You are currently viewing Musala 4* (Ex.Yanakiev) – Borovec, Bugarija 2025/26

Musala 4* – Borovec, Bugarija

ОПИС:

Eден од поновите хотели во Боровец, лоциран на скијачката патека. Хотелот нуди пријатна услуга и е поставен во близина на сите удобности на одморалиштето, опкружен со убава шума полна со стари зимзелени дрвја. Располага со 34 двокреветни соби и  6 апартмани. Сите од нив се опремени со балкони кои нудат прекрасен поглед или на планина или на центарот на градот, телефон, интернет,ТВ, минибар, бања, wc Располага со ресторан, лоби-бар, меана, ски-гардеробер. Хотелскиот СПА центар има фитнес, парна бања, сауна, лакониум, базен и џакузи.

ЦЕНОВНИК

ВИД НА СМЕСТУВАЊЕ 

ПОЛУПАНСИОН

01.12-19.12.2025 

 

07.03-26.03.2026

20.12-26.12.2025 

03.01-13.02.2026

21.02-06.03.2026

 

27.12-02.01.2026 

 

14.02-20.02.2026 

 

ДВОКРЕВЕТНА СОБА(2+1) 70€ 116€ 162€ 142€
АПАРТМАН(2+2) 185€ 309€ 462€ 357€

Во цената е вклучено : 

  • појадок и вечера по лице на ден во двокреветна оба,за 2 лица во апп
  • користење на внатрешен базен,
  • користење на сауна,
  • парна бања и лакониум за возрасни лица (од 16-19 ч.),
  • паркинг,
  • интернет.

Доплати и попусти :

  • Деца до 5.99 год. – бесплатно
  • Деца од 6-11.99 год. на дополнително легло во двокреветна соба – 33€ на ден за полупансион
  • Возрасен на дополнително легло во двокреветна соба – 30% попуст
  • Деца од 6-11.99 год. на дополнително легло во апартман – 17€ на ден за полупансион
  • Возрасен на дополнително легло во апартман – 38€ на ден за полупансион
  • Доплата за соба со поглед на стаза 8 евра по лице на ден ( за регуларните кревети )
  • Новогодишна вечера 160 евра возрасни / 80 евра за дете од 6-11.99 години (задолжително )
  • Божиќна вечера (25.12.2025) 100 евра возрасни / 50 евра за дете од 6-11.99 години (задолжително )

Капацитет на сместување:

  • Двокреветна соба – 2+1 лица
  • One bedroom апартман – 2+2 лица

Во цените не е вклучено :

  • патничко осигурување 
  • туристичка тaкса 1€ по лице на ден

СЛИКИ:  

УСЛОВИ:

  • Резервација се прави со авансна уплата од минимум 30% од цената на аранжманот и копија од лична карта.
  • Комплетна доплата 7 дена пред поаѓање.
  • Уплата се врши исклучиво во денарска противвредност по курс 1€ = 62мкд.
  • Можност за плаќање од 6 до 12 рати!!!

ОТКАЗ НА РЕЗЕРВАЦИЈА:

  • за отказ на резервација важат опшите услови , односно:
  • за отказ до 30 дена пред патувањето се задржува 30% од сумата.
  • за отказ 29 до 15 дена пред патувањето се задржува 50% од сумата.
  • за отказ 14 до 5 дена пред патувањето се задржува 80% од сумата.
  • за отказ 5-0 дена пред патувањето се задржува 100% од сумата.

Доколку патникот се откажува од аранжманот пред почетокот на патувањето, поради причини кои не можел да ги предвиди, избегне или отстрани (болест, повреда или смрт во потесното семејство, елементарна непогода или слично), а врз основа на важечка потврда од надлежните органи, во тој случај не ги плаќа отказните трошоци по наведената скала, туку само реалните трошоци произлезени од откажувањето на аранжманот, за кои организаторот е обврзан да ги плати на крајниот давател на услугата, без право на рефундација. Доколку патникот се откажува од аранжманот по почетокот на патувањето (за време на патување или за време на престој во местото на патување), поради настани кои се резулатат на влијание на “виша сила” (воени настани, терористички акти, елементарни непогоди, сообраќајни незгоди или слично), кои ниту патникот ниту организаторот не можел да ги предвиди, избегне или отстрани, организаторот не носи одговорност ниту има обврска за поврат на средства за нереализирани услуги, освен доколку крајниот давател на услугите прифати и изврши рефундација на истите.

ПРИГОВОРИ И ПОПЛАКИ:

  • Во случај на неадекватно сместување или било кој друг проблем, се молат патниците за тоа веднаш да го известат одговорното лице на рецепцијата . Доколку проблемот не биде решен, веднаш треба за истиот да се извести ОРГАНИЗАТОРОТ НА ПАТУВАЊЕТО и уплатното место каде сте склучиле Договор за патување, за време на првиот ден од сместувањето и почетокот на ова програма. Напоменуваме дека рекламации за кои агенцијата ќе дознае на последниот ден од престојот или по враќањето на патниците, истите нема да бидат земени во предвид или разгледани.
  • Ве молиме во случај на било каков инцидент (кражба, тепачка, сообраќајна незгода….), да се обратите на надлежните инситуции во земјата на престојот. Организаторот на патувањето единствено е задолжен да Ви помогне при посредување меѓу вас и надлежните институции.
  • Составен дел од оваа програма се Општите услови на патувањена организаторот на патувањето. За сите информации дадени усмено, агенцијата не сноси одговорност. Ве молиме внимателно да ги прочитате условите на патување кои се составен дел од овој програм.

Важат Општите услови на СКТМ и Т.А. С-ТРАВЕЛ