Горан Кукиќ со Јупитер Бенд и Горан Папаз
  • 01.01.2025 Прослава со жива музика, со почеток во 21:00 часот – Јордан Митев
    Напомена: Празничната вечера на 31.12.2024 и 01.01.2025 вклучува вечера на шведска маса и музичка програма.
  • Пијалоците за време на вечерата се наплаќаат посебно.
  • Секоја дополнителна ноќ пред 31.12.2024 и после 02.01.2025 (со појадок) – се доплаќа дополнително 84 евра по лице на ден.
  • Деца до 5 години во иста соба со родители без дополнителен кревет – бесплатно.
  • Деца од 6 до 11 години во иста соба со родителите и дополнителен кревет – 50% попуст.

Сместување во соби при доаѓање по 14:00 часот
Напуштање и одјавување до 10:00 часот

СЛИКИ

УСЛОВИ:

  • Резервација се прави со авансна уплата од минимум 30% од цената на аранжманот и копија од лична карта.
  • Комплетна доплата 7 дена пред поаѓање.
  • Цените се дадени во евра, уплата се врши исклучиво во денарска противвредност по курс 1€ = 62мкд.
  • Хотел Инекс Горица го задржува правото за промена на горенаведените цени.

ОТКАЗ НА РЕЗЕРВАЦИЈА:

За отказ на резервација важат опшите услови , односно:

  • за отказ до 30 дена пред патувањето се задржува 30% од сумата.
  • за отказ 29 до 15 дена пред патувањето се задржува 50% од сумата.
  • за отказ 14 до 5 дена пред патувањето се задржува 80% од сумата.
  • за отказ 5-0 дена пред патувањето се задржува 100% од сумата.

Доколку патникот се откажува од аранжманот пред почетокот на патувањето, поради причини кои не можел да ги предвиди, избегне или отстрани (болест, повреда или смрт во потесното семејство, елементарна непогода или слично), а врз основа на важечка потврда од надлежните органи, во тој случај не ги плаќа отказните трошоци по наведената скала, туку само реалните трошоци произлезени од откажувањето на аранжманот, за кои организаторот е обврзан да ги плати на крајниот давател на услугата, без право на рефундација. Доколку патникот се откажува од аранжманот по почетокот на патувањето (за време на патување или за време на престој во местото на патување), поради настани кои се резулатат на влијание на “виша сила” (воени настани, терористички акти, елементарни непогоди, сообраќајни незгоди или слично), кои ниту патникот ниту организаторот не можел да ги предвиди, избегне или отстрани, организаторот не носи одговорност ниту има обврска за поврат на средства за нереализирани услуги, освен доколку крајниот давател на услугите прифати и изврши рефундација на истите.

ПРИГОВОРИ И ПОПЛАКИ:

  • Во случај на неадекватно сместување или било кој друг проблем, се молат патниците за тоа веднаш да го известат одговорното лице на рецепцијата . Доколку проблемот не биде решен, веднаш треба за истиот да се извести ОРГАНИЗАТОРОТ НА ПАТУВАЊЕТО и уплатното место каде сте склучиле Договор за патување, за време на првиот ден од сместувањето и почетокот на ова програма. Напоменуваме дека рекламации за кои агенцијата ќе дознае на последниот ден од престојот или по враќањето на патниците, истите нема да бидат земени во предвид или разгледани.
  • Ве молиме во случај на било каков инцидент (кражба, тепачка, сообраќајна незгода….), да се обратите на надлежните инситуции во земјата на престојот. Организаторот на патувањето единствено е задолжен да Ви помогне при посредување меѓу вас и надлежните институции.
  • Составен дел од оваа програма се Општите услови на патување на организаторот на патувањето. За сите информации дадени усмено, агенцијата не сноси одговорност. Ве молиме внимателно да ги прочитате условите на патување кои се составен дел од овој програм.

Важат Општите услови на СКТМ и Т.А. С-ТРАВЕЛ